Мајка ми повторно е упорна со муабетот дека мора да излегувам и да си најдам дечко.Премногу време сум поминувала со мачињата. Е,што да правам ? Занимација ми се,ме смирува нивното мрморење и предење. А,може ќе звучи чудно,ама повеќе респект осеќам од животните отколку луѓето околу мене. Како повеќе да разбираат..... Јас си се држам до своето.Постојано им велам на моите дека не ми се брза да си фатам дечко.А,често ме напнуваат и да полагам испити и да си барам работа.Па,им кажувам,полека не можам трите работи одеднаш.Приоритети ми се завршување факултет и потоа наоѓање работа. Сешто гледам во врските на моите најблиски.Страшно и болно е ! Затоа се плашам од врзување.И не ми се брза. Дури и ако во иднина си најдам дечко и се омажам за него,пак ќе сакам да сум опкружена со моето семејство. Пак ќе барам родителска љубов од моите. Друго нешто. Приметив дека на овој и други форуми,па и на ФБ,многу бремени жени се жалат дека качуваат многу килограми,дека имаат пореметен притисок и дека имаат болки.Не знам дали се свесни дека звучат како да ги обвинуваат тие неродени,невини души за сето тоа. А,бре,ало,тие неродени души што ги носите не се виновни за вашето нарушено здравје ! Па,ако ви пречи тоа што ви се случува,не требало да забремените,туку требало да се штитите ! Може некои ќе ме хејтаат поради моево мислење,но такви госпоѓи не заслужуваат да имаат деца ! Детето е милина,детето е слаткост,детето е светлина,детето е добрина,детето е убавина во животот на родителите ! А,како и за секоја друга,така и за оваа убавина се трпат болки !
Konecno dojdov vo Makedonija na odomor edvaj cekav da se vidam so drugarite inaku ziveam vo Italia a forumov mi go kaza bratucetkata pozz do nea
Знаеш дека си прешол македонска граница кога патот е дупка до дупка. Чисто онака како добредојде назад у државата.
СДК дека нема поубаво чувство да те разбуди бакнеж од најубавото мало усте, проследен со "Мамо, стани - светло е."
Денес...ова денес ич не ми се допаѓа. Премногу сериозни,детето во луѓето седи да,но полека изумира. Се убива. Зошто сме вакви? Муабетите до негде се како порано,но сепак се осеќа празнина.Како да немаме повеќе теми за разговор,како да има некаква непријатност во воздухот. Немаме пари.Немаме,зато на кафе онде сите испоседнати. Немаме време.Да,за едно дружење како шо се пеј во една песна:за она добра,добра стара временаааа....немате? Луѓе со негативна енергија.Толку глупи или досадни не знам како да именувам некој друг епитет шо не сфаќаат дека не сакаш да им си во близина.Кој сака негативност? Кучињата да се сотреле,мачките да се истребат.А шо ви згрешија? Тие имаат мозок како вас за да промислат дека се плашите ако ве каснат или гребнат?И решението според вас е смрт а?Па со таков мозок и врапчето е попаметно од вас. И љубовта се губи.Во тишина.Како рекол Тимберлејк: Sometimes the greatest the way to say something is to say nothing at all. Жалосно,ал вистинито таква ни станува реалноста. Се наближва пустина.Побитен е мобилниот,инстаграмот или некоја игра или серија на лаптопо.Шо да не грешам?Да не ве налутив со вистината? Има луѓе да.Ама ретко.Како викаат...ендемичен вид.Е тоа. Нема прошетки по природа.Смешен испаѓаш ако посакаш такво нешто.Зградите се битни,улиците со колишта и ѓубре расфрлано наоколу.Култура. Своето не го поддржуваме,туѓото овошје било поарно.Ма иди бегај молим те. Статус кво сме.Знаеме бе.Сфаќаме бе. Шо сфаќате бе,шо знаете полноглавци? Знаете дека ништо не знаете. Дотеран да си е најубо,слушате музика на најјако како којзнае каков коктел од дроги да сте начукале.А тишината?Ужива ли некој во тишината?Се радува ли некој во боите шо ги прај небото?Се загледува ли некој во ѕвездите?Сака ли некој да ја истражува природата?Да ужива во нејзините креации? Ваков да си денес ќе те напрат дека си тевеќелија,тралалајка,шутарка. Сите со стресој,со болести,со грижи,со проблеми...До кога бе?И зошто ваква промена? Ова денес е грдо.Џубре.Гнаса. Она од порано,тоа едноставното,тоа простото,тоа наивното,таа смеата,таа радост,е тоа е тоа.Тоа е живот.Живот кога пиеш вода од црево,се валкаш и не носиш бактериски гел,немаш алергии на дрво,на гојдо или шо уште не,она игра со карти,седење до доцна ноќта со весели муабети со дружење,кога секој роденден се памти и се слави како да е твој,кога прегратките се топли и долги и искрени,кога се беше вистинско...тоа е живот сунце ти калајсано.Да не ве навредив? Ми е гајле. Ја кажувам вистината.Боли?Епа размислете зшо ве боли. Ова денес-НЕ! Она порано-ДА! Да продолжвам да пишувам? Детство со мобилни,а не детство со топка? Ќе прекинам.Бидејќи џабе и го пишувам ова.Од едното влегува,од другото излегува. Бидете ми поздравени и на сите им посакувам растур на секое поле.
Бебето не е криво ако мајката јаде ко стока. Со опроштење. Јас јадев исто така како стока. Не можев да дишам од тешко. Бебето не ми беше криво. Мојот апетит и досада беа.
Ако 'да пораснеш' значи да ја изгубиш емпатијата, креативноста и жарта со која си влегол во светот, тогаш јас сеуште сум 'дете', на 40години. Викајте ме наивна, викајте ме глупава.. прифаќам.... Ќе опоменувам неправилности, дури и кога се плашам и гласот ми трепери, до последниот мој здив... Но никогаш нема да се откажам од идејата дека светот може да биде поубаво место... за сите нас.
СДК,дај му на човек прст,цела рака ќе ти побара,па и ќе ти земе. Алчноста е најприсутна на светов. Само пари и моќ се посакуваат. Љубовта испарува.
СДК менталниот склоп кој не окужува во оваа наша мила ни државичка не ми се бендисува. Премногу еднолични луѓе, полтрони и слепи следбеници. Исти неизживеани политичари, гладни за моЌ, позиции и пари со никаква визија за подобра иднина. Младината збунета и изгубена (секоја чест на исклучоците), старите намачени и исплашени. Воздухот загаден, болниците пред распад, дупки на улици, затнати шахти. Дел од денешните инспирации
Не ја сфаќам таа потреба кај луѓето, постепено или во еден чин на вандализам, да расипуваат и уништуваат јавни добра. Столпчиња на тротоар, сообраќајни знаци, спортски игралишта... а најмногу па оние детските игралишта во кои треба да уживаат и се дружат најмалите. Што им пречат вакви корисни работи на луѓево, жити сѐ?
На жалост, тоа не се возрасни луѓе, туку тие вандали се истите деца кои играат секојдневно на тоа игралиште и малку постари деца, кои се собираат машки и женски и се прават важни.
Луѓето наоѓаат време само за оние за кои сакаат да пронајдат. Не им верувајте на оние кои велат дека се премногу зафатени со обврските. Тие да сакале ќе одвоеле барем малку од своето време за вас. Ај со здравје...
Го враќам времето неколку секунди назад, и размислувам каков остаток од животот би имала ако не се грижам толку за иднината и се полив со кафе...
Колку побрзо го прифатиме тоа дека никој не ни го должи нам неговото време, толку подобро, дури и ако сме му го поклониле ние нашето време кога му било потребно. Живот без очекувања е слобода. Живот без желби е слобода.