Живот сменет за 365 степени, никогаш не го сфатив како...на спротивна страна те однел/си завршил (буквализам), ами, така ти се испревртел да си го доживеал секоj степен од 365те. Баш си свртил круг и сега си на square one. И, пошто, животот и лугето не се проста формула на табла..ти веке не си ти, и square one е поразлично за тебе по доживеаните/преживеаните 365 степени.
Живот сменет за 180 степени,значи дека ви се случило нешто спротивно од тоа што сте го доживеале претходно. Живот сменет за 360 степени значи дека сте поминале цел круг,се свртиле и доброто и лошото и на крај едното од нив застанало.При тоа повеќето се вратиле на почетокот. Но,секогаш е битно да се остане свесен.
Ако има невреме на некое друго место, тогаш Господ ги казнува. Ако е кај нас, тогаш е HAARP. Нашиот менталитет in a nutshell.
Сум пеела како пожарникарска кола. Иначе @honey.11 хепи брдеј растур на секое поле Иначе среќен ми роденден♡
HAARP беше за светското во Русија. Цело светско не им заврна, штом заврши се уби од врнење. Он топик: Шиме вика "Оде драга у мафијаше". Се смешкам. Трески ме тресат, возбудена сум. Тотално starstruck. Не знам ни што да напишам повеќе, тотално сум без зборови.
Кога слушам генерализации како сите машки се исти и секој маж изневерува или не постои врска или брак каде што нема неверство само сум
Сфатив дека сум остарена за да пијам од кај 12 напладне па цеел ден и навечер се до раните утрински часови. Им викам до дома да идам да се освежам ( читај ) ДА ПРИЛЕГНАМ и доаѓам пак. Нејќе душава како порано
И тоа дочекав овде, да бидам банирана од цел форум на 3 дена. Навредена и лута сум многу, ама со оглед на тоа како сфатив дека стојат работите - ќе си ги голтнам зборовите. Туку, друга и поширока поента сакам да шкртнам, т.е. што „научив“ (семе синапово much ) од незаслуженава „казна“. Што се однесува до сите негативни и бесчувствителни личности, обично како бонус и конзервативни и со закоравени сфаќања, кои ќе ги сретнете било каде на интернетот или во реален живот: луѓе мои паметни и мили - одминете ги и сожалете ги. Којзнае колку е тешко со толку омраза во себе, со реална глетка на светот што станува сè поубав, спротивно на твоите гледишта кои ти ги побиваат со факти прекрасни начитани луѓе што може и деца да ти бидат по возраст. Времето на тие токсични мисли е поминато, можат само да се истураат на социјални мрежи и форуми. Не дозволувајте да ги испровоцираат вашите разбирливи емоции и ни за момент да се спуштите на нивно ниво. Ни за шеги и потсмев не се вредни, при толку позитивни појави за искрена и чиста смеа. Знаеме дека вредиме повеќе, како луѓе во општеството. Некои работи не можат да се изедначат и прогласат за ствар на вкус и мислење. А интелигенцијата, емпатијата, знаењето и љубовта не можат да ни ја земат со никакви долни провокации. Ова ќе е последен пост за подолго време во кој ќе им посветам било какво внимание на сличниве од било која средина, и сето негативно неверување и шок од нивните постапки ќе го заменам со восхит кон сите оние прекрасни луѓе со отворен ум кои се множат, меѓу кои и скапоценото човече што неодамна го запознав.
Сакам да кажам дека животот е убав и дека умирам за спиење ама креветот е далеку па дур легнам вака ќе пробвам време да тепам. И зошто ми прај смисла фразава "време да тепам"?
Откако добив еу пасош не ни знам каде ни се забутани мк пасоши се додека сега видов дека маж ги џитнал во некое небитно ранче да стојат да факаат прашина се дур не се појде на мк граница. Сега сваќам колку е битен еу пасошот. Веќе години поштено не сум го ни погледнала а никој ама никој и не ми го барал па сум го ставила на забутано место.. Навидум 2 3 години на аередром поминувам госпотски во еу линија додека за визите е друга прича, што сакате мислите си али чуството е убаво, слободно Се осеќаш слободно да одиш кај што сакаш и седеш колку што сакаш Па онда си правиш планови до следно патување Либерте
Fyrom е земја каде шофер во автомобил збори на мобилен, без појас, му свири на пешак кој поминува на црвено и му се дере кај одел и не ли гледал дека е црвено. Fyrom не е држава, Fyrom е state of mind.
СДК Ако погледнете малку подлабоко и се обидете да ја сфатите суштината на нештата и зошто се тие такви какви што се, ќе забележите дека вашата вредност се искажува преку зборовите кои ги употребувате за обезвреднување на другиот. А законот на кармата е само гратис. Simple as that Ах да, и уште нешто. Промена во животот за 180 степени е всушност кога сè е спротивно од почетната позиција, а промена за 360 степени е кога сè е поинаку во однос на почетокот но не мора и неопходно да значи дека е спротивно од почетното. Едноставно е различно, но не и спротивно. Значи постои промена за 180 и промена за 360 степени, со тоа што оваа вторава е нешто како нов животен циклус Имајте исполнет ден и бидете реални. И денсајте малку повеќе Помага во редуцирање на стресот, ви ветувам
Ме сретна еден постар човек на улица во еден град. Сигурно имаше над 70 години. Ме погледна и ми рече "Девојче, извини, не си од овде, нели? Можеш да ми кажеш од каде си?". Имаше нешто нешто неверојатно пријатно во очите на тој човек, некоја ненадејна искра. Ми вика "Личиш на мојата баба, имаш иста коса како нејзе". По кратко зборење излезе дека навистина сме некои роднини, веројатно и не толку далечни. Беше малку спешл сноуфлејк момент, морам да признаам. Често ми се случило луѓе од местото на живеење да кажат "Знам чија си, иста си како татко ти", сепак, никогаш не ми се случило нешто вакво со тотален странец. Се прашувам често од каде ни е потеклото што носи толку јаки генетски особини да во секоја генерација барем еден од членовите на семејството е "типичен претставник". Дали и моите деца ќе имаат овие генетски особини што неоспорно ги поврзуваат за оваа фамилија?
Многу убава паралела може да се направи со серијата Наркос и Македонија во последната деценија. Со помалку кокаин и оружје, но суштината е иста: корупција до последен човек.