СДК се фатив во момент рандом девојче во автобус да го гледам и да се смеам од срце бидејќи беше целото шминкано со кармин,а дали имаше и една годинка,ме потсети на внука ми Претходно,додека чекав автобус,помина автомобил со отворен прозорец,а од него ѕиркаше едно кученце,значи стоеше со извадена глава од прозорец исто како човек,и тоа ме насмеа од срце,ептен слатка слика беше #ПозитиваНаДенот....
СДК само Македонецот може да му зарие нож во грб на побратимот Македонец. Попредавнички народ нема да се роди. Чест на исклучоци.
Веќе пола саат сум на базен што е за мали деца и пубертетлии. И да ви кажам има различни видови мајки : - дошла со купачи од 2 одд МАА ци*ка и дигнала нос како нешто да и смрди (детето само си игра) она гледа дали некој ја гледа -дошла и решила да не мрда од место и само маа со главата ако децата и одат на другата страна -е оваа дошла и мислам да ми просте Бог си го мразе детето оно сака у вода мало е се плаши плаче оваа се мршти и се врте на друга страна битно се изназборе на телефонот. - овоа е мајка над мајките (турчинка) само она вика само она мачка дете нејзиното треба да има простор оно смее со туѓите докулатки да си игра а со неговите никој несмее. Нормалните мајки не ги коментирам браво за нив.
Уште неколку интересни грешки при пишување на телефон - Јајца варени ги сакам со тврда ѓупка... (жучка) - Какво убаво маже видов... (маче) - (му пишувам на либе) Ти си моја супа ооор, суша (не не, душа треба да стои) - (пак му пишувам на либе) Наместо Те сакам по грешка внесувам Тр и од тоа Трајан со аутокорект И така испадна: Трајан Те сакам ( а името ни малку не му е слично со Трајан) - (Што правиш?) Ебе, серам (Еве седам) Продолжува...
Периодов исполнет со обврски, едвај имам време за себе. Но ми се допаѓа текот на настаниве, сакам секогаш да биде вака.
Бев скоро на свадба. Непосредно после вечерата, играв на едно од ората. Малку луѓе играа, некои од нив се уште јадеа, а тие што беа нагостени не им се играше, најверојатно им паднал пристисокот. Додека играв забележав нешто интересно. Таткото на невестата седеше на главната маса и смирено го посматраше орото. Можеби и не го посматраше, можеби гледаше во некоја неопределена точка од просторот. Човек во поодминати години. Челото му беше збрчкано, очите малце натажени, косата бела. Изразот на лицето му беше недефинаран, но толку експресивен. Не беше уморен. Среќен беше. Луѓе, тоа беше најсреќниот човек што сум го видела во животот. Толку среќен што немаше потреба да го покаже тоа. Посреќен од тие што играа, посреќен од тие што јадеа и пиеја. Таков мир на душата од лице му се читаше. Седеше божествено смирен, речиси незабележан, и всадуваше желба кај секој што ќе ја препознае неговата среќа да посака да седне до него и да го гушне. Ваква среќа ретко кому му се случува. Велат дека човекот е вистински среќен кога е среќно неговото дете. Инаку, тетка психологија вели дека не сме способни да препознаеме нешто, што директно не влијае на нашата личност. Нема да имам можност го видам татко ми на мојата свадба, ако некогаш се омажам. Дванаесет години без него. За месец од сега требаше да му биде 52-ри роденден. Почивај во мир тато.
Првиот ден Партизаните ја зазеле шумата. Вториот ден, Германците офанзива, ги истерале Партизаниве и тие ја зазеле шумата. Третиот ден, Партизаните офанзива, ги истерале Германците и тие ја зазеле шумата. Четвртиот ден...рипит Петтиот ден...рипит На шестиот ден, дошол Шумарот, и сите ги отерал у пи*ку матер!
СДК Ако некад ве прашаат дали сте за Хитлер или Тито одговорете им со прашање.. А ти каде би одбрал/а да бидеш на Голи Оток или во Аушвиц?
Не бе свесна дека човек може толкава љубов и приврзаност да чувствува кон нешто или некого се додека на свет не дојдоа моите бебиња. Животот ми го променија . Го сакам и сопругот и родителите, ама ова е поинакво сакање. Неописливо и непознато. Одеднаш дупла среќа. Они двајца се дел од мене. Како мали зрнца веднаш под моето срце растеле и се развивале а еве ги денес ги држам во раце. Иако не сум ни спиена ни јадена ни одморена како шо треба , сепак мислам одлуката за раѓање требаше да ја донесам порано. Не жалам за времето пред да се родат. било и поминало. Поминале и забави и патувања а сега најбитни ми се само тие тројца...сопругот и двајцата синови.. Нашете семејство стана дупло а дупла е и љубовта во моето срце
Колку е жално кога оној што треба да ти биде подршка во животот,те турка на дното те условува и заканува дека нешто што трае со години би било разнишано поради тоа што ти сакаш да успееш на одредено поле од животот. Се разочарав скроз
Сум слушнала у секојдневна комуникација вакви прашања, познавам и такви кои се наци и ја подржуваат идеологијата ма Хитлер и такви кои се тврдокорни комуњари кои жалат по Тито, па ја би им го поставила тоа прашање.
Никогаш нема да ги разберам луѓето кои се замараат и ги анализираат сите, собираат материјал и после тоа со роднини, пријатели или еве на форум раскажуваат со чудење или гадење одредени ситуации. Која е потребата да мозгаш зошто некоја не си го гледа како што треба детето (ова по твој критериум само), зошто некоја има длабоко деколте или краток минич на свадба, кафич, по улица и сака да привлекува внимание. Зошто некоја дур седи со детето седи на нет или збори долго време на телефон, зошто некоја рано се омажила или решила да не се мажи воопшто. Зошто некоја родила рано или касно дете, или па воопшто не сакала да роди. Гледајте си ја својата работа и својот живот, гледајте вие да не правите грешки и да бидете добри во тоа што го правите.
Од моето досегашно скромно животно искуство сфатив дека сите луѓе стареат, но не сите и созреваат и дека човекот не учи од своите грешки. Не, напротив. Човекот учи од своите успеси.
Срамота е да не знаеш дека при удар, со неврзан појас, ќе летнеш низ шофершајбна. Срамота е да не знаеш дека тој појасот не е измислен за да те казнува полицаец, туку за твоја безбедност. Не треба да ти каже закон или казна, дека не се мине на црвено, затоа што ставаш во ризик и други возачи, и пешаци и себе си! Кога ќе загини после некој, сите скокате возбудени: Како е можно да се случи тоа!??!? Епа од вакви основни непознавања.. од непознавања кои се за наша лична безбедност првенствено!! Онаму некои ме убедуваат дека било убаво полицаецот да ти ја скине казната.. да си фатиш врски... да 'средиш' работа... Срам невиден! Фрапирана сум!!