Луѓе кога одите кај некого ѕвониш на врата и чекаш да ти отворат, една будала сабајлево ѕвонит, отварат врата си влегол дома и слушам некој викат. Кога ме фати паника и така скокање од кревет по пижами гледам непознат човек... А, моите на долен спрат Или ќе отепам некого или гола ќе му скокнам од кревет Лошо ќе биди со првото И сега дење, ноќе сакаш или не заклучена седам.
Животот ме научи на осаменост, односно на незамарање да треба да се јавам или видам со овој или оној, да треба да бирам што ќе кажам, да треба да слушам напорни муабети, жалопојки, фалење, коплекси.. Уморна сум од глупостиве горенведни и воопшто ама воопшто не сакам да ги слушам, се изолирав во нашиот свет далеку од сите а уште подалеку од негативата и напнтоста на одредени луѓе.. Созреваме па си го цениме и сакаме мирот како нешто најдрагоцено на светот Немам ниту желба ниту време ниту живци са треба да одбирам зборови или слушам комплекси на одредени личности Имам личности што ги љубам, други почитувам.. Сепак мирот си го сакам. Приватноста да шетам у гаЌА и да не ми чуе .
Ах бре луѓенца бедни..злобни..отровни.. Ви посакувам да најдете барем трошка љубов. Можеби тогаш ќе престанете да плукате по нешто што за некому е свето. Бидејќи денес е грев да си сакан, среќен и успешен.
Шерифите на форумот нека продолжат да ги бришат коментарите од темата каде што треба да се кажат кои се недостатоците на форумот со цел да се отстранат. Штом не ви одговараат такви коментари и не сте спремни да ги прочитате , а не па да превземете нешто едноставно зошто постои темата тогаш. Ај со здравје...
99% од жените на форумов, избегнуваат да зборуваат за секс, па дури и во анонимност. Па ќе се појави некоја ко мене, што нема проблем да зборува отворено и веднаш ќе стане 'кур*а', чудна, 'ненормална', 'оро*пија'.... трол... најчесто трол. Бидејќи, нема шанси жена, да зборува искрено за секс. Тоа кај нас е незамисливо! СрамОЈ живи! Нормално дека така ќе биде.. кога сите имаат секс, а никој за тоа не зборува. Ко некоја “Света тајна' да е сексот, па сите си ја пренесуваат од колено на колено.. најчесто искривено.
За неандарталци, не е свадба... ( џабе трошите пари) Цивилизацијата е далеку од пукање со автоматски пушки и огноменти на сред, бел ден. На толку трагедии од вакви настани, уште мозокот да не им проработи. Пу, ј' зк... Ќе се искоренат вакви некогаш? Преку пат, да ве информирам дека најнајнајтренд е - круна на глава. Слични на тие на кралицата. Така, да си знајте. Круната на глава( поголемка) , пушка во гепек и свадбата може да почне
Аууу... јас во МВР пред некоја година, да пријавам пукање од огнено оружје, на 192 ми се изнасмеаја ?!?! Ненормална работа!!
Што ќе се замараат луѓето? Многу работа си имаат, уште на терен да ги праќаш. Надвор од секоја нормала,дефинитивно. Минатата година , куршум заврши во нечија вилица. Едвај се спаси човекот. Со автоматска пушка, уште Кај моите во двор скоро секоја година по еден нивен,,привезок" залутан. Да пријавиш има тебе да те исцедат од испрашувања околу тоа, него што, нешто ќе превземат.
Oна кога во сред бар со прегласна музика, ти се јавува мајка ти и те прашува цела успаничена како да ја промени тастатурата на латиница на лаптопот, и ти почнуваш да се дереш 'Доле левоооо, две копчиња се алт и шифт притисни ги истовременооо' и конташ дека во исто време музиката престанала и сите зјапаат во тебе. Ај барем насмејав 20тина души
Замисли она да е некој од латинашиве на форумов, а јас ги прозивам секојдневно. Не шала на страна. Попрво она ќе научи што се ШИФТ и АЛТ отколку младиве
СДК го знаете она" Се собрале на маса 1 Србин и 10 Македонци и причали српски" Чудна нација сме бе,зошто само ние мораме да причаме српски,хрватски,босански,и ние увек да ги разумемо брача по крв југословенска а они нас не? Ова се прашања кои одсекогаш ме мачеле Абе нашиве пејачи и политичари одат Србија и се кршат да зборуваат српски,а тие доаѓаат кај нас и не разумеју ни једну реч Ај мајката Постов ме инспирираше за случка од денес,во мое село се одржуваат традиционални Илинденски денови и доаѓаат играорци од повеќе земји,и некои од нашите ги земаат на спиење гостите,така и братучед ми зеде еден Србин,и одам кај него денес и му зборувам полека да ме разуме и одма оп'Извини ништа нисам разумео' па ај му причав српски,и истиот тој кажа дека кога одел Украина и Бугарија се ги разбирал,а нас Македонциве не многу,а со Украинците дали 5% имаме сличности во јазикот
Затоа што во која кафана/кафич да отидеш се слушаат српски песни, емисии на српски, и ред други работи, а кај нив не емитуваат ништо на македонски и по која основа тие треба да разбираат мк? Јазикот е сличен, не го негирам тоа, ама и ние некогаш им ја грешиме граматиката, зборот ми беше, слабо има нешто на мк, за да не' разбираат подобро, немаме талент шоуа, емисии кои се емитуваат кај нив, не го слушаат јазикот како кај нас што е секојдневие