Не му верувај на светот, малечко мое. Сите нивни зборови се лажни. Ако си згрешил нешто, можеме заедно да го поправиме. Повеќе нема да те оставам сам. Никогаш. Ако треба никогаш нема да излезам, но ќе бидам осигурана дека ти си добро. Знам дека се плашиш, престрашно е тоа што ти се случува, но освен да те гушнам и да ти кажам дека ќе биде во ред, ништо друго не можам да сторам. И јас поминувам низ истото, речиси секоја ноќ гледам нечија смрт, но тоа не значи дека навистина ќе почине некој. Ете, гледаш сега, тато е овде, те гушка, а не во ковчег. :hug Те сакам бебуш мој. : hug:
Дека периодов сите учат,па и јас да се пожалам.Овој предметот што го полагам утре ми е блокиран од страна на мозокот,потсвесно не го прима Читај,читај,решавај задачи,и одиш на колоквиум и се губиш Инаку за време на паузи се трудам да си го согорам салото на стомакот,ама мајка ми очигледно има друга идеја. Ми пратила пити,торти,мекици и не знам што,ми вика со лесно да ти оди учењето. Како море мајче со лесно,сакам да изгледам како девојка,а не како мало слонче.На ова таа ми вика -Е ако де,најубаво слонче си Ох,што да правам,маки големи И уште нешто да се пожалам,кога веќе ми тргна.Плановите да одам на викенд на море ми пропаднаа и сега морето толку ми е во мисла,што го сонував синоќа,јас на лежалка и си пијам кафенце И како по обично,не знам да завршам пост во оваа тема,па ве поздравувам со заразнава песна од рекламата: http://www.youtube.com/watch?v=oFJIenHfjK0
Sigo tranquila Like I'm on a beach in Anguilla Sippin' on Corona Like it's nothin' goin' on I ain't leavin' you alone What is meant for me No other girl is gonna take So keep them off
Сабајле одам на работа и таква никаква не гледам ништо пред мене, спијам уште, гледам луѓе собрани и автобуси, си викам тргаат вие на работа, кога наеднаш почнуваат да мавтаат со рацете и сфаќам дека си ги испраќаат децата на екскурзија леле ги гледам и многу ме разнежни глетката. Ме врати во времето кога бев помала кога си мавтавме со мама и тато се додека не се оддалечи автобусот Вчера одам кај баба ми и дедо ми и седиме во дневната, лафиме за невработеноста, дека тешко е да се најде работа, дека платите се ниски и сл. и дедо ми вика "Ние сакаме да ти кажеме нешто" си помислувам шо ќе ми кажуваат сега луѓево, јас треба тоа да им го кажам, мислејќи нели кога ќе забременам и така да им кажам "Ние имаме да ви кажеме нешто, ќе бидете прабаба и прадедо бла бла" и ме збунија, си викам вајда баба не е бремена и со пола уста им викам шо тоа и дедо ми вика сакаме внуци од тебе ја ваква, абе дедо немам работа како што треба, и почнуваат да ми зборуваат "ние ќе ги излгедаме и пари ќе ти даваме, нас не ни требаат" абре човек не бива така има многу трошоци за гледање, јас и цела плата да ја давам за бебето нема да ми стаса, не па за други работи. И они "абе рагај, годините си минат, додека сме на нозе да ти помогнеме" алооооо имам 25 години, има време им викам. Не бре брате си тераат они по нивно. Значи јас им кажав, за брзо време не го гледате тоа од мене ама ќе биде не се секирајте. И не правам веќе муабет на таа тема. Благодарна сум им многу за тоа што се понудија да ми помогнат ама јас бре не се гордеам со тоа, ако немам работа и домашните да ми ја гледаат фамилијата, не фала, не сум паразит. Јас кога ќе имам основа, па вие да ми помогнете тоа е веќе друго. А јас и мм да не работиме и деца да гледаме нема шанси. Па јас сакам се` да му пружам на тоа дете, сакам да има услови нормални. Јас не чекам кариера да направам и слично па после да му ја мислам за деца, ама барем да зимаме двајцата добра плата и да можеме да живееме нормално па тогаш може да размислува за деца. Јас не би можела да ги сфатам оние што се зимаат и прават деца а услови немаат, де бре, шо брзате толку, дома се туткате, не работите, се` од дома ви плаќаат, за шо сте се земале, да не ќе ти го земат мажот, а не се стари па да мораат, ама нивна работа не е мој проблем само кажувам мое мислење, не осудувам никој ама јас не би постапила така. Се` ќе си дојде во свое време. Пак ќе кажам, благодарна сум им на баба и дедо, што се понудија во секоја смисла оти знам дека има на многу што не им е гајле за своите внуци. Ветувам дека ќе ги израдувам , само да се вработиме и двајцата и да имаме пари за нормален живот
Има да ги изнапофалам Кумановчани Вчера за прв пат го посетив Куманово, имам поминувано покрај него со кола кога сме оделе накај Скопје, ама прв пат бев на шетање. Познав дека сме стигнале по една шарена зграда. Кумановчани, тој ваш дијалект и во сон некој да ми го збори ќе познаам дека е кумановски Од градот сум многу задоволна, убави момчиња, дотерани кумановчанки Во продавниците имате прекрасни и добри продавачки. Важно од Куманово си заминав задоволна, си купив што ми требаше. Жал ми е што не и кажав порано на Srckata28 дека одам во Куманово мош ќе се видевме... Како и да е, поздрав до сите Кумановчани и до сите што барем го посетиле Куманово
СДК интересен е животот, едни луѓе ти улетуваат други ги снемува и така. Не знаеш кого и каде можеш да сретнеш. И едвај чекам скрос лето да фати па да почнат и одморите, да се изрелаксираме максимално. И СДК Мари4ка ме изнасмеа со ова со „бабати да не е бремена“ кај ти текна.
СДК ... Ох Господе прости им не знаат како размислуваат, а и што прават!? И чувај не од ограниченост, закоравеност, од луѓе со стереотипни размислувања, со тешки предрасуди ... хаотична свест, без самокритичност и криза на сопствен идентитет! Луѓе, све отиде левели и левели погоре, човековата свест и разум бре никако. Аман, гледајте на поширока слика и прво фокус на себе и свој живот, со другите имајте коректен и релаксиран однос. Во спротивно станувате манијакални во секој поглед. Дајте им простор на другите, не гушете, не притискајте ... Живејте по опуштено. И другите така ќе ве прифатат полесно во секој поглед. ( "измотивирана" од реалниот живот )
Значи кога нешто силно очекуваш никако да се случи.... И кога најмногу се надеваш никако да биде бре аман.... ајде не очекувам веке па нека се случи Очекувам важен повик и телефонот не го испуштив од рака , така беше и минатата недела кога очекував еден повик абе телефонот не го оставив две минути од раце кога веке се одкажав и го оставив гледам пропуштен повик , па можеби и сега треба да направам така. Кога на нешто не се надеваш , не очекуваш не се ни разочаруваш а вака 300 мисли ти минат низ главата.
Значи не е можно кој талент сум. Добро бе, кај најдов да се заљубам сега??? Зошто баш сегаа зошто? И така периодов како шо ми е се измешано уште ова ми фалеше. Баш сега ја се заљубив коа имам најмногу за учење. Докажано е, не ми бега Старо купујем, и плус сеа си иам и подочњаци, црни па и ова старо купијем абе i'm metal as fuck. Ретко се сјебувам вака, али ко ќе се сјебам, се сјебвувам за сва времена. И плус сеа во ПМС сум, абе милина. Ииии денес ќе ме згазеше точак. И не ми е прв пат ова, ако ја не загинам од точак... нема кој. И тоа замислете ја сретнав и една жена со точакот што секојпат се судираме. Беше оддалечена околу 15 метри и јас бев кај една трафика отсротива од училиштето и оваа свири на тоа од точакот и се дере ` ејј девојчее пазиии`. Боже сачувај. Ај ауфвидерзен. Сега ќе го земам јажето и одам на тераса, немогу више. Ќе си играм Тарзан! :geek:
Досадно ми е. Цел ден така и едвај чекам дома да си појдам, што не се случило. Сакам само да се одморам. Ми се чини чувствувам таков психички умор, што се доживувам како во сон. Ми треба, е ова : И дечко ми, другарки, журки, безгрижност, забава, плажа, сонце.... Убавини. Милина. Ај да ве носам
Ме уморуваат деца кои на толку млада возраст се лигават за дечковцки,раскинувања и скршени срца.Пателе,тешко им било,цмиздрат ко да е крај на свет. И што да им кажам? Едино ми иде да им залепам една и да им се издерам да се освестат. Па ќе се жалат и ќе кукаат. Па побогу, баба ми на таа возраст со толку болести и проблеми не се жали толку. Па сакале втора шанса,па ќе трчаат по него,па ќе му се лигават зашто раскинале, па он и бил се и сега она е скршена. Фејспалм.
Си размислувам вака... Тргнувам од претпоставката дека сите ние сме индивидуални човечки суштества на некое одредено ниво, и си мислиме дека сме си едни и единствени, а од друга страна, биолошки гледано, сите сме еднакви. Јас не мислам дека сме баш еднакви, таа еднаквост би ја поделила на две групи, за да ми биде полесно да распознавам и класифицирам се што ќе сретнам низ животот. Едните така добро и квалитетно се наведнуваат и го следат сонцето, толку многу ме асоцираат на едно растение па затоа ќе ги наречам сончоглед. А, овие вторите, тие се толку лесни што одат како ќе ги дувне ветерот. Пак ме асоцираат на некое растение, најверојатно глуварчиња. Во земјава полна со сончогледи и глуварчиња, следната класа за биолошка поделба очекувам да биде муфлосан кактус, или нешто слично на него. Расипано, бодликаво и зелено.
Bчера прочитав една мисла Излупеното јаболко брзо ја менува бојата од срамот и голотијата. Денес некако цел ден ми се моткаше оваа мисла, за фактот колку е само точна. Бев полна со негативна енергија цело претпладне.Дури и колегите на работа ме приметија. Таква сум јас.Што на срце, тоа на лице.Ич ама ич не знам да глумам. Колку и да се обудувам да го сокријам моето расположение едноставно не можам. Па затоа им реков Доста ве засмејував јас за без пари ,ај да видам сега некој мене да ме насмее. Сватив барем едно ,душевната болка никогаш не поминува.Понекогаш само помалку боли. Денот кога ќе прифатиме дека треба да научиме да живееме со неа е всушност нашето второ крштевање. Мораме да се помириме со некои работи, за да продолжиме напред. Секој ден и ако навидум е ист,е приказна за себе. Нам ни останува да чекаме и да се надеваме на најдоброто само, секако и од себе да го дадеме најдоброто за да истото ни се врати еден ден. Решив да се опуштам, да не се замарам со небитни работи. А оние битните може и да почекаат. Знам рано е за годишните одмори, но јас ќе си одмарам без да знае никој.
Ги жалам кои се надеваат на успехот и среќата сами по себе.Бидејки успехот е дете на трудот,а секој е ковач на сопствената среќа.Ги жалам и оние кои мислат дека можат да направат место за себе во срцето во кое нема.
Е ова само мене може да ми се случи наместо на косата да ставам лак за коса јас право во очи прснав, фризура на трепки. Талент
Дојде летото, времето е топло уште од 7 ласот наутро кога одиме на школо, а и комарците почнаа да напаѓат. Денес утепав 2 оси. Во училницата имаме: пеперутки, бумбари што летаат, оси, пчели, пајаци и бубамари, а јас како херкулес ги тепам. Ако ме бара некој за убиство на инсекти, кажете дека не ме знаете. :geek: