Бакнеж во чело за добредојде сестро... Само бато, кога нешто ќе заебам ми вели ти да си ми здрава и жива састро Другиве ме караат сдк ја извадив летната маса и го поставив чадорот за сонце во двор. Летото може да дојде. Цвете комшијата ме sиркаше преку завеса По навика. Па од негде му текна и ја подаде главата. Комшике, треба помош!? Фала комши, додека ти ме sиркаше јас завршив работа ми вели и на газот сум имала очи Каков - таков, добар е за трева косење, дворов ми го направи стадион. Уште топка ни фали Ај поздрав до знани и незнани имајте убав ден
После 5 дена поминати затворена дома, денес конечно решив да живнам малку, освен тоа и ќе учам за наредните испити. Уште синоќа си имав прекрасна идеја за утрово ама пуста менс. т.е. стомакот ме распарчи Така убаво си испланирав што едвај чекав да се раздени, си бев полна со енергија и радосна дека ќе почнам да живеам стpого по мое ( не дека досега живеев по нечии правила ама ете отсега решив да не е*авам никого, секако со исклучоци на најблиските ) И така имав план да сe разбудам кај 9, си реков станувам, се спремам, јадам, земам некоја книга за релаксација може и вода и одам во парк на воздух ! Фино ќе си седев 1 саат ќе читав и кулирав на раат, ама ништо.. затоа не се планира 7 саати унапред после ќе си прошетав малку и дома ќе се вратев за учење. Друго што имам желба последно време е тоа да одам и да си седнам сама во кафич ( ќе си седам, пијам кафенце, а може и да се прочита некој весник ) ќе шетам, ќе одам кај што мене ќе ми текне и ќе ми се присака, не ќе молам некој со месеци да одам на кино или било каде ( и што е најтрагично и по тоа “молењето“ пак нема да се исполни планираното, секако не по моја желба туку ради Дотичните ! ) И затоа моја препорака, немојте многу да молете и колете, туку правете го тоа што Вие и само Вие го сакате Јас денеска ќе се посветам на учењето Имајте Убав Ден
СДК дека денес му е роденден на мажето мое.. Срекен роденден љубов,биди ми многуу срекен!!!! Те сакам,знаеш!
Денес прскам од енергија.Куќава средена,ручекот (местото по рецепт на Џејми Оливер) е во рерна и крчка, тревникот искосен,алиштата испеглани...не се препознавам.Би излегла на крај со секој проблем кој ќе ме попречи. Нека потрае...
Болката не е нешто што треба човек да ја истовара кај другите луѓе, само за да се ослободи од истата, без да се соочи со неа и да ја прифати, како дел од животот.Човек ќе си има проблеми, се додека не научи да се справува со болката.Човек кој што умее да ја поднесе и да продолжи понатаму со животот, го зацврстува својот карактер, колку полесно се справи со својата болка, толку повеќе ќе научи дека не секој човек може негативно да влијае врз него.
Незнам кај да пишам за да ме прочитаат сите, морам да упатам едно предупредување. Домашни експерименти за маски за лице кои содржат состојки во боја немојте да употребувате! Ова од искуство кажувам затоа што ја пробав маската со куркума демек против мозолчиња, антибактериска бла бла бла, се ок тоа, ама што ми стана портокалово цело лице што правиме? Ко да сум била на некој лош солариум на лицето или ко да сум се мачкала со крема за самопотемнување! Може да си за замислите фацата обидувајќи се да си ја измиете таа боја од лицето? Несакате да си ја замислите! Ја извадив некако бојата ајде, со пилинг и со тоници па и со цеден лимон, сеа знаете каква сум, ко да сум била на хемиски пилинг! Значи такви експерименти не, никогаш веќе. Џабе е бе, нема лепота без хемија, ма не се замарам веќе ни со парабени ни со слични глупости, боље парабен одколку да се шетам портокалова во лицето. Незнам што ќе правев да не успеев да се измијам убаво, ќе бев главна атракција за смеење низ градов денес! Сеа дури и смешно ми е.
Добар ден! Ми фали фемина, ми фали времето кое што некогаш ми поминуваше овде, се почесто чувствувам потреба секојдневно да се испукам виртуелно преку две-три реченици. Сакав да кажам дека човека можеш да го мразиш или сакаш и притоа да му биде гајле. Но оној момент кога ќе станеш индиферентен спрема него е тоа е оној период во кој тој истиот ќе направи се за повторно да го привлече твоето внимание на овој или на оној начин. Игнорирањето кое што од моја страна е искрено а не одглумено за други стана поттик да бидат пак до мене. Многу работи ми се случија периодов, многу солзи исплакав но како и секој друг човек повторно застанувам на нозе. Ослабев значително многу и да ви кажам дека никакви си диети кои што ги пробував со години не помогнаа, лекот е само нервозата која што нималку не ви ја посакувам но за жал во мојот случај ете донесе и нешто позитивно на кое се радувам сега. Има сонце, имам пеперутки во стомакот и надеж дека работите се менуваат во вистинскиот колосек. Имајте убав ден.
Ми оди на живци кога некој ке рече „Па 21 век сме...“ Таквите луѓе немаат свое ЈАС.Всушност,тоа е главната причина зошто се случуваат ваквите работи(мислам на тоа момче на рани години,односи,штикли,доргирање,лудост....).Еден појде,сите по него-за да се во мода.Наместо да пробуваме да се спречи ваквото однесување ние само стануваме дел од тие што се однесуваат „дваесетпрвовекски“.Немора и ти да скокнеш во бунарот,ако другите веќе скокнале... И гајле ми е ако звучам старомодно!
Исчистив цел спрат секој агол па и околу куката се убаво исчистив, убав туш после толку напорна работа , и сега фемина и несскафе супер комбинација а секако и слушање на Top Tracks од Lana Del Rey Убаво попладне на сите
Ви имам ли кажувано за баба ми? Алал да и е на женава колку и да ми е тешко секогаш ме сослушува,ама и ме советува.Да беше некој друг до сега аман ќе превикаше од мене Јас пак да не ја замарам и велам не грижи се,нема ништо,ама она ме чита и ми вели ‘‘те знам јас тебе,те мачи нешто‘‘.Некогаш се чувствувам многу осамено,па единствено само таа умее да го забележи тоа.Како ќе ме гушне силно, ете тоа е тоа прегратка од баба Премногу ја сакам,сме се карале па пак сме се смирувале, ама важно не си остануваме лути, намногу 1 час- ни толку не можеме да издржиме Spoiler Да ја искористам можноста да и се заблагодарам на Дрим-ако не си ти кој ќе ме расположи? *** Дај веќе фрлете ја злобата,нели ви пречи? Нели ви го р‘ѓосува срцето? И на крајот на краиштата се чувствувате како некои ‘фаци‘ со тоа што ги малтретирате другите? Дали навечер мирно заспивате? Се прашувам воопшто јас самата дали разбирате што направила злобата од вас, и дали воопшто сте свесни за тоа? За жал злобата не само што ве заслепила,туку и манипулира со вас... А врв на се’ е тоа што ни самите не сте свесни.... *** Колку би сакала да можев да го застанам времето. Барем на 5 минути.Ете не барам многу,само 5 минути. Седна до мене,зборувавме.. ете симпатија две години Ама се‘ е џабе, ако се прашувам јас сосема невидлива сум. Два збора разменивме, и јас сега си правам некој филм.. Ете тоа боли, да е во твоја близина,да го сакаш,а да знаеш дека никогаш нема да ти возврати. Spoiler Можеби да бев похрабра ќе признаев,но се плашам. Се плашам од тоа дека ќе бидам отфрлена.., дека нема да бидам доволно добра за него,можеби ќе бара да се сменам.... Ама ете секогаш ќе има трошка надеж, колку и да е мала..... Пријатен ден на сите
Добро бе дали луѓево имаат грам човечност во себе?Што ќе постигнат ако некој го навредат и му се обраќаат со погрди имиња? Ужасно..
Ако по облеката го препознаваме векот во кој живееме јас би се вратила многу назад. Луѓе како луѓе не им се угодува .Оговараат без разлика на се.За себе можам да речам дека пристојно се облекувам,но и тоа им смета .Сум немала финансии за таква облека.Но тоа не е скапа облека, само внимателно избрана и што е најважно е секогаш чиста Нема јас да им објаснувам да им се правдам колку пари сум потрошила .Мене ми е важно да се чувствувам комотно.Дури и на работната облека ми завидуваат а таа е на сите иста само што некои ја перат и пеглаат. Мислам треба да се има граници на облекувањето да се знае која облека е за на работа,за по дома ,за на пазар вечерна и облека за на свадби. Се сложувам со Луничка дека облеката се прилагодува и спрема возраста, во спротивно сите сме за смешки.Облеката не го прави човекот , но истата е одраз на неговиот карактер признале или не . Еден совет од мене Не купувајте облека за да се докажете пред другите, да се натпреварувате во облека по бренд, туку за да си угодите себе. За крај најважно е како сме облечени одвнатре, тоа однадвор понекогаш знае да излаже. Блазе им на машките,или и за нив стана тешко да пратат мода Spoiler ММ не сака да депилира под мишки, од страв да не му се смеат.
Знаете што заклучив? Дефинитивно ако од учење не се здебелам, никад нема. Освен што ѕидот ми станува интересен за проучување, добивам инспирација џоа уметник и станувам подготвена и за решавање мистерии, па дури и домаќинското во мене се буди, приметувам дека кога учам за некој тест и ништо не ми влегува во глава, често ми текнува и на сите омилени нешта низ фрижидерот. Па уште и мајка ми онака убаво ќе ме потсети на пауза да земам малку благо за подобра концентрација... како да одолееш? Плус, имајте у предвид дека кога ќе седнам да учам на крај на мај, паузите ми се на секои 7-8 страни... па сега видете. Барем си најдов совршен изговор за јадење благо, за до крајот на учебната година. На професорите ќе почнам песнава да им ја пеам више, жими све. Ама стварно не знам, како може некој да очекува човек од крв и месо да биде сконцентриран и озбилен на ова време, во овој дел од годината? За годишни тестови или не дај Боже за екстерни тестови некој ко ќе ми спомне, коса на глава ми се крева. Додуша, некогаш пак се понашам ко канта да тропа, у стилум абер немам, аџанак баџанак... Зависи од расположение. Абе ми иде да баталам сe`, да соберам тоа учебниците во една кеса и да ги ставам под кревет за да чекаат да ги вратам на 10 јуни. Онака официјално да си се самораспуштам и да речам, толку за трета година од бубалицата Спешл, толку за тие пари. И фајронт, и ариведерчи. Времево ме мами, на едно шлаење, смеење цел ден со добро друштво, од попладневно печење до уживање во приквечерно летно ветре, и мноогу сладолед... А пустава математика ме чека за една ретроспектива од цела година. Ениуеј, ја само певам, ја само свирам, ја немам разлог да се живцирам... лашатеми кантаре... Ајт поздрав.
Кога ќе немаат, ќе видат дали ќе оговараат некого ради облеката.Потполно во право си, нема што да им објаснуваш за било што, не пак за облека, па со тоа завидување, како да имаат некаква корист од тоа.Наместо да си гледаат за себе, гледаат за друг. Бога ми, најлесно им е на машките, ич не се замараат
Работава е што они имаат пари а немаат вкус за облекување,или стил.Гледаат да е облека од бренд, скапа.А дали им одговара или не, не е ни толку важно.Затоа и завидуваат. Видела жабата коњот го потковуваат, и она дигнала нога да ја потковаат. Сега би сакала да сум некаде на плажа , па ич да не му ја мислам.
Вкусот не се купува со пари Виножитке. Само тоа, на некои дотични не им се докажува. Не за џабе рекле - “Човек се раѓа господин“.
Леле тоа за чоколадото и мајка ми е иста песна а ја никогаш немам добиено поголема концентрација од јадење благо ама си апнувам.Никогаш не се знае де.Овие наставниците како се уплашени за екстерните,на сите му викат да седнете да научете... Иначе песната ептен ми ја погоди!
Епа треба и да им одговара облеката, да им стои, на крајот на краиштата, нека гледаат што, ич не се замарај со тоа што ти завидуваат, батали ги.Демек па нив, други не ги оговараат Требало да им речеш дека се „ убаво“ облечени, па да си поќутат.Ту бе дека е Антонина, експерт е за вакви ситуации