Имам нова колешка на работа и на пауза седна до мене, пошто често си седнувам сама во ќоше да одморам мозок. Почна да ми раскажува за сексуалниот живот. На почетокот бев wtf ме знаеш една недела, после тоа си викам, па боље за тоа ќе правам муабет, отколку да слушам исфрустрирани заморановци кои оговараат и љубоморат на туѓ успех.
Барам да се донесе закон со кој сите девојки над 18 години кога се во ПМС(пре и пост), да носат венче на главата со црвени сијалици кои нон стоп ќе светкаат како ротирачки светла и знак за внимание кој ќе ја предупредува околината! Дефинитивно треба да ја проверувам апликацијата и три дена претходно да навијам алрам на кој пишува "the storm is coming". Денов беше врвот и не можев да се контролирам. Веќе верувам дека нема ништо поопасно од женско во ПМС.
26.06.2014 - 30.07.2015...на овој ден во овие саати се разбудив...имав сообраќајка и бев кома година дена...не беше лошо се одморив барем, ама и еден е господ ...сакам да кажам...животот знае да биде прекрасен, ве сакам дечки, и да сме нај живи и нај здрави пс: дечкото од другата кола ми е нај добар другар
Извини, знам дека не се цитира на темава, ама ме интересира како си сега? Како одеше процесот на закрепнување после цела година во кома? Ти си меѓу ретките што се враќаат во живот после година дена во кома.
Нема зашо да не е за цитирање, ја сакав да споделам со вас пошо јас сум стварно благодарен што сум сеуште тука ...инаку, супер сум сега, пу, пу...процесот беше тежок али, бев пресреќен зашто докторите ми соопштија точно што ми се случувало...ја се сеќавам само на тоа дека требаше да идеме по риба...друго ништо...значи, имав многу среќа у мене болницата беше преполна со мој другари после две недели си отидов и еве ме сеа пун среќа и љубов
Ги препозна одма твоите блиски роднини и пријатели? Како ти е меморијата за минатото? Памтиш се или имаш некои црни дупки? Да се разбудам после една година бе, тоа мене ми звучи како time travel
Моите влегоа у соба после 36 часа од кога се разбудив...првично, јас станав свесен како што кажуваат сестрите после 4 часа од будењето... јас комата не ја памтам...периодот не го осетив, не се сеќавам на буквално ништо од комата, а моите и сите друѓи ги познав без проблем...пошо талви луѓе не моеш да забораиш никако хехехе
Нема позаебано нешто од тоа машината за перење алишта да ти се расипе у текот на ноќта работејќи...и сега ср на рака мораш да препереш!
Еден ден поминат во болница доволно еден нормален човек да сфати каква стока народ живее тука. И таа стока утре се жали на нефункционална држава, а притоа дошол на доктор небањат со папучи, говори гласно, се бутка на шалтер, сака да влезе преку ред.
Сакам да бидете толку среќни и исполнети, што ќе си го гледате својот живот а не туѓиот, толку среќни и исполнети што нема да ги навредувате и понижувате другите, толку среќни и исполнети што ќе се радувате и на туѓата среќа или уште подобро, вие самите ќе ги усреќувате другите, толку среќни и исполнети што ќе ширите секаде позитивни вибрации а не злоба. На светот му требаат луѓе.
...Ummmm, not. Уствари, ми фали да не знам за доста глупости во кои поради интернетот дознавам дека некои луѓе веруваат и со кои се занимаваат, но тоа е сè. Придобивките се многу поголеми и секако дека повеќе си го сакам овој мозок со многу информации, поразвиени ставови и многу научено од квалитетни луѓе, а и многу такви запознаени на некој начин Луѓе, океј е носталгија ама не е веќе кул да се хејта технологијата. Get over it
Никогаш немојте да обвинувате родители ако ги остават децата дома да им ги чуваат или ги однесат во градинка, а имаат слободен ден од работа, па сакаат да завршат некоја работа на раат или едноставно да седнат на кафе, прошетаат и да си посветат внимание еден на друг. Никогаш не обвинувајте родител ако детето во маркет, трговски или парк има тантруми, се фрла на под или плаче неконтролирано и со ништо не може да се смири. Во такви моменти на самиот родител му е најтешко, колку и да го воспитува правилно детето. Никогаш не обвинувајте родител ако му даде повремено мобилен телефон на детето за да седи мирно или дома да се заврши некоја работа, кога на ниеден друг начин не може. Никогаш не обвинувајте родители што им даваат да јадат "глупости" на децата, а не здрава храна постојано. Не ја знаете точната причина па да осудувате. Никогаш не обвинувајте родители ако не им слават раскошни родендени на децата, не ги носат секоја година на одмор или зимување, не ги облекуваат како од излог, зошто не сте им во кожа и џеб на истите. Доколку нешто не ви се допаѓа кај некои родители, не превртувајте очи, не им мавајте по нос и не им паметувајте, зошто никогаш не ја знаете реалната причина за истото.