Таман реков барем малку ќе се спасим од топлото време пошто таму кај што живеам ова лето е најтопло +40 е дојдов во Македонија бетер е и плус еден куп комарци
Јас го кажав ова вчера вечерта, значи истите зборови. И после тоа во рок од 2 сати добив 7 пликови... Ама 7! Не се зезам.
Аутан мене не ми помага баш. Ме јадат и преку облека и преку аутан. Инаку тоа не е трајно решение, да се разбереме.
Не е, ама ете, пак е спас. Јас уште од дете не трпам каснување и секогаш се шлакам со нешто кога одам надвор летно време, а Раид уштекувам уште од април. Сега место Аутан ставам некој бугарски спреј, многу поефтин е, а ефикасен. Штом не испрскаа уште во март/април, па еднаш месечно потоа, отиде возот сезонава.
Што сте такви цепи длаки, сдс вети живот за сите. Под сите спаѓаат луѓе, животни, птици и инсекти. Оти комарците гладни да седат? Па и они заслужиле живот каков што вети сдс Мачкајте се со ракија.
И онлајн, и офлајн, сите се супер другарчиња, се додека глумат едни пред други... се додека се воздржуваат да кажат некому дека не се согласуваат со него. Не би можела да бидам пријател со некого пред кого треба да лажам, и кој треба да ме лаже. Некој со кој не можам да зборувам отворено, поради страв дека ќе ме осуди или нападне или навреди...
По присутвото на синоќешното свечено отворање на цвеќарница, понесена од спектарот на бои и мириси, на заминување си подарив букет кринови. Да... чекорев бавно и смирено низ темнината на летната топлина со луда еуфорија небаре сум добитник на Нобелова награда што сигурна сум дека чувството од моментот би било на пиедестал во споредба со вториот случај. Понесена со себе, потонав во сон од восхит и занес кои ми ја отсликаа убавината на четирите ѕидови низ една спокојна приказна создадена од нараторот во прво лице. Декорот од бела боја што го отсликува амбиентот и задоволството што си го приуштив и денес ми го распламтуваат расположението. Толку ми е потребно за да живеам со моето јас... П.С. Среќа е кога сам умееш да му дадеш смисла на денот без да очекуваш некој да го стори тоа.