Никогаш нема да подржам мислење кое мислам дека не е во ред, без разлика на тоа што личноста зад корисничкото име е особа која многу ја почитувам.
...Знаев.Бев сигурна дека ќе го положам овој тест,нормално не знаев со колку поени,но од оваа гледна точка јас го извадив од мене максимумот. Задоволна сум не сакам ни повеќе ни помалку.Мојот труд и успех си ги сакам и си ги добив.Сега полесно дишам.
Сè додека уште куп луѓе се смеат на т.н. хумор во кои жените се „кокошки“ и „змии“ (демек типично за полот е да зборуваат без прекин или да се злопамтила), а мажите се „свињи“ (кои сите се исти, површни, мислат само на секс и искористуваат)... нема да нè бидне.
Другарство. Да го создадеш ти требаат години,да го уништиш една секунда(Владо Дивац) Тоа кога на студеното ќе мрзниш и нозете,и прстите,и устата,ма ништо не чувствуваш на себе,само заради да правиш друштво на другарката дур да ѝ дојде автобусот. Тоа кога нејзиното смеење ќе недистига,она заразното,поради кое некој пат и ти самата не знаеш зошто се смееш,а се смееш оти е заразно. Тоа кога ќе ти пише машко,па те учи како да пишуваш кога прв пат излегуваш на дејт. Тоа кога ти мести роднини,другари за дечко. Тоа кога ќе шета некаде низ Македонија,па те вика заедно да шетате. Тоа кога милиони фотографии ќе направите. Тоа кога ја браниш пред нејзините дека цело време со тебе е излезена,а таа со дечко. Тоа кога имате тајна шифра кога сте со дечко,па за да не ве разберат кај сте си ја кажувате шифрата и се е разбрано. Тоа кога на секоја слава се берите. Тоа кога по цели денови и ноќи сте заедно,улица преку улица блиску. Тоа кога го шетате кучето низ чикмаци. Тоа кога на кафиња останавте,па и некаде на јадење. Тоа кога ќе седнете на вепеше и слушате некој бенд. Тоа кога те запознава со дечкото па и прашува за мислење. Тоа кога ја криеш од нејзините дека пуши цигари. Тоа кога во средно ѝ помагаше за се'. Тоа кога пеевте без врска,караоке,па пантомима. Тоа кога таа ти правеше фризури. Тоа кога ти идеше дома те дотерваше за свадба,кога си позајмувавте фустани. Тоа кога ти бара книга,па ѝ ја позајмуваш. Тоа кога си помагате на факс,иако различни факултети студирате. Тоа кога си имате таканаречено кружно гушкање. Тоа кога си имате љубов како да сте сестри. Е тоа тоа сега избледнува.Како обична проста реченица напишано на лист хартија која лесно може да се избрише со обична гума.Се повлекува другарството како плима и осека.Поради недоволна храброст,се губи и она детското,и она вистинското,тоа...ТОА ДРУГАРСТВО БЕ! Кога за секоја ситница зборавте,остворено се'.Е тоа сега го нема. Ѝ кажуваш нешто не е во ред со мене.“Не знам како да ти помогнам“,кажува таа. И не само кон тебе,туку кон цело друштво така.Сите сакаме да ја вратиме назад нашата стара детска радост што ни ја носеше таа,а таа вака една по една не' губи,не бриши...и што? Само на свадби,крштевки и погреби ќе се гледаме? На што личи тоа? Тоа го викаш другарство? На сите ни недостигаш,не си играј играчки! Кога на сите пораки seen даваш,на јавувања се јавуваш ама најдуваш изговори дека не можиш да излезиш,ваму ќе одам,не ми е арно и 300 други изговори... Ќе дојде ден сите ќе не' бараш,само дај Боже,тоа да не биде доцна... Бидејќи она што го имавме 6 години,тоа не е за во контињер душо. Другарството е мрежа која не смее да се сечи,мрежа која ќе се ткае цел живот,јазол кој не може да се одврзи,а не Гордиев јазол каков што сега се создава,со еден меч раскини се'! Не барам многу,само врати се...
Сега сфатив дека вистинските пријатели не се познаваат во неволја. Вистинските пријатели се познаваат кога ти е најубаво, а тие немаат никаква корист од тоа. Видов радост околу мене деновиве, вистинска радост од луѓе од кои сум го очекувала тоа. Видов и љубомора, коси погледи и болна љубомора од луѓе од кои најмалку сум очекувала. Ако, на сите со убаво да им се враќа. Јас би сите да се среќни
Гледам еден нов член напишал дека сака да се жени на 25-26 години. Дечкото има 17. Се замислив за ситуацијата која ја имавме вчера на форумот, за девојката која сакаше да абортира затоа што нејзиниот дечко ја забременил намерно. Ми текна и на една моја врска, кај што мојот бивши почна да хистеризира дека на 25-26 морало да биде женет и да се оствари како родител. Ми текна како избегавав сексуални односи затоа што знаев дека ќе се обиде да ме затрудни само за да ме земе. Го прашав дечково на темата зошто мисли дека возраста за стапување во брак може однапред да се испланира. Нормално дека мислењето ми беше избришано. Останува утре тој истиот дечко да забремени некоја девојка затоа што наполнил 25-26 години, а оваа уште немала абер за мажење. После ќе бришете пак во темите за абортус, ама ајде, нека ви е!
Не значи дека намерно ќе ја забремени. Не можеме сите да ги ставиме во ист кош, само затоа што тој сака да се жени до 25 години. Едноставно можеби сака да е млад татко и ќе бара партнерка која ќе ги дели истите желби и планови за иднина. И на 17 и на 30+ години ако некој намерно забремени девојка без нејзина дозвола тоа е до самиот човек и неговиот мозок кој така размислува (дека дете ќе му е гаранција за брак) а не поради годините.
Ништо не мора, ништо не е црно-бело. Исто како што ме мора да значи дека ако некоја до вчера сакала да се оствари како родител на млади години, истото ќе го сака и утре.
Многу често од луѓе што пијат кафе го слушам прашањето "Како ти се пие чај на толку топло време?". Температурата на вриење на водата е иста, без разлика дали е наменета за кафе или чај. На прашањето, чекам да ми се излади до преферирана топлина и го пијам. Исто како и вие вашето кафе.
Оној момент кога ќе доживееш твоите блиски или роднини да ти наоѓаат девојка и ќе почнат да ти покажуваат слики од девојки кои се ќерки или внуки на нивни пријатели. И следи она глупо прашање: Кажи нели е убава? На тоа прашање ти доаѓа да се полиеш со бензин и да се запалиш или да си пукаш во колено во најмала рака. И наместо да им одржиш лекција ти на прашањето одговараш само со: Да е жива и здрава. А би им кажал дека пред се бараш девојка која ќе те разбира и ќе се чувствуваш добро до неа односно ќе сте компатибилни. Ама зошто да објаснуваш кога нема да те разберат. Капак на муабетот е: А да знаеш колку пари имаат нејзините и колку имот и фирми, будала ќе си ако ја пропуштиш шансата. А не знаат дека ти ставаат само сол на раната и ти скокаат по ганглии .
СДК: Личноста што 24/7 ги цитира речиси сите членови на форумот изгледа добила бан Сега сите можат да коментираат без да треперат дека со брзина на светлината ќе бидат цитирани. Летото не е лето без да се емитува Тропски горештини. Кошулата на Ник е врв.
Порано она "Се се случува со причина" јас си го сфаќав како клише... Како некоја фраза што се употребува да те утешат или да утешиш некој во одредена ситуација. Ама како што поминува времето, како што созревам сфаќам дека стварно е така, па ја дознаваш и причината после одредено време. Така учиме од животот.
Секаде околу мене гледам ствари со една порака или смисла - I want more. Дури и на блузите од луѓето што минуваат покрај мене. Дури и на случајните реклами на интернет. И на ТВ. И на листовите од тефтерот. И во смислата на многу од работите што ги тумачам. Ќе шизнам. Ќе полудам од желбата и нагонот да остварам повеќе. А се чуствувам притиснато. Без храброст и во замка. И не знам како... Universe... Help!