...Остани смирен и кога ќе почувствуваш дека туѓите зборови не се вистина, затоа што единствено тие самите ќе страдаат од последиците на нивните лаги...
Има многу убави нешта во овој свет. Тогаш зошто вниманието ви е на лошите? Бидете како сончогледите, секогаш свртени кон сонцето.
Зошто жалопојки ? Тој човек и овој збор не идат заедно у иста реченица. Убаво е му се одаде почит, преку неговите песни, бар на овој ден, има заслужено бар толку мислам.. Ретки се таквите пејачишта више, мултиинстументалист, хуманитарец,господин, приземјен,доследен на себе во секоја песна. Еве една 'жалопојка' од мене, Почивај во мир голем човеку
Сакам да кажам дека сеќавам како самата почнува прагот на толеранција да ми се намалва. Дур и друштвото мое го сеќава тоа, и ме прашват шо е проблемот. Нема проблем, ама го сфаќам дечко ми ко ќе вели дека му е мачно од сечие срање. Конечно целосно се разбираме, филтерот редно е подобро да работи. Диши длабоко.
15та сезона ја даваат на Телма. Јас ја начекувам во сабота и недела од 16h, репризи ги даваат од цела недела. Во работни денови не знам во кој термин иде.
3 години подоцна да потврдам дека ако некогаш се самоубијам, ќе биде у недела. Ќе папсам неславно од досада.
Некој може и 5 деца да изгледа без никаков проблем а некој нее способен ни за едно Згрешил горниов кога те благословил.
Мирот е дома со мирисот на неа. Документарци за монарх пеперутки, топол чај и облоги од зелка на гради. Цица како младунче од животински свет и ме фасцинира секој ден се’ повеќе и повеќе. Не знам со што ја заслуживме, но како подарок ни дојде, во панделка од љубов.
Веќе неколку години не пијам алкохол,затоа што во чашата има премногу емоции,и почнувам да зборувам со нејзе,вака е подобро дефинитивно
Сакам да кажам дека фрази од типот: "Не е битно каде си туку со кој си" и "Неко има пара, а неко другара" ми се кења! Фмп.
Многу сум добра значи.. На другарка и цркна телефонот - дастиии имаш да ми позајмиш телефон додека купам? Трчај Дасти.. Дастиии, ај со мене на кафе... трчај Дастии.. Дасти, позајми ми 3000 до плата.... трчај Дасти... Еднаш Дасти ќе рече - ај со мене до...некаде... - Аааа утре сум зафатена, треба тоа ова она и уште 22 оправдувања... Трчај пак Дасти, мутаво створење..
Комплекси, комплекси евривер. Да си лечиш комплекси на работното место од кое земаш плата? Навистина? Рамно на понашање на шалтер во администрација е, ама ти си знаеш