После вчерашната сочна караница што ја имав со дечко ми, денеска, иако мислев дека уште го држи тоа инатот и лутината, сабајле ме разбуди со порака "Dobro jutro namćore" (Србин е). Епа буквално само 2-3 збора можат да ми го разубават цел ден.
Многу малку е доволно за среќа. Жално што луѓето не знаат да ги ценат малите нешта кои ја сочинуваат таа среќа.
Не мораш да ме бараш само кога имаш корист. Јас разбирам дека си во странство и не си во можност секогаш да се слушнеш со родителите, но не ме барај бидејќи јас сум ти единствена можност да го направиш тоа. Разбирам и дека твојата мајка ќе рече се за да те одбрани, во смисла дека сакаш да комуницираш и сето тоа. Ама зошто не комуницираш со мене додека си во Скопје, туку секогаш кога ќе ти требам за да се слушнеш со твоите родители. Таква комуникација не сакам. Притоа немаш никаков обзир во кое време се јавуваш, еден саат по полноќ не е тоа проблем за тебе ништо страшно. Преку ден кога луѓето се може излезени и си имаат работа, со друштво, сосема небитно. Не е дека глумам недостижна, ама прашај дали можам да зборам на video call, не секогаш сме во можност за тоа. ФМП
СДК дека денес конечно сама сменив сијалица во собата.Знам дека тоа не е rocket science,ама за мене е важно,ми претставува чекор поблиску до независност.Смачено ми е да молам некој друг да направи нешто за мене,па после тоа да ми го качи на глава,па сега учам како да функционирам без туѓа помош.Се уште не можам да бидам потполно независна,но се си учам пополека.
Јас само се чудам како можат позади грб се и сешто да зборуваат за некој, секакви г*мна да јадат а во лице се прават како светици и демек се најдобро ти мислат. Затоа не се зачудив многу кога дознав дека истото ми го правеле и мене. Дволичност левел оувер 9999. Многу ми е криво што се претворивте во зафилмани fake evil backstabbing bitches ама што можам јас тука. Барем тајните да не ми ги издадевте пред вашите верни другари што не ве сметаат многу за луѓе. Доверба повеќе освен во еден човек никогаш. #rant
Устата и збори за мед а душата за отров Кога не соодвествуваат се познава..зашто устата е побрза од душата а и вторава незнае да збори
Ова е намерно напишан коментар кој ти намерно го читаш и намерно не сакаш да ставиш лајк затоа што се е намерно. RUN
Во некои моменти како тој од денес, сфаќам дека животот е ризик односно дека се во него е ризик и дадена шанса. Некогаш ни треба само еден таков миг за да решеме и да мрднеме од кругот во кој упорно заробени живееме.
Колку сме бедни. Страшно. И тажно. Пред личноста алтани, зад грб завиени срања. А врвот на безобразието е кога во услови на хиерархија ситен пацов оди директно кај директорот - ЗА ГЛУПОСТ! Се правиш дека не слушаш, а паралелно слушаш како лафе на броукен инглиш ГЛУПОСТИ, и просто не ти се верува што слушаш... се срамиш. Следно, слушаш интимен момент за друг. Болен, тежок и интимен како да се продаваат домати на пазар. И тоа вчерашни за ич пари. И стануваш тажен. Искрено и реално тажен. Ги сретнуваш тие очи по ходници и си викаш... а да знаеш само... Колку не сакам оговарања за сериозни нешта... Или правење забава од нечија интима... Само затоа што некој ја имал среќата да не го попече животот. И ако, никогаш да не го снајде, ама зошто оваква бруталност?! Добро бе, зошто сме вакви, искварени? Нижам бисери во умов. Ми студи од страв. Неизвесност и лутина, па и пичкарење во себе, ама силно верувам во процесот. Овака ли било тоа трансформација? Или ќе станеш убава пеперутка или молски лептир. Или ќе те обликуваат срањата во нешто убаво гледајќи ја позитивната страна на нештата или ќе станеш безличен паразит...
Крајот го прочитав затоа што е се наместено Живеј си го животот како сакаш,а не како не сакаш дека и вака и така да живееш ќе има кој да те озборува
Во 1996 година, Руски војник е заробен во Чеченија. По неколку месечно заробеништво, наредено му е да го извади крстот и да го прими исламот, а доколку тоа го направи ќе остане жив. Војникот отсечно одбил да го извади крстот и одбил да се одрече од Христа, поради ова добил маченичка смрт, ликвидиран е на неговиот 19ти роденден. Слава му
Еве подолг период не можам да заспијам навечер. Ме мачат некои тешки мисли, целата ситуација што беше во периодот. Имам се, а како да немам ништо. Некако не сум среќна. Не бев ваква. Секогаш бев насмеана и оптимистична, а сега не сум баш. Не можам да разберам што ми ја зеде насмевката на лицето. Од прекрасна и хармонична врска две години, последната половина година како нешто да се смени. Како да не штима нешто. Не се променети емоциите кон него. Ми влијаат озборувањата и зборовите од луѓето кои не сакаат да бидеме заедно. Тоа ме убива. Имам чувство дека ми стои како грутка во грлото. Ме тера да врескам. Повеќе како да не се гледаме со исти очи. Истата љубов, страст, но некоја непријатна тишина помеѓу нас. Не знам дали е период и ќе помине или не. Да се надеваме да помине. Само сакам да биде се како порано, но зборовите кажани не се враќаат назад. Тие болат.
Ах... колку само имате за учење повеќето!! Неверојатно е колкав, интелектуален геп, не дели од напредниот свет... Греота... во 21ви век, скроз греота
Сакам да кажам дека ако си договорен во 9.30 ракометно, си во 9.30 ракометно. Ако другарот треба да те земи во 9.20 дома го чекаш пет минути и бегаш кон следниот. Не прајш fucking chain reaction за оние кои уствари стигаат на време да ве чекаат и да се досаѓаат. Треба некогаш да бегам дома ама ај кога ќе си дојди другаров од град или ќе одиме кај него или кај мене кога вака ќе каснат. И начос ќе си јадиме па овие другите нека цуцат кафе во 11. Буквално само еден чоек не касни.