Кога во темава цитирате нечии други зборови или кажувате некоја мисла, односно тоа што сте го кажале не е ваше лично размислување и ваши зборови, нели е подобро истото да го ставите во наводници или можеби италик букви? Сепак не е исто дали е кажано од вас или копирано.
Ако мислеше на мојот пост и на членот два поста над мене, ако забележиш мислата е различна, дури и спротивна на некој начин, само се однесува на иста ствар. Тој вели дека „Ако некој каже дека нема време за вас ве лаже“, јас велам „Никој никому не му е должен да му посветува време“. Тој ме инспирира, но не сакав да го цитирам, за да не си сфати лично, а генерално го мислев тоа, не лично кон него. Ако ова не се однесуваше на мене, јас длабоко се извинувам.
Не се однесуваше за тебе, кажав општо, затоа што сум приметила во темава копирани мисли, анегдоти и други работи што се познава дека не се лично мислење.
Знаеш дека одиш кон македонска граница кога : 10 држави успешно си прешол а на македонска граница не само што чкаш 3355 саати туку згора на се почнуваат да се прават ко не знам кои да се и да те условуват, да си бараат, да се понашаат арогантно и пред се да не се у кабината оти отишле на забранета пуш и кафе пауза оти така им се сакало. Јас ова после 10 држави успеав да го преживеам. Царина: имаш ли некој лист за боравак? Маж: еве Царина: аа не знам јас што е ова ама треба да е македонски боравак Маж: не сме у босна бе!!! Знаеш дека одиш у мк кога: у сите вциња има ужасна смрдеа и се ужасно неисчистени Знаеш дека одиш кон македонија кога: царина: абе имаш некоја чоколатка, нешо благо? Притисок ми падна. Знаеш дека одиш во македонија кога: се ти е така разурнато, шуто, распаднато, искршено.. со исушено зеленило со и без зеленило... Знаеш дека одиш во македонија. Кога осеќаш дрмање испод пат и без да погледнеш од џамот Едноставно знаеш
Ja dojdov sabajle od Italia imav zemeno dva paketa kafe i na makedonska granica morav dva komada da ostaem katastrofa a za ova drugovo skros si u pravo
„НЕ си го бара самиот/самата“ мајндсетот, освен на сексуално вознемирување, треба да се прошири и на други ситуации на емотивни навреди и повреди. На пример, многу мирни и повлечени деца и тинејџери со мал круг на пријатели и чудни интереси, не заслужуваат булинг од свои врсници затоа што се такви и зашто не можат да се одбранат. Или пак, ако некој се отвори за свој психички проблем, лична трагедија или ранлив период - не е воопшто негова вина што не продолжил да чува во себе, ако бесчувствителна личност го исмее и искористи тоа против него. Сите сме биле барем еднаш во некаква ситуација на жртва, во која јасно е чија е вината при такво идиотско однесување. Никој не е виновен за тоа што е и за довербата во основна човечност што си дозволил да ја има за луѓето. Треба повеќе да се учиме сите да сме луѓе со емпатија. Самата потреба и совети за претпазливост за сѐ и сешто е доказ дека нешто не е во ред со човештвото.
И болката ќе помине, само мислата ќе те доразболи. Така сум болна, од прелада болки, а од мисла на смртна постела. Здраво фемина. Разговорите што ги имам, средбите деновиве, ужасни се, навистина. Па што да пишам? Дека Велика Британија има прекрасни патеки за пешачење, низ кои може да ги поминете и Шкотска и Англија? Пак некако мислата кон тоа ме влече. Дека уште едно полноќно сонце измина, а јас се уште сум далеку од патување кон Норвешка? И што со тоа? Што ако видиш, што ако мириснеш, што ако вкусиш, што ако прошеташ? Така ми велат. Гладна сум. Читам, тогаш кога ќе излезеш од својата комфорна зона, тогаш ќе сфатиш како е да се чувствуваш жив. Да пробам да дадам отказ, да видам како е Параглајдинг на Водно. Не верувам дека стравот од височини се надминува со соочување. Особено ако стравот е проследен со вртоглавици и слабост во нозете. Може само да си приумреш, а не да го победиш. Страв и болка. Хах. А сакав да пишам за тоа колку се досадни полжавите, затоа што буквално секоја јагода мораат да ја гризнат, а не ја јадат цела. Зарем сме нешто ние луѓето подобри? Ајде...да работам. Не ми се работи Вие... не мислете многу.
Годинава немам прилика да го завлечам едниот дел од купаќите навнатре in my butt cheek, oнака спонтано и да се сликнам, и зато летово го прогласувам за неважечко
СДК... Имајте добра мисла за да имате добар ден. Единствена позитива што ни остана на располагање за да се справиме со секојдневието...
нЕ нИ тРеБа фЕмИнИзАм нЕ мУ нАмЕтНуВаЈтЕ нАчИн нА жИвОт нА дЕтЕ нЕ нАмЕтНуВаЈтЕ сЕкСуАлНоСт Истите луѓе:
СКД кога на инвалид со трајно неповратно оштетување на долни екстремитети некој му вели еден ден ќе одиш...абе машта може свашта. Мотивација и муда и ете можни се сВи чуда не се сите со широк мајндсет ко тебе,повеќето ќе го изедат во поим тоа кревко битие. Имаше случај на булинг на Живот прича и детео се самоуби...и Влатче исто...и тие што го напињаа потоа солзи ронеа и како требал да каже да побара помош чоеков...Ох која иронија. Не не е народот и државата крива...ама кој да разбере,дојде умот ама ојде кумот. Ох иронијо,принцезите ја бакнаа жабата и тие почнаа да крекаат ама кој да им каже дека се само жаби сторено. Ако нека си мислат дека се лимитит едишн. Во тесен чикмак најдобро се гази никој не ти пречи ко си ја прчиш златната доцна во ноќта
Ќе објави слика на која ги истакнала своите атрибути. Ќе објави слика на која е насмеана и нема атрибути. На втората ќе добие пола лајкови во споредба со првата слика. Автоматски ја брише втората слика бидејќи нормално не стигнала 100+ лајкови. До кога лајковите ќе играат толкава улога во нашите животи? И до кога луѓето повеќе би ставиле лајк на облини отколку на среќна насмевка?
Додека царува ох иронија и влатеат двојните аршинатури. Ама па и до самите нас е...кој што ќе ми речи и лајкова,ај важи
Се будам и замислувам како одам на спонтано патување. Чудно. Никогаш не сум била на едно спонтано, ама знам дека ги сакам таквите патувања. На ваквата појава и наоѓам сличност со појавата на сеќавање на случки од времето кога имав само годинка, иако мама ми кажува дека тоа не е возможно. А јас ги гледам толку живописно случувањата што сум убедена дека можам да ги раскажам многу веродостојно. Ми недостига другарка ми, но се плашам да кренам слушалка. Во моментов мислам дека премалку сонувам за да можам да и бидам утеха. А толку сакав да и се подналутам затоа што си создава нереални чувства за другите и сомнеж за себе, но нешто во мене не ми дава да направам така. Наместо тоа, јас сакам само да и подарам прегратка и да ја оставам да сонува just for a little while. Периодов чувствувам дека сакам да делам прегратки. Најмногу посакувам тоа да биде на деца од домовите за сирачиња. Сакам да ги дознаам нивните причини за да имаш насмевки и љубов кои ги делиш без грижа дали ќе се истрошат, и покрај тоа што за нив немало некој што го правел тоа. Сакам заедно со нив да сонувам за уште посреќни денови и искрено безгрижни насмевки Песнава ми се врти во глава Имајте убава седмица Еден лек само лекува, тој што силно, силно верува Тргни и полетај без страв All you need is love