Некои луѓе ни на постари години години не прават разлика помеѓу заљубување и зрела љубов. И тоа баш тие најмногу млатат празна слама и филозофираат околу љубовта и таканатамупатетики. Жив пример. Непресушен. Спојлер
Може е знак за 1% интелектуален напредок. Или заборавил да употреби "кукле" запрепастен од начинот на кој љубат другите.
Излегов на вечерно возење на велосипед. Возев низ населено место каде по тротоарите нема велосипедски патеки, но возев СО вклучено светло и во спротивна насока во однос на движењето на возилата (за да можам да ги гледам) веднаш до работ на тротоарот. Приближувајќи се до кривина, ќе бев буквално однесена заедно со велосипедот ако не забележев дека доаѓа забрзано возило и прикочев. Човекот возеше можеби 60 км/ч, нагласувам во населено место. Откако ја мина кривината само низ прозорец ми дофрли ,,Извини". Замислете едно ИЗВИНИ колку ќе ми го спасеше животот да не го забележев. Ете, тоа е таа сообраќајна 'култура' што ја зборуваме. Да дофрлиш извини на човек што за малку ќе си го прегазел, не дај Боже да застанеш и да прашаш дали е во ред и да се извиниш како човек. Патувај Европо, ние и онака сме посебен свет. Единствени
Улицата е еднонасочна. Профилот на улицата без тротоарите е 4 метри а простор потребен за возилото да може да мине е минимум 3 метри. Јас возев на мое десно но нивно лево (на возачите), што значи можев да видам кога некое возило доаѓа кон мене. Ако улицата е 4 метри не значи дека тој има право да ја зафати целата широчина, а уште помалку да сврти така нагло со гореспоменатата брзина.
Акo улицaтa е еднoнaсoчнa, некoј oд вaс двaјцa oдел вo спрoтивен прaвец. И двaјцaтa требa дa oдите вo ист прaвец. Ти oдеше вo спрoтивен прaвец вo еднoнaсoчнa улицa?
Веќе два пати објаснив на која страна возев и ако не стана јасно до сега, не верувам дека ќе стане јасно ниту од сега. Прочитај уште еднаш па може ќе ме разбереш. Не би да идам веќе оф топик. Поздрав
Ти кaжa декa си oделa вo спрoтивен прaвец зa дa ги гледaш aвтoмoбилите кoгa дoaѓaaт. И тoa вo еднoсмернa улицa. Кристaлнo јaснo е кoј е крив вo ситуaцијaвa.
Ме потсетивте на оној вицот: Жената: Ало мажу, сега гледав на вести, пази некоја будала вози у спротивна насока на автопатот кај што се движиш ти. Мажот: Една будала??? Море сите возат овде у спротивна насока, све ненормални...
Низ овие тешки моменти што проаѓам моментално сфаќам дека сум пресреќна што имам пријателки што се тука за мене, што ме тешат, ме сослушуваат и пред се тоа го прават од срце. Две сте ама вредни сте. Богата сум. Hard times will always reveal true friends
Понекогаш се прашувам: "Вреди ли?"... Вреди ли да трошиме време и енергија на луѓе, кои упорно стојат на своите тврди ставови, без да направат и најмал напор да го слушнат и сфатат нашето гледиште? Не, не вреди. Затоа, капата на страна и уживкај.
Не вреди, не вреди да трошиш време на никој друг освен на себе и тие што прават да се чувствуваш убаво
За сите членови на форумов кои живеат во Струмица или близу до Струмица. Промоција на книгата со козметичка работилница во книжара Култура (во центарот на градот) во 18 часот. Се гледаме. .
Никогаш не сум можела да ги разберам луѓето кои ги обвинуваат другите кога нивната доверба ќе биде злоупотребена... И покрај тоа што знам дека довербата не претставува ништо друго освен една единствена молекула која го содржи хормонот oxytocin, како и дека луѓето кои имаат поголемо количество на oxytocin во телото, имаат повеќе доверба, моралност, емпатија и конекција со другите луѓе. Бидејќи во реалноста, секој треба да биде свесен за постапките од своите дејствија и одлуки, а тоа се однесува и на одлуката некому да му се довериш за нешто. А самото доверување носи и одреден ризик - затоа апсурдно е да се обвинуваат другите кога вие самите сте одлучиле да споделувате нешто во доверба со некој друг. Поради ова, навистина ми е патетичен фактот што човекот ја уништува довербата како една од основните алатки со кое општеството треба да се конструира и надоградува. Самиот човек е свесен дека претставува социјално суштество по природа и дека нивото на не/доверба ја создава самата општествена реалност во која луѓето живеат. Ова покажува дека човекот е навистина деструктивен кон себе бидејќи општеството се наоѓа на работ помеѓу доверба во она што е познато од секојдневното искуство и непредвидливоста на нови можности. Без доверба, секогаш треба да се земат предвид сите можности, а тоа брзо доведува до параноја и до парализа на неактивноста. "Trust is good, control is better" - Vladimir Ilych Lenin
СДК внука ми ја имам така дресирано што на секое мое те сакам,колку и да е загледана во таблетот или си игра со куклите мора да ми возврати"И јас те сакам до вселената,до дездите(читај ѕвездите)најпоќе о свето(во светот).... А брат и не ме рецка воопшто,јас ќе му речам те сакам тој само ќе одговори ДА и толку а што убаво едно време односот ни беше преблизок...сега како расте некако се оттргнува