Истиот проблем го имам и јас како @Rama Уште кога дојдов на почетокот ќе сретневме некој “наш” и дм и другите почнуваа да причат, а мене тоа не ми се допаѓа и не сум фан на срб-хрват песни,емисии, филмови и сл но разбирам .Ако еден збор не разбирам у склоп на реченица ќе сфатам што е.Тука на училиште има “наши” и јас си зборувам македонски на почетокот реагираа не те разбрав и ај ќе и го кажам на нивно или зборував пополека сега ми е сеедно си зборам на дијалек и се ме разбираат.Го прашав дм зошто тие не ни зборуваат мак одговорот беше ние сме поинтелигенти. Фала Богу бугарите ме разбираат перфектно. Спојлер: Боже Петра се разбудив у 4 и сега се ме нервира Спојлер незнам зошто ама ме нервира што баш скопјани многу причат Спојлер: Јас Ако видите на некоја мак страна на ФБ кај у коментар има превод на едно зборе од југо на мак да знаете јас сум И немам ништо против србите секоја недела сум у нивната црква
Не знам што е тоа со воздухот, водата... ѕвездите и универзумот деновиве али, некој озбилно патетичен.... револуционерен.... “его-трипање“ дух за нашата битност и различност - сегде и во секое време не обзел. Затоа, и го обожавам форумов оти,некако ко потсетник ми е за тоа,колку лесно и колку често запаѓаме во една иста досадна шема на блесаво “разгалени дериштенца“ поведение. Нејќу го. Од друга страна, не знам дал овие нешта можат да се земат како некаков аргумент дека... не, човекот не ќе еволуира во ништо подобро и соодветно, светот не ќе стане поубав и подобар. Гаддем.
Сакам да кажам, јас сум од оние кои не зборуваат, и со тешкотии разбираат српски, па можеби не знаат и тие. Во екстремен случај јас зборам македонски, Србинот- српски и негде уз пат има грешка во комуникација. Ако јас зборнам српски, ќе биди од оние смешни случаеви, што оној кој разбира, би играл мајтап. А реално и не разбирам ако збора брзо, туку побавно за да направам смисла на реченицата. Сепак, да бидам реална, српски песни немам слушано никакви, ептен некоја ретка загината, нивни шоуа немам гледано од пред повеќе од 10 години кога немав избор, и контакт имам ептен редок. Мислам дека сепак, се ова си има улога. Сум имала професори Срби на факултет, и многу луѓе презентираа проекти на српски. Мене лично ме иритираше, јас ништо не научив од тие проекти, и сите таму не сме во српска програма туку македонска. Јас фино ги известив професорите дека нема да презентирам на српски и дека имам тешкотии со разбирање и дека сакам да добијам книга на македонски. И презентирав на македонски, и добив книга за учење на македонски зошто имаше добро изработен превод ама никој не бараше туку се мачеа на српски и колоквиумите ги одговарав на македонски. На север од државава и има србизми во жаргон, ама многу ретко на југ од државава. Исто мислам дека и тоа игра улога.
@Rama бидејќи ние, особено постарите генерации сме израснале со српски јазик насекаде околу нас и добро го разбираме, а за србите да разберат барем нешто македонски, треба екстра бавно да зборуваме. И јас не знам нешто добро да зборувсм српски, ама кога зборувам со срби се трудам да уфрлам некој збор за подобра комуникација. Имам пробано само со македонски, не оди. Едноставно не разбираат, оти за инат да зборувам македонски.
Сите вие мали мизерни човечиња, што се криете зад превезот на навреди, осуди, мрчење, пцуење, плафонско его, некажан еден единствен убав збор, а се нешто на Вас господата ви смета, се на Вас не ви е по ќеиф, се нешто на Вас не ви е погодено, додека само вие и никој друг, знаете што и како е правилно... па бескрајно мрчите оххх толку многу мрчење.. Знаете што? Да се фатите за рачиња и да одјебете! По можност негде на неуро, оти има таму доста материјал за истражување. Се можам да разберам, ама да немаш да кажеш еден единствен убав збор за некого или нешто во животот, без тоа да биде цепидлачење без крај... како ве трпат по дома бе?! Нејсе... ********************** Како стареам се повеќе се радувам на лајф гоалс, посебно кога ќе видам пар, во поодминати години кои сеуште цврсто се држат за рака. Или оние што ги видов вчера на клупа, и како бабичката го галеше по и таа малку коса што останала, деденцето... па ми идеше да седнам до нив и да ги изгушкам од мераци. Се повеќе се радувам на духовното, на внатрешното и блискоста и топлината на интимното. Па си ветувам ќе го чешкам повеќе, оти обожава да ми спие на раце. Душава секогаш одново и одново ќе му ја подарувам и се додека дишам зборот ќе му го посветувам. А се додека сонцето изгрева ќе го љубам.
Може ова не е за тука ако треба нека се премести во соодветна тема https://republika.mk/944932 Внимавајте на точаците ,маж и жена крадат
Па и онака ги има на камера, што не ги фати полицијава? А, или да не се малтретираат, нека уживаат, човеков нека си ги бара по нет некој да му ги препознае, мало морген
Треба некој да ги препознае, па да дознаат име и презиме. Ако не знаат како се викаат и презиваат, фацата, сама по себе, не значи ништо. Како ќе ги бараат? Ќе шетаат од врата до врата и ќе ги проверуваат сите во градот?
Омилено ми е кога некој на форумов агресивно ке се испуца во некоја тема и кога некој го цитира тоа мислење, враќаат со „сите имаме право на мислење јас само мое си кажувам не наметнувам никому...“.
Да бе, многу е тешко да ги најдат, немаат инфо во полиција или во мвр кој е и што е , доволно е само по лик, одма да го дознаат секој граѓанин има лична карта , ама пак ќе речам да не се малтретираат , греота се да бараат.
Не оди така. Секаде во светот, ако бараат некој, објавуваат фотографија, со надеж дека некој ќе го препознае и ќе пријави. Не е само кај нас ова...
Оној момент кога љубовта зборува односно таа го води главниот збор и го диктира понатамошниот развој на настаните, разумот мора да молчи и да биде само нем сведок на настаните.
Темава се вика САКАМ ДА КАЖАМ.... Не е забрането цитирање, но е пожелно, ако имате нешто да реплицирате или да се објаснувате на некоја тема која ви покренала интерес, ВЕ МОЛАМ употребете ги личните пораки или ако сметате дека имате тема која ќе побуди интерес, отворете нова тема, па во дискусијата одвен дијалог меѓу две членки, ќе се вклучат повеќе луѓе Наназад нема да бидат избришани цитирањата и тематизирањата на , но во иднина чет муабетите и дијалозите ќе бидат бришани
СДК #1 Слабо муштерии денес, дур седам така, почнав да си читам у учам нови зборови, во врска со кулинарството на англиски,, си испринтав книга уште пред да одам на одмор и сега сум си прва смена. Па, тепам досада, ефективно. СДК #2 Колегава од шанк, ме 'напука' му барав да ми позајми нешто, два пати ме натера нештото да го повторам и на третиот пат така фино лепо му повишав тон извикувајќи го неговото име. Велам јас, ова скопјаниве се опинаат...ни тој не ми треба, ни тоа што го барав, фала се снајдов.. И на крај дојде тој младиот менаџер,тој беше сличен на него и едвај зборуваше од занес. Така да и јас почнав да се 'опинам' па после по саат време ми се вртка, загледува накај мене..... А, бе златен е....згоден е... Не знам зошто но, секој пат коа ќе го видам ме нервира,имам некои симпатии... Ме привлекува, ме одбива... Види чудна работа.... И уште ова... СДК #3 Не ги сфаќам оние што на Фб наместо своето име и презиме, ставаат прекари?! Божеее, па како ќе те адднам за пријател кога не ти го знам твоето уметничкото име?