Не се криви тие, наредено им е така од газдите и имаат камери. Работам трговија, имаме 5 камери и во кое било време можат да ти се јават ако видат дека не работиш ко шо треба.
Kolku e svetot mal.....tamu kaj sto najmalku se nadevas deka ke go sretnes-izleguva pred tebe kako gluvarce
Читав нешто низ темиве, малку ми се исправи перцепцијата за време кога видов чести коментари во секс од членка која, ми останала во сеќавање како малечка, верувам пораснала веќе. Се навраќам во почетоците на форумот и сфаќам колку неорепознатлив и можеби неприфатен, сеуште, ми е сега. Да се вратам во времето на Трендафилка, е тоа сакам. И време да трошам на членови од типот Пирамида , Озбилна жена, Дафне, Очила. Некои испадна дека не тролале,ама сеедно. И прити грл/ бој фром таун биле своевиден материјал за забава .Тогаш и троловите беа забавни. Уште се смеам со мишките на Сања Лазања. Простете , ме фати некоја носталгија ете. Во последно , позитива ми е Wild mk , го размрда форумов. И што Јипман не е единствен нормален машки член. Новите членови си велат - Шо сака бабата бее ? Олд скул децааа
Денес бев во Чаир кај една пријателка, па ми падна во очи ова па наместо во пиљара, пазете да не завршите во пилара
Да имаше некој стилист како човеков во МК, без размислување ќе фрлев пари кај него. https://www.instagram.com/mounir/
Не. Он-топик: Најзабавно ми е да флертувам со оние кои ми го разбираат флертот, кои знаат да флертуваат со зборови како и јас... и кои не се 'предаваат' лесно. Исходот, ич не ми е битен... најчесто, сакам да заврши само на флерт (вербален). Ама 'ловот'!!! Ууууф!! 'Ловот'!!! И то.
Оној момент кога ќе сфатиш и разбереш дека си направил грешка што си му признал на некого нешто бидејќи не било вистинското време за да го сториш тоа и таа личност не била подготвена да го слушне тоа и дека ќе и треба време за да ја процесуира и обработи информацијата.
Најзрели и најинтелигентни се оние личности што знаат да различат и разберат што се самите тие, што емотивно, естетски и сексуално ги привлекува кај другите, а што е ствар на сосема различен од тоа вкус и животен стил кај некои луѓе што сепак го почитуваат како нивно прифатливо право на избор. Кои едноставно разбираат дека сите луѓе не се облекуваат, однесуваат и размислуваат за да им се допаднат ним и тоа е сосема океј.
Го знам тој момент. Знаеш како се вика? Има име.. 'Време е да му ги маниш клоците' пс: му на битолски е и за машки и за женски род
Сдк Се чудам како ли замина во неповрат пријателството од пред некои 7 8 10 години Се отуѓивме сите.. Сакаме мир Сакаме да ладеме мозок Сакаме сами да сме Не сакаме галами Не сакаме некој да ни партали по дома Не сакаме луѓе за муабет Времето дојде да буквално избираме со кој речник и кои зборови ќе се обратиме на некого Ако си среќен утре ќе те оговараат зошто си Ако си не среќен опет ќе те оговараат како си неспособен и лузер Итд.. На денешницава на никого не можеш да угодиш па и на себе си Честопати си се смешкам кога ќе се присетам како барав нешто а денес го имам па не го сакам Чудни сме Стана чуден светот Секој си сака мир и спокој, си сака самотија и крајна приватност Никој не сака да се замара со никого а за берење туѓо гајле и отварање позади грб е прв!! Чудно ми чудо
Прекини со тие себеобвинувањата! Ќе кркам бан на темава сеа..! Не ме терај да ти повторувам дека не си ти виновен за тоа што планетата е малку сплескана топка!!
Си биле две сестри, едната си купила лаптоп - другата се омажила. Секоја со приоритетите Нека ѝ е со среќа на сестра ми, ама мене лаптопот некако повеќе ќејф ми прави