Ај од утре споен викенд со празникот, повеќе од пола Скопје ќе се испразни, и ќе се стиши гужвата. Многу го сакам Скопје кога е празно и тивко
Што им текна на постариве што отвораат инста, аман. Ене им го фејсбук, нека си шернуваат слики за среќа и Богородици за мир во фамилијата. Сто години не сум објавила ништо пошто ги знам коментарите... Lele lepotica pozz do majka ti, ajdeee uste decko ti fali do tebe na slikata, на слика од свадба во свечен фустан ajde vgodina kaj tebe da slavimeeee... Ајт терајте си таму на фејсбукот и оставете го инстаграмот за нас помладиве рајат швалерисување да бркаме. Никој не ве прифаќам, bite me.
Онака додека јадев ми текна случајно на тема за која никогаш не сум размислувал, а тоа е како жени купуваат бикини во продавница?
Вечерва се празнува Св.Илија За многу години и уште многу години. 02.08.1903 Се случило Илинденското востание. Завојувани страни биле: МАКЕДОНСКАТА револуционерна организација со османлиската империја. Да не заборавивте да ве потсетам "Македонска револуционерна организација"почитувани дами и господа Колку само луѓе изгинале во таа битка да го сочуваат ова парче земја. Колкава мала бројка на Револуционери имало спроти османлиската империја. Но сепак се бореле се бореле за својата земја. За ние денес да имаме Држава која за жал ја губимено нема
Денеска така среда први август си велам ајде уште денес а утре одмараме,си стоам така јас на работа насмеена расположена размуабетена, се додека не го појачат гласот на радиото.И така после подолго време успеа македонска народна песна За многу години да ми ги наежи дури и образите,верувале или не солзи ми навираа во очите. А песната ја пуштиа повеќе пати и секојпат го имав тоа чудно чувство и пак се ежев.Цело време муабет ама штом почне песната,јас занемувам.И песните македонски народни многу ме погодуваат,дури и сите лектири од македонски автори што ни се во школо ги читав и за дискусии сум прва и во сон да ме разбудат јас ќе дадам некој коментар и мислење.Она што ми падна жал и што ми ја помачи душишката е дека скоро сите си отидоа бидејќи песната јас ја сфатив дека им се честита празникот на македонците каде и да се наоѓаат,дека сме еден народ а не има по цел свет.Со песната почувствував обиденување на сите Македонци.Кога го помислив тоа ми дојдоа солзи па се прозевав демек ми се спие,и македонија е љубов непреболена.Жал ми е толку луѓе издинаа и млади и стари а сепак не се успеа да стои цврсто,АМА јас сум ОПТИМИСТ ЌЕ БИДЕ ПОДОБРО! Долго време не сум пишала на фемина,не сум ве ни толку читала,отварам обично хороскоп читам и тоа е тоа,нов ден,втор,трет и полека ситно уште месец остана од распустов а за тој месец имам цел уште 5килограми да си ослабнам.(ги одовлекувам 2месеца ама со обврски и цело време сум исто) Сакав да споделам што ми се случи на работи и затоа се најавив сега пред да одам да си гледам серии,пред да ми се симнат епизодите.Утре е голем празник,поминете го денот со вашите блиски,со вашите сакани и бидете среќни и горди на тоа што сте!Незнам кога ќе пишам,ќе се потрудам повеќе да ве читам и следам.Конечно се наговорив утре на шетање.Имам зацртано што повеќе да ја шетам мојата Македонија,имало многу убави места кои ми излаваат на интернет а не сум ни знаела. И за крај обожавам дожд стварно,викат убаво е времето денеска викам ее врне ли вика не сонце печеи јас велам значи не е убаво.Стварно обожавам дожд,особено после дождот кога е ладничко и си седам на тераса си пијам кафе,абе убавини,само утре го молам времето да не врне да си биде топличко за сите кои шетаме. Уште нешто да се дополнам,поздрав со песната.
СДК дека ова фразава "гаси интернет, го имаме победникот" е веќе истрошена и дотрајана. Млитава. Бајата.
СДК иако седите пред зграда не мора да викате како нездрави. (се извинувам на израз) Човек ќе помисли дека ве убиваат. Страшно.
Форумов оваа година ми наликува на еден вид секс портал. Кога и да наминам по 2-3 секс теми се активни. Предлог до админите од страниве на сајтов да стават банери за реклами на секс помагала, играчки, лубриканти, вијагри итн. Публика имате, само неколку html кодови ве делат до успешен бизнис
СДК дека повеќе не ми е гајле какво мислење имаат другите за мене. Јас си се знам себеси и ќе си останам доследна на себеси. Јас сум јас.Ту ќе паднам,ту ќе станам. Јас сум своја. Ќе се борам и ќе успеам,си велам бидејќи моето мото е надежта никогаш не умира ! Повелете,удирајте ме,а јас ќе ви вратам !
^И една хот секс лајн комотно. За да разговарате со членот со корисничко име "******" притиснете 1. За да разговарате со членот со корисничко име "****" притиснете 2. Ќар и за двете страни, а моите очи и желудник раат.