Шо е финтата со машки човеци сликани легнати на перница со голи гради, па и со облечени, шодека? Is this what sexy means nowadays, eh? Остарев и отупев, гаддем више.
Ајде повторно да се самоцитирам... За сите што се од Охрид, живеат блиску до Охрид или се одмораат во Охрид, оваа сабота, на 18 август, од 19 часот, промоција на книгата „Биодевојка“ проследена со работилница за природна козметика во книжарницата "Просвета" која се наоѓа на самото шеталиште. Дојдете заедно да правиме козметички производи и да се забавуваме!!! Ве очекувам!
Ne sum znaela deka vo tema na srce mi lezi ne sum smeela da napisam "sakam sekoj den da e Sabota". Mozda trebase da go napisam mallku potragicno pa moze bi ke se zemese vo obzir. Pa eve da si kazam. Od se srce sakam sekoj den da e Sabota.,samo Sabota mene seriozno ne me sfaka. Toa ti e "unconditional love". Kako I da e ute e Petok I toa ne e loso
Абе ајде... 'Жртва изигравале'!?? Физички ја нападнал (или скоро ја нападнал) сопругата, вие што зборувате??? Абе не знаете вие како заточеништво влијае на разумот на еден сосема здрав човек, а? Ова што го кажува жената (ако не е измислица), е баш тоа... заточеништво. Сте чуле за Стокхолм синдром? И една недела жртва која е психички и физички малтертирана, може до толку да изгуби контакт со реалноста, и да почне да се идентификува со киднаперот, а да не зборуваме кога во прашање се години!! Не зборувајте од памет, затоа што е ваквата ситуација, буквално: Да не дај Господ никому!! Илијадници жени во Македонија секојдневно трпат некаква форма на семејно насилство, и вие им кажувате дека 'глумат жртви'??? Срамота! Доста потфрла системот, не ги штити, ги изневерува и начисто ги препушта сами на себе... дури и роднините, блиските тоа им го прават често... па уште и вие на форумот фалевте да ги омаловажувате. Жени сме, знаеме жени, блиски, далечни; имаме, или ќе имаме ќерки... малку повеќе емпатија кон жената, жртва на семејно насилство, во Македонија... не е на одмет... Спојлер Ова е темата каде е 'роден' оригиналниот пост.
Колку е тешко бре да си родител. Се' ти е предизвик. И нема запирање. А од друга страна - бонус љубов што не си ни знаел дека може да ја доживееш. Ја напишав песнава утрово, додека ја доев и се чудев по стоти пат дали е навистина моја.
Ако постој рај за луѓе и пекол, ако има рај за животни со посакуваната природа, со доволно храна, со трчање и уживање, како би изгледал пеколот за животни? Зоолошка?
Едно од нештата кое сакам да се случи е рокот на употреба на производите да се пишува на видливо место со јасно напишани броеви.. А не забутано у ќоше на амбалажата со истакнати броеви само, па очи да истераш за да прочиташ.
Или па со толкави букви на видливо место напишано Рок на употреба: Види на горниот дел од амбалажата, па бараш, едвај ги наоѓаш, па три дена дешифрираш кој број е, бидејќи се ситни и не се добро отпечатени. Дали е тројка или петка, не е важно. Ако се затруеме, гајле им е. А инаку, со ова ме потсети на гласините што кружеа едно време тука. Наводно газдата на една мала продавница ги терал вработените со ацетон да ги бришат роковите на траење од амбалажите и да ги продаваат демек на акција, со попусти. Сака да си печали пари продавајќи стари производи, а дали некој ќе заврши во болница поради тоа, не е важно.
Ретко можам да сретнам харизматична личност. Некогаш ги имаше повеќе, но денес е исклучителна појава. Веројатно ги има, но се понесени од потребата да работат на себе по шаблонот за убава личност што вирусно владее и се прифаќа, па ја изгубија индивидуалноста. Харизмата ја засенува убавината... Секој е убав на свој начин, но некои ги прави посебни.
Читајќи тука како се прифатени би и хомо лицата во Македонија, паралелно со тоа, наидов на оваа вест и само сакам да кажам дека овие двајца хомосексуалци се многу подобри луѓе од оние кои ги нападнале. Иако цврсто стојам на мојот став дека геј врските и браковите се косат со природното, тоа не значи дека треба да бидат вака третирани и напаѓани. А во секој случај, еден човек не треба да биде полн со омраза и не е нормално да го загрозува животот на другите, без разлика која е причината за тоа. Има голема разлика од искажување став кон нешто (односно неприфаќање) и омраза кон истото.
Остана некој на земјава кој не те гледа од корист? Мојата ментална матрица не може да го разбере тоа “живеење”, на тој начин и со таа цел. Почнувајќи од најблиските братучеди, за тоа како те сакаат и те дружат, но секако се со цел материјална или нематеријална корист. Време лудо, си патиме за вистински и основни човекови вредности. Каде е моралот? Од сите страни со морални осуди и санкции. Вака треба-така треба. А вие дали воопшто се придржувате до тие морални норми кои толку јако ги браните? Или сте останале само на моралното сознание и уверување, без ни грам желба за сето тоа со волја да го примените?! Можам само едно да кажам, фала ти Господе што ми остана само барем една другарка, една и единствена, ама ВИСТИНСКА!
Во еден момент сакам да родам дете,во друг сакам да посвојам... Не нервираат маживе... Имам дома еден вол што само за себе гледа.. Сабајле додека сум на работа гледа порничи, ( не дека јас не гледам )кога ќе се вратам ми вика ќе ми дадеш ли... Немам желба да легнам со него.. Во еден момент сакам дете од него во друг не... Ме вади од такт ептен... Незнам што да правам.. Бесна сум како рис..
Еден од послатките моменти во секојдневието ми е кога ќе видам и слушнам siblings, другар(к)и, љубовни партнери, што и да е - како едниот/едната пофалува за убав изглед, хумор, памет, добрина... и другата страна одговара „не, ти си/ти уште повеќе“. (Секако, со претпоставка, знаејќи ги луѓето - дека зад зборовите стојат искрени чувства). Камо сите така со најблиските да се „натпреваруваме“ меѓусебно кој кого повеќе сака, кој кого попрво ќе усреќи и направи да се почувствува добро, прво со зборови - па потоа и со дела...