Од сите зависности на овој свет, како најлоша и најдеструктивна од сите би ја издвоила емотивната зависност. Ако е вистина што велат дека првиот чекор до хилингот е спознавањето на проблемот, редно е да се вратам во живот пак, старата јас. Ваква не се сакам и не се препознавам..
Денес бев да купувам облека со другар, прилично сум слаба 50кг рамно и саркастично му викам на другаров ова мало ќе биде нема да ме собере глеј колку сум здебелена, често така се шалиме меѓу себе. Од страна 2 покрупни девојки почнаа да коментираат дека имам комплекси, од култура не вратив. Сакам да кажам е заради ова нема да не биде заради пикање носови сегде и хејтање. Многу е очигледно кој има комплекси во случајов, мислам дека вие да се сакавте доволно себеси и да се имавте прифатено немаше да коментирате од страна туѓи животи. Прифатете се какви што сте и не коментитајте други. Со овој менталитет нигде не се стига само ќе се полните со комплекси и завист. Не сум јас крива ако некој не е задоволен сам од себе.
Ја читам темата каков е животот во Македонија и гледам многу мислења велат нешто во контекст „Се уште сум млада и ми е убаво...“, „Бидејќи сум тинејџер убаво ми е и ништо не ми прифалило...“ и посакувам да можев да го кажам тоа. Јас пак како млада особа не треба да се оптеретувам и едвај да чекам да завршам факултет, за да се вработам и да си имам сопствени примања, што е многу голема фантазија - не оди се така подмачкано. Привилегирана сум, и тоа верувам многу, но сепак верувам дека моето цело семејство заслужува подобро во тој финансиски аспект. Смачено ми е веќе. Спојлер Ова мислење не беше никаков хејт кон личносите кои ги спомнав во првата реченица, ниту пак сакав да звучам како да сум подобра од вас ниту пак сакам да ви е жал за мене. Си мрчам.
Јас навечер кога си легнувам да спијам: Expectations Спојлер Легнувам и заспивам за минута до две најкасно. Reality Спојлер -ми доаѓа инспирација за сценарио за филм -ме фаќа носталгија за нешто што ми се случило пред нашата ера -ме фаќа срам од фустанот што го носев на матура -мислам што е Путин во подзнак во хороскоп -мислам за поврзаноста меѓу различни филозофски правци и нивното значење.
@MarigoldA баш сакав да напишам нешто слично на реалноста и јас само би додала заспивам ко ќе дојдам до делот -како може некој/некои толку да се замараат за мене,мојот живот и дело. Заспивам не дека не можам да додржам отворено очи од што има за што да се замараат туку заспивам онака од прва кога сваќам дека таму на некој и некаде сум му хоби,тема за која вреди да проумреш или до смрт да ја дискутираш и анализираш
Стража почна да наликува на Дрисла. Додека чекаат на тоа семафорите го фрлаат ѓубрето,како божем на грб го носат па неможе да го чуваат во кола,па да го фрлат културно во канта за отпадоци. А ова таканаречениве Странци,они се најнекултурен народ. Само кај нив фрчат казни за тоа што овдека го прават,па мора таму да бидат културни. Најдобар лек за култура е: По џебот. Па да видиме пак дали пак ќе фрлаат отпадоци кај ќе стигнат.
Сакам да го шитнам невестинскиот фустан. Ми виси во плакарот 15 години. Сега да сум, ќе изнајмам, не шијам... Еднаш го облекуваш и толку. И да се премажам, нема со истиот да правам свадба. За џабе потрошени пари, посебно за циција како мене
Ми рече твојата убавина зрачи низ годините. Работава повтрно се заљубувам во тебе,нека трае,трепка нека светкаа
Се прашувам, какво откровение и каков воздиг треба да очекувам после огромен пад? Го стискам и го чувам во душава како скапоцен предмет од Тутанкамон заветот што си го имам дадено,за на век. Да верувам дека секое лошо, за добро е. Обично, колку поголема болката , толку поголемо просветлувањето е.Колку помала ,дури провидна, толку помала отскочна скала. И да, за добро е. Нема за што друго.
Сакам да кажам ако му ветите на некој нешто, откажете само ако можите некогаш да надохнадите. Ако целосно извисите тогаш в душа годите, жими се.
Лицемерноста никогаш не била дел од мојата природа. Затоа премногу верувам на луѓе И тоа секогаш се покажува како погрешна одлука
Не секој може да биде навистина храбро и директно реален. За тоа ти требаат факти, интелект, став и стил... Повеќето што мислат дека оставаат таков впечаток, се само дрски и тврдоглави негативни личности.
..Еднаш кога ќе дозволиш да те разочара блиска личност е ок...втор пат ако и го дозволиш истото си или глуп или будала...