Ермм... С-с-сега не знам како да одговорам ..... Очекував друг одговор а не ова.... Очекував нешто да јипман ќе влезам у кланот твој , да ќе ги тепаме заедно краде ама гради групата ... не ова .... WHY YOU DO DIS? Ќе морам да се консултирам со светото чоколадно тројство и ќе ти вратам набрзо. -Ох големо тројство , што ќе кажете вие на ова ? Ок...очигледно во денешно време не можеш да се потпреш на никого.... ок.... нишо тогаш јбг ... Како што кажал еден голем човек на времето. Можеби ја доби оваа битка , но не и војната .... но ... не и војната.
Преземено од фб. Споменот е тажен, ама битно е дека Скопје е толку силен град, што може да се исправи, без разлика што го бутнало. Скопје се сеќава.
Поштовам сарказам Не сме во војна ни во битка, ела ако сакаш, заедно ќе си играме 'политички експерти' и готово
сакав да постнам нешто...и ја читав последнава страна видов што си пишала...и одам на твојата сликичка гледам пишува Член од 27 април 2018 и Пораки скоро 3 000 ,а јас сум 10 дена пред тебе зачленета и имам 200 пораки хахаха богами зависна си...
Уште полошо е, што имам мислење за се' и не се двоумам дали да пишам тоа што мислам... Дури и премалце се постови, бидејќи избегнувам да коментирам на сите теми за кои имам мислење
сакам да кажам дека премногу ме нервира кога ќе влезам во бутик или некоја дрогерија и продавачката на глава ми виси! аууу страшно ме нервира...Повелете,повелете,повелете како можам да ви помогнам...Викаммм ако треба помош ќе ве викнам...и ми дреме оди по мене...аман бе не ќе крадам! божеее...неможам да се опуштам на раат да си разгледам...На крај краева шо иде по мене шо и е гајле шо ке купувам,ако ми треба ќе ја викнам еееее ова по незнам кој пат ми се случува..а најмногу во Cosmo дрогерија одредени продавачки не ги можам,нападни дури...
Напорно е да, за нас купувачите, ама најчесто и на нив им е непријатно, но така им рекле да работат ,а особено ако во тој момент во близина ги демне некој од претпоставените па они стојат на страна како восочни фигури и делуваат незаинтересирано додека има купувач и можност да продадат некој производ. Од друга страна има и тукушто вработени, па едноставно не знаат да се снајдат, а тоа е начин да остават добар впечаток на новото работно место
Ги вртам песните во телефон и ги отворам тие што подолго време не сум ги слушнала. Чудно е како насловот не ми значи ништо, но кога ќе слушнам некоја што сум ја слушала константно одреден период, сите спомени и моменти од тој минат период како реалност ми поминуваат низ глава. Чувствата што ме обземале тогаш повторно како струја поминуваат низ мене. Се е исто, чувството е проклето исто, само времето поминало. Да се обидував сама да се присетам немаше сите детали и најмали емоции да ми се појават пред мене и да оживеат во мене. Што се може една песна да ти направи...особено доцна навечер.
Среќата не е за споделување. Да си ја имаш и да си ја чуваш во себе е. За да ти трае. Опкружени сме со луѓе кои ако им кажеш дека си среќен ти ја цицаат и ти ја уништуваат. Има и такви кои ти се радуваат и ти ја зголемуваат, но тие се малку. И тие се среќа. И тие треба да си ги чуваме. А да си среќен значи многу во животот. И треба да откриеш што те прави среќен и тоа да го правиш. Е тоа е најбитно. И здравјето секако. А среќен човек е здрав човек.
Не знам како може некој да носи јадранки во град или патика без чорапа... Денес видов чорапа на сандали
Кога едно куче ќе ти го заебе денот. Убаво рекле старите но тие паметните,што имаат мозок,не како кучево што ме лаеше оти и тоа беше старо. Куче што лае не каса. Ако те нападне одбрани се.
Да, вистина многу иритита ова, ама како што спомнаа под мене, така им е наложено од шефовите или газдите. Имам другарка работи во бутик, и ја тормозат преку камери. Ќе влезе некоја и оваа и пишува на вибер, што чекаш,што стоиш оди по неа, збори и убеди ја. Напнување до максимум. Не верувам дека би имало некоја по своја воља да трчка по сите што влезат во локалот за 8 работни часови. Не е ни секој за шеф и газда јбг
СДК... Бев госпоѓица, бев и госпоѓа, ама во обраќањето на другите останав девојче... Не знам дали се уште така се чувствувам или е само навика на епитет.