Искрено денов ќе беше многу поубав да не се случеа некои работи пред неколку месеци,но што е тоа е.. Претпоставувам дека ќе биде подобро и тоа е тоа.
Многу е невкусно кога медиумите посветуваат време и простор со тоа каде и со кого отишле ќерките или синовите на актуелните политичари. Да плателе за реклама ајде... ама тоа да биде тема?!
СДК #1 нека ни е честит празникот. Среќен Илинден. СДК среќен имнден деде. Би сакала да си тука за да ти кажам. Фалиш секој ден, но на вакви денови посебно. Сакам да си тука да се изнакажеме за се и сешто. Сакам да ме видиш денес кога веќе сум зрела личност, а не детето кое бев додека беше тука меѓу нас. Сакам да ми дадеш совет онака како што ти знаеше. Многу фалиш и иако не си повеќе меѓу нас, секогаш ќе бидеш во моето срце. Среќен именден.
СДК дека додека ги делиме луѓето по нивната боја на кожа, националнодт, раса и сексуална ориентација нема да биде ништо од нас!
Арно прават докторите што се исселуваат од државава. И јас да сум доктор би избегала. А не овде... ќе лечиш невоспитан народ што се прави поголем стручњак од тебе, па уште и за мизерни 30.000ден со се дежурства.
Кога конечно мислиш дека се си видел на Балканов наш, па така утрински ти дојде некое проветрување дека може и повеќе
Барав,нема ваква тема ако има кикнете ја ми се случувале за прва пат многу работи нели нормално како и на секој,убави,лоши,позитивно негативно изненадувачки,итн итн...па ајде да ги споделиме Мене денес ми се случи да се избламирам сама на себе шо се вика.. си отидов во Сити мол,си јадев си идев по бутици...и гледам на саат треба да одам на работа за 20тина минути и ок си одам накај паркинг и да го куцнам билетот гледам во новчаник само 10 денари хахахахах а за паркинг треба 40 леле ме фати како мини паника,де смеа де нервоза,сеа што ќе правам прв пат ова ми се случува толку многу сум изгубена денес ама тоа е хахаха,му се јавив на мм доаѓај одма да ми платиш паркинг неам е*ан денар,и тој од таму нормално : дали си здрава?што толку купуваше бла бла хахаха срамови...и леташе сирот за да стигнам на време за на работа,Цепки
Уште пред пар денови сакав да речам, Веда од My girl ja вработиле у Де жа ву )) мада, не сум за веруванje. Слепа сум ко шишмиш.
"Детска психологија и испитување на неврози" - Алфред Адлер. Сакам да кажам дека никогаш книга не ми предизвикувала вакви емоции. Да се лутам дур читам зошто постојат луѓе кои многу работи не ги сметаат за важни, или ги сметаат за шега, но тие истите работи уствари ќе го формира детето на таков начин кој и како возрасна личност ќе има одредени проблеми. Се нервирам зошто дур читам замислувам луѓе во наше поднебје кои ќе направат човекот со проблем да не се отвори и да побара помош зошто би се чувствувал повреден, усрамен, грешен. Се нервирам зошто постојат луѓе кои поминале низ нешто и сега кога некој друг врви низ нешто лошо велат дека не е страшно и има полошо. Тоа не ја прави болката помала или проблемот помалку реален, а вам на виделина ви се фрустрациите. Накратко, ако не можите да помогните - не одмагајте. Не е ова некоја семе синапово мудрост, туку стварно е подобро да ставиш патент на уста ако немаш да кажиш нешто паметно. Ама надвор од работите кои ме тера да ги мислам книгава, совршенствно е.
Среќен празник, за многу години ! Вечна ви слава македонски револуционери. Македонските револуционери го положија својот живот, за ние да имаме независна Македонија, наша должност е продолжиме да се бориме за оваа држава и да не дозволиме промена на име, јазик, химна и територија. Она што не не учеа во школо е дека за време на Илинденското востание ослободени се Невеска и Клисура. На 4 август ослободена е Клисура се до 27 август, а Невеска е ослободена на 12 август. Ова ослободување го запишал револуционерот Васил Чакаларот, а тоа може да се прочита во Дневникот на Васил Чакаларов. Вечно да бидат запаметени македонските револуционери и нивната идеја. П.С. што се слушаше најмногу денес на Мечкин Камен? се разбира уа уа уа за предавниците Правда за Саздо Мојата омилена слика од ослободувањето на Клисура. На неа се водачите Васил Чaкаларов, Пандо Кљашев, Лазар Поп Трајков, Манол Розов и други.