Гледам фустани ,организирани по боја и по годишно време во кое можат да се носат. Минам со прсти низ нив, низ таа војничка прецизност. Гледам, прекрасни светови, насликани, поубави од оние во кои живееме.Слаба сончева св етлина се пробива низ процепите на ролетните и прави бледи линии на моето тело,додека лежам склопчена на креветот во форма на фетус. Се будам. И пак во овој свет.
Smile because it confuses people. Smile because it's easier than explaining what's killing you inside. The Joke(r)
Посебен круг во пеколот за "шофериштава" Скопски кои свират на тие што возат автошкола. Како може бре толку да сте идиоти, па и вие сте биле почетници и вие некогаш прв пат сте седнувале зад волан. Еве не мора попуштање оти некој е почетник, пробајте барем серковци да не бидете и да не свирите и пцуете по човек кој и онака има еден куп трема. Прееска на семафор му исклучи колата на едно машко, мислам дека ги расипаа свирките на автомобилите. Да не ви го сменат животот тие дополнителни неколку секунди, па и минута нека е, на мајка ви пичката. Знам дека делувам како некој прост човек со речников, ама не можам да се воздржам кога ќе видам ваква ситуација, ми доаѓа да ги расшамарам сите до еден. Ај барем тие истите да ја почитуваат сообраќајната култура, еден пешак не пропуштиле на пешачки, се претекнуваат и кај што смее и кај што не смее и возат како луди. Мрш.
@KateKane треба да ги казнат. 20 евра е казна за непотребно свирење. И јас истото го мислам деновиве. Јас сум пешак, не возам. Не се чувствувам безбедно во Скопје. Не застануваат на жолто се додека не светне црвено, забрзуваат кога им се гаси семафорот, не пропуштаат пешаци. Секаде кај и да сум отишла сум имала слобода да се движам како пешак без да ми биде страв дека ќе ме удри некој, овде мора 4 да ги отворам.
Meне полициско комбе ми улета во лента, од лева страна, а јас имав предност. На време нагло закоче инструкторот, иначе ќе се учукавме. Тој ден првпат возев низ град.
Од секогаш велев дека сонцето е задолжено за поимот среќа а дождот за меланхолија и осаменост, празнина.. Сега би рекла дека и во дождот има среќа, има некој шмек за убава насмевка, свежина и на некој начин топлина зачинета со шум од прегратки.. Ќе да е до среќата на луѓето, до самиот момент на доживување на емоциите, не е до сонцето. Колку сака нека грее и нека пусти од топлина ако си несреќен и разочаран џабе е сета топлина во него. Доаѓа одредено време во животот кога ќе сватиш дека и не секогаш ставовите можеш цврсто да ги задржиш за себе.. Секој еден период од животот па и дел од нечија доживеана секунда може да те промени.. Не е се вечно
Се сеќавате на таа приказната за бабата што побарала јадење од некои три девојки, а тие ја прашале чии раце се поубави? На крај излегува дека најубави се рацете на сиромашната работничка што и дала парче леб на бабата. Кое одделение се учеше? Трето, четврто? Е, чисто информативно, тоа е степенот на пишување на македонската литературна сензација, такозвани Драган Таневски... кукле. Спојлер
@DAngel @Tan4ence не ме радувајте и вие. Посебно случкава од Tan4ence, да земеш и да се убиеш ти доаѓа. Тие што треба да не штитат, тие први ќе не осакатат. Никаков ред нема овде, Диви Запад не ни е рамен. Тоа светлата кога ќе ги пуштат само за да поминат и да не чекаат на семафор па после кога ќе ги исклучат мислам дека притисокот 200 ми се качува. И мене ќе ме изгазеле за малку, сета среќа беше сред бел ден и не беше дрво направен шоферот, па успеа да ме заобиколи, а на пешачки си бев. Очите 4 да си ги отворите, кога можеше женичкана кај Зебра да ја соберат а беше горе на тротоар качена, ич за друго да не праиме муабет. Другарка ја удрија во Центар, внатрешно крварење и направија, имала среќа ненормална што е жива останата, си преминувала на зелено, ама со телефон во рака и не го видела типов кој бил залетан и на црвено ја удрил. Најискрено и најсериозно ви кажувам да не се исклучувате кога преминувате улица, максимално внимателно и вретете се лево десно убаво, оти на црвено може да ве лупнат и нема апсолутно никаква одговорност да сносат. За пешаците колку се безобразни, како истрчуваат и како преминуваат и тие на црвено, друг пат тоа.
Кукле крипи е. Инаку пред некој ден видов дотичниов има издадено 5/6 книги зарем го чита некој сериозно?
,,Она што го најде ако е направено од чиста материја, никогаш нема да изгние. И еден ден ќе можеш да се вратиш. Ако, пак, тоа било само миг на светлина, како експлозија на некоја ѕвезда, тогаш нема да најдеш ништо кога ќе се вратиш".
А ова "Посебен круг во пеколот..." многу ви е интересно да го пишувате по сите теми, а? Ок, да се разбереме, не е интересно, досадно е.
Се извинувам на цел форум,во текот на овие 5 години колку што сум зачленета,за моите несериозни,односно несериозни искази,постови,статуси и слично. Нема да сум досадна повеќе со несериозности,сепак простете ми за сите реферати и гњаважи кои беа со несериозна содржина. Ве сакаме јас и Верка
Иако нема да ме читате овде... Девојчето со повредена рака,ти посакувам што побрзо да се опоравиш,и пак по ридиштата да трчаш.Се надевам нема да те боли интервенцијата на прстот На момчето со скршени прсти и неговиот татко...Се најнајубаво.Со лесно да ви е работата и секогаш да бидете така љубезни.И ви благодарам многу на можноста да си проговориме турски На докторот...Најголемо благодарам.Навистина ми значи што ме окарактеризиравте како амбициозна личност Ова е за ликовите кои ги сретнав во болницата,секаде не има,секој со својата приказна.
Ништо нема. Има ко да нема. Пууууф-празна кутија полна прашина. Кратко кажано со еден збор, рушевини.
Се разбравме, нема веќе така да пишуваме за да не бидеме досадни и интересно тебе да ти е. А имаш и друга опција, тоа е да ме ставиш на игнор, сепак 2018 година сме и демократско општество, може кој што сака да си чита.