Одејќи до продавница, ме среќава најслаткото и паметно детенце на комшии во зградава што често ме зазборува (6 год.) и ми вика – дадо, ти светкаат очите некако, баба ми вика дека така е кога имаш симпатија Ми го разубави денот
Пијам кафе со цимет,кокосово масло и мед. Едвај чекам да падне вечерта и да одам да се возам малку со колата
Она кога ќе тргнеш со машко у шопинг и завршувате ко шоп-шопинг. Мене роденден ми иде,ама јас частам и убаво ми е на душава.
Ah, yes... the quick and rash judgement... Секогаш ми е смешно кога луѓето наместо едноставно да игнорираат одредено мислење што не им се допаѓа, решаваат така смело и занесено да почнат да критикуваат и осудуваат, мислејќи дека знаат се, но всушност не разбираат ништо. Nothing serious... уште една иритантна карактеристика за човечките суштества која не ме изненадува, ниту пак ме разочарува... First of all, Р.Македонија е сметана за држава каде науката, особено подрачјето на астрономијата, па и сите останати гранки и аспекти поврзани со вселената не се развиени, и покрај тоа што постојат македонски државјани, особено младите, кои сепак се интересираат за истите, па некои дури и сонуваат во иднина да имаат кариера во целокупниот вселенски сектор. Јас, поради моето познавање на јазик покренав барање за научен проект овде, паралелно со научното истражување кое започнав да го спроведувам, на кое домаќин е еден од научните институти во земјава. Јас можеби сум мизантроп, ама сепак цврсто верувам во тоа дека секој, без разлика од која држава потекнува, треба да има можност да го изучува она научно подрачје кое го интересира - така, бидејќи имам одредено искуство, се одлучив овде да посветам внимание на одредени вселенски подрачја, кои на почетокот беа добро прифатени и имаше позитивни резултати. Second of all, причината поради која го напишав тој пост беше бидејќи во последно време јас и научниот тим сме напаѓани и оцрнувани од одредени македонски државјани, односно сме обвинувани дека сме "странски шпиони кои сакаат само да и наштетат на Македонија" - и истиот пост беше наменет за тие луѓе и од аспектот на таквото безобразно однесување. Каков абсурд... На кој начин јас сум заслужила да бидам така навредувана и озборувана, врз основа на такви лажни параноични приказни и претпоставки? Мислам, каде се наоѓа правдата, моралот и логиката во сето тоа? Е тоа е тој менталитет кој плука по секого и сешто, дури и кон оние кои се трудат да направат одредена позитивна промена in this godforsaken place и плус се нафаќа да зборува за нешто кога не знае ни половина од целосната приказна. И за жал приморана сум да бидам овде додека научното истражување не е завршено... Не е до гените, туку само до одредени "најпаметни" поединци.
Има едно кукличе со виткано плаво косиче и големи плави очи. Мислиш се знае. Има само пет години, а чист артикулиран глас и чиста душа . Најискрени се децата, ќе ти ја каже вистината во очи по секоја цена. За мене секогаш има да каже нешто убаво. Сум и била најубавата дада. Нов комплимент што го добив дека убаво сум мирисала И додека седиме така сите заедно вика мамо, а какво дете ќе имаат? Слатко се изнасмеав на нејзиното размислување. Иначе не сум бремена, знаете. Дај боже едно сонце како тебе. Да ми го огрее денот, неделата, месецот, животот.
Ах јес, ен есеј фор персонал лајф, траинг ту уин сам симпатис. Ох уел..хепенс а лот араунд хиар, посебно откако претходното мислење било крајно навредувачко кон одредена група, или индивидуа, следното е секогаш вакво, без исклучок. Уште една иритантна карактеристика на себе претставување како жртва во целата работа, и истото да е искористено за оправдување на сопствените постапки или зборови. Мај, мај, мај.. Мор фаниер ис дет, обидувајќи се да оцрниш некој друг, во истиот момент се дефинира и себе, на комлетно истиот начин. Така, бидејќи едно искуство (од кое ние патем само што ја прочитавме само твојата страна) го искористи за да изгенерализираш една цела нација. Сите да ги стаиш во ист кош и да пробаш да ги обезвредниш, себе си издигајќи се... ох јеа И тука кој не гледа абсурд, морал, правда? Енибади?? Ма нека ти биде
Почитувам дека секој има право на свое мислење и толкување на одредени нешта, но гледам дека нашево меѓусебно цитирање очигледно прераснува во препукување, и терање инает само поради недоразбирање - а тоа во никој случај не ми е целта. Но ако имаш такво цврсто мислење за мене и за мојот пост, тогаш слободно продолжи да стоиш зад него -тоа сепак за мене не прави никаква разлика, ниту пак ми пречи на некаков начин.
Кога ќе бидете вистински среќни, навистина нема да имате потреба тоа да му го докажувате на светот. Среќата си е само ваша и треба да уживате во неа без галама. Видете колку сум среќна; Јас сум пресреќна, ти не можеш како мене; Ми завидувате на среќата, тоа е само врисок на егото, а не среќа.
Веќе подолго време следам јутјуб канал,ме изненадува дека и македонски јутубери имаме. https://www.youtube.com/channel/UCKwZl6q61VdPVQOiPV6INsw Браво за дечкото
Целта на постоење на една девојка е да роди дете. Општествена норма, идеал на сите. А како тоа дете ќе се одгледа, ма што е битно. Приватникот ќе те гледа намќор ако побараш макар и ден оти детето ти било болно, ако ти даде ден ќе ти скрати дневница.
Се што сме проживеале го сметаме за искуство и тоа никој и никаде не може никој ни да ни го земе ни да ни го скрати, како одминуваат годините се повеќе и повеќе сваќам дека ниту една начитаност, ниту една прочитана теорија не вреди колку праксата и самото искуство поминато низ животот Сите тие патишта, препреки, многубројни грешки, работа, посветеност .. се тоа е искуство што вреди многу.. Џабе ќе читаме џабе ќе стоиме зад некоја прочитана теорија кога праксата е онаа која што го раководи светот и сите ја бараат па и ние самите во сами себе..