Коментар добиен од детенце , за мене е најтоплото и најискреното нешто .Незнам дали бев денес баш толку убава, ама се оссетив баш -убаво.
Е,Спешл не просветли со постов.Се познав и јас. Утре годишен математика,прв час и тоа.Ја,еве,седната со еден куп листови,книги и тетратки од почеток на година до сеа,лаптопот пред мене и решавам прашања од екстерно,а у позадина Дивље Јагоде си свират,да биде све у тон,де. Поише пеам него што решавам али ајде.Feeling like Тифа. Само да извадам тројка или погоре,оти ако не,ќе биде после немаше спас и опасно беше. Решив 50тина задачи,ќе видам што како понатака.Позитивни мисли на прво место де,а вештина за решавање на второ. Пуштајте цела среќа,луѓе. Заувек твооооооооој
Аххх...срам ми е што сум човек. Биваше ли баш човекот да е најрасипаното, најбедното, најодвратното, најсебичното...створење на светов? Леле неможам да се изначудам какви све не гмизавци живуркаат околу мене...За да си го заштитат своето газе, ќе ти го ,,сместат,, тебе ни крив ни должен, па ќе ти се лигават после во фаца...Мене ми е срам кога ги гледам. Најди им го крајот Господе, да не им станам господ јас, па да им пресудам.
Знам дека секој има различно мислење и тоа треба да се почитува, нели... Ама кога некој ќе каже нешто што ми е тотално неприфатливо и не се согласувам, не можам да се воздржам.Веднаш ќе почнам да зборам и да зборам додека не сфатам дека претерувам. Со сите сили ќе се обидувам да докажам дека сум во право.Ќе испаднам досадна зошто нема да престанам и ќе го нервирам соговорникот. Во принцип не сум инаетлива да се правам само јас паметна но во вакви ситуации не попуштам.Додека не излезе надвор од мене тоа што го мислам нема да бидам мирна.
СДК колку ми е тешко денес..не се чувствувам убаво..тажна сум.. Цеела ноќ повраќав и имав проблеми со стомакот..ама најјтешко ми беше сабајлето кога се разбудив. Заѕвона алармот на мајками за на работа..се разбудвам и јас (не дека спиев)и ја гледам офка и се мачи да стани од креветот..се стрчувам и ми кажува дека не можи да стани дека ја боли цела лева страна..ми рече дека ја болел бубрегот и тоа многу..јас се преплашив..таа здрвена не можеше да се мрдни од креветот,плачи од болки..Незнаев што да правам,па и реков да не оди на работа. Па ајде се јави и му кажа дека не можи да мрдни од кревет и дека нема да оди на работа. Дојде време јас да одам на школо..станувам се спремам и мајками ме гледа и ми прави каде одиш..и кажувам дека одам на школо..ме гледа и ми прави каде ќе одиш ваква салам немаш спиено и знам дека ќе се грижиш за мене..И ми рече не оди..види се каква си цела ноќ повраќаш. Дојде и браттми и рече дека во 8ч бил на факултет..и решив да не одам на школо..едноставно не можев да ја оставам мајками сама во таква состојба дома..! Па потоа пополека ја однесов во болница т.е и помогнав..и испадна дека мускулите и биле едни над други од премногу работа..па ајде снимање,па ајде инекции и 300 чуда Еве ја и сега не можи да стани салам од кревет..а јас неможам да ја гледам таква..жал ми е..А и плус тоа јас да имам само обична настинка таа над мене останува по цели денови..и навистина не би било фер да ја оставам сама во многу тешка состојба..а и не сакам да ја оставам..сакам само побрзо да оздрави
Значи мρазам да гледам вести на сител бидејκи освен κој умρел и κаκо κе се појават болести и се најлошо се κажува во нив со цел да се одвлече вниманието од многу дρ ρаботи за κои тρеба да бидеме инфоρмиρани.Го ρазболеа психичκи наρодот со тие гρди вести.
Значи по трет пат прашувам,како може песната т.е. текстот на песната Болиш од Брејк да има логика? https://www.youtube.com/watch?v=AeGml71f_Ks Песната иде-Пробај да те болам,исто како што ме болиш ти...Ова ни литературно ни никако нема смила ниту пак точност.Ако може некој да ме просветли,ве молам а знам дека ја слушате бидејќи ја постирате во темите од Музика? Ептен ми оди на живци Спојлер Ти е*ам и песна и се
Ќе ги тужам Сител и Канал 5 за лажни вести и стварање на паника кај народот. Невреме ќе имало да не сме излевале од дома без потреба(ова за вчера беше), а јас сум таква паничарка што толку ме фати страв и не ни отидов до библиотеката да разменам книги. Сега повторно најавуваат за утре да има невреме. Па нека има бе луѓе доста паника меѓу народот не е само за нас за цел балкан е. Ако во Србија и Босна имаше такво невреме не значи дека и кај ќе има иста таква ситуација. И лани и преклани и многу години наназад имаше полави струмичкиот регион беше цел полавен, земојделието на луѓето им беше поплавено, луѓе плачеа на ТВ ама никој не крена ваква паника. Само да се кажело нешто без да се размисли. Заклучок: Не гледам веќе вести
*Нема логика а и нема правда, лето иде јас настинувам, ова може само мене да ми се случи Грлото ме гребе, синусите воспалени, носот ми тече, тешко ми е на очите, чувствувам дека ќе ми се покачи темературата, е јбг. *Најважно од се е што имам ново глушче, ауууу сега лизгам со него 100 на саат, го штракам, го милувам, го силувам. Редно беше да просурфам без нервози и тегнење на кабли. *Туку, сакав да кажам дека се појавил нов мет на пазарот во Германија, со вкус на јагода и чоколада, па децата лесно можат да паднат на неговиот лажен изглед. Се дила во училишата, па се стравува дека ќе се прошири и на Балканот. Внимавајте и не се препуштајте на тој порок. Видоа од Волтер Вајт блу мет, па сега измислија и црвен-јагода мет *Инаку, имам желба да отидам во Албукерки-Ново Мексико или Аризона, да си купам едно камп-комбенце и да почнам бизнис со мет, со ванила вкус, таков мислам дека нема на пазарот. Кога мистер Вајт успеа да наполни гаража со долари, мене ми е доволно да ги наполнам пластичниве фиоки од купатило (за почеток)
Де бе цеца, што си се напнала вака 1. Писателот сака да каже дека таа му ствара болка. Таа болка ја поистоветува со физичката, или па и да не е истоветена со физичката сепак се акцентира нејзината силина. Ме боли тоа што ме удри. Ме болеше неговиот удар. И дирекно пренесената „вина“ на вршителот: Ти ме болеше = Ти направи да ме боли. Нагласување на тоа ТИ. Според мене прекрасно е доловен моментот што Брејк (или кој и да ја пишувал) сакал да го отпее. Ми се свиѓа необичната структура на реченицата и ми дава поголема моќност. 2. Ако со анализава не ти го задоволив одговорот што го бараше. Еве ти уште некој податок за да не и се нервираш на песнава и да моеш мирно да спиеш : Тргни од тоа колку странски песни не се граматички точни но се прогледува низ тие неточности ради подобар приказ на звучноста на мелодијата. Во прилог ги наведувам: the way i are http://www.youtube.com/watch?v=na5lX4L8ov4l и поемата Гарванот од Едгар Алан По http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/12/blog-post_29.html која буквално би требало да е преведена Гавранот, но е прилагодена вака.
Ова со the way I are ми има повеќе логика бидејќи колку што се сеќавам од средно во англиската литература е дозволиво тоа. Инаку мораш да признаеш дека и на тебе ти нема логика баш,се гледа дека нешто штрчи Само не ми беше јасно како до сега никој не го рецна тоа?А убава мелодија,мислам ритамот... Фала ти на одговорот,ќе морам да го консултирам Брејк
^ јас пак мислам дека не е дозволива таква граматичка варијанта I are и дека тоа е неточна форма, скоро и да сум сигурна ( може треба да се јаваат овие филолозиве да не просветлат ) ...но не е ни битно тоа уствари, тебе за оваа на Брејк те интересираше, па ваљда најдобра варијанта ти е да си го консултираш него
Стандард- едвај чекаш да си легнеш, да се местиш удобно и да си пуштиш убаво филмче пред спиење, кога гледаш дека филмот од два гига се спушта со брзина од едвај 17 kb/s ...