Тенка е линијата меѓу храброст и дрскост. Храброста е резервирана за добри дела и добри луѓе. Дрскоста за злобните.
Се фатив да пишувам сериозно мислење и размислување за состојбата на жените/девојките во STEM професии (Science, Technology, Engineering and Mathematics) и се сопрев. Сфатив дека кога и да напишам нешто што би требало да биде охрабрувачко, нешто што звучи убаво и би требало да биде позитивен пример, веднаш добивам коментари и критики дека се кревам во облаци, дека сум вообразена, дека сум фалбаџика или дека се занесувам. Излегува дека сите уживаат кога на форумот се споделуваат проблеми со свекрви, ама никој не сака да слушне нешто што би требало да поттикне размислување или би требало да покаже дека си среќен. Не само на форумот, исто е и во реалноста. Излегува дека сите ги интересираат твоите проблеми, ама би сакале убавите работи за себе да си ги чуваш. И после зошто сте несреќни! Е зошто де... Не верувам дека некој правел нешто во животот само за да има со што да се пофали, а сечиј успех се сфаќа така, само како желба за фалење. Сега и ова мислење ќе излезе така, дека само сакам да се пофалам. А не дека е некој успех. Ама еве, мене ова во моментов ме прави среќна. И треба да ќутам и да чекам да ми тргне лошо во животот, па да зборам за тоа што ми се случува? Сѐ помалку ги разбирам луѓето...
Доврши го мислењето жити тебе. Кој дремел по читални до сабајле да решава задачи ќе сфати дека во сета таа мака не е идејата и замислата да се пофалиш.
Секогаш ќе ме иритира ageism, минимизирање на проблемите на младите луѓе и став дека со стапување во брак и раѓање дете добиваш посебно искуство, памет, простор да се искажеш дека си уморен од нешто и воопшто право да те сфатат сериозно. На некои ситуации и периоди некои луѓе нема никогаш да се смеат. Времето ќе ги избледни (како и повеќето проблеми, патем - меѓу кои и оние на 30, 40 како возраст која веќе е општоприфатена како зрела), да, но тоа не ви дава за право во моментот кога се случуваат да им пристапувате со дрскост на тие луѓе. И да, некои личности многу повеќе прошле и умеат со искуство и интелигенција да зборат и во тинејџерски години, отколку на пример интернет мамичките со секакви бламажи на 30+. Sorry, not sorry...
Има жени што љубат како олуја..доаѓаат ненајавено..силно..брановидно без нежности и романтики.А со својот начин на сакање...оставаат покос и хаос зад нив ,кој ќе се памети уште мн години.Осеќаш како нивната душа ти влегува под секоја коска од телото.
Не беше ни тоа мислење толку позитивно, напротив, мрачно и реално, ама ете, пак ми падна шубе дека ќе речат дека пишувам колку да се пофалам само Во принцип, добив работа што во моментот за мене е работа од соништата. Можеби е далеку од совршена, ама е нешто за кое што не се ни надевав дека ќе се случи. И низ овие неколку месеци, кога се збореа можности, опции и напредок, цело време околу мене кружеше мислењето дека јас сум жена, дека има некој маж што може подобро да ја заврши оваа работа од мене и плус млада, кај имам јас доволно искуство за нешто сериозно. Бев испратена со тотален скептицизам, со "ајде барем ќе се прошеташ" став, и на крај се најдов пак, жена помеѓу далеку побројни мажи, ама успеав. Ако ги тргнеме сите тие детали на страна, остануваат мислењата упатени директно кон мене, кои ги прочитав на форумот: "Погледни ја, вели дека гради кариера, а во што би му кажале пишува дека сака да се мажи". И се замислив, дали кериерата на една жена завршува кога се омажи? Што станува жената тогаш? Дали станува неспособна за мислење? Од друга страна, најчестото прашање кое го добивам деновиве е: "А Шиме што вика?". Како мислите што вика? Што викав јас кога тој промени работа? Зарем дечко ми би требало да има негативно мислење за тоа дека сум успеала да напреднам? И ми текна на жени што морале да се откажат заради партнерите. И така. Многу прашања, многу дилеми. На крај излегува дека најбитно е да имаш слобода, да веруваш во себе и да не си дозволуваш стравот од неуспех и мислењето на другите да те сопре. Ако не се обидеш, 100% е сигурно дека нема да успееш.
Кога гледаш дека се спрема бура... Колку тажни "да" за тн "најубавиот ден" во животот имам видено... зошто општеството очекува од тебе ете баш тоа... Ќе се научиш да не војуваш туѓи битки, но тага не можеш да не чувствуваш. Почеток на крајот. А твое е само да и помогнеш да го облечеш фустанот и да и викаш: " не се секирај, нормално е воопшто да не се радуваш, па голема промена е" или "он те сака" или "ќе се навикнеш, се ќе биде ок". Кога знаеш дека нормално е да има страв, но среќата е поголема и неизмерна, кога си видела како и го крши срцето безброј пати и знаеш дека нема врска со љубов и си била искрена со неа дека е говно, а сега треба да си формално неискрена дека тоа го прават најдобрите другарки, и ја познаваш дека нема да се навикне да живее без својата храна - родителите, работата, нас и дека ќе ја затвори и изолира... Не е мој циркуз, не се мои мајмуни, не војувам веќе туѓи битки, но се осеќам како идиот и недругар кој овој пат си ја поткаса устата и само кисело и лицемерно се радува. Ова е буквално "да се радуваш на туѓа несреќа"...буквално...
Зборот толеранција не значи да се согласиш со некого. Толеранција значи да толерираш некој што е поинаков од тебе, некој со кој не се согласуваш, некој кој поинаку размислува од тебе. Затоа зборот „толеранција“ скоро секогаш се користи во конфликтни ситуации, во меѓуетничка толеранција, партиска толеранција, меѓурелигиска толеранција итн. Зборот „толеранција“ доаѓа од латинскиот збор "tolero" што буквално значи „да издржиш, да истрпиш (некого/нешто)“. Имајте ја предвид оваа дефиниција и ќе видите дека во животот многу луѓе што се претставуваат како толеранти и бараат толеранција, всушност се крајно нетолерантни кон сите што поразлично размислуваат од нив.
@DAngel како за мене да напишала, идентично. Јас сум во таа STEM категорија, досега не знам колку пати ми имаат речено "А што бараш ти во таа машка професија?" Исто така секогаш се чуделе како зборувам со ентузијазам и со љубов кон она што го учев тогаш а сега го работам. Кога бев во врска, девојките и сопругите на другарите секогаш, ама секогаш зборуваа за мајчинство и за деца. Не дека јас имам нешто против тоа, напротив, јас потполно разбирам жена да си се посвети на мајчинството, ама проблем настануваше кога тие не можеа да разберат како некоја девојка едноставно ги нема тие приоритети. Па имаш онакви идентични прашања, а он што вика, а што бараш ти во таа машка работа, ај барем не седиш дома, а кога планираш да раѓаш, до кога мислиш дека ќе те чека да завршиш, што бараш толку време да го оставаш сам, маж не се остава сам и не се скита... Кога добив неверојатна шанса да одам во друга држава на саем кој е моментално број 1. за мојата струка, кога го кажав тоа, мислам дека едната позелене, ми рече ако ако шетај си ти, ќе те чека овој овде ко е глупав. Додуша јас не останав пократка, веднаш и одговорив дека со некој не е битно квантитативно колку си, туку и во тоа малку време квалитетно да знаеш да си го поминеш а не да нејќеш со очи да се видиш. Тек па кога се вработив, веднаш си слушнав муабети како сум била преку врска влезена, партиски (ова апсолутно не е точно), најгадно што слушнав дека сум спиела со некој професор. А тоа дека бев најредовен практикант на местата каде што сум одела, дека останував секој ден двојна смена за 0 денари, дека I was getting the job done буквално секој пат, дека распалив на крај со знаење, тоа сите го игнорираат. Ама fyrom, aко девојка млада успее, тогаш сигурно е со некоја цака, Боже мој некој квалитетот и знаењето да ти го цени. Ова ме болеше на почетокот, се чувствував должна да се објаснувам дека сама сум се изборила со мои пот и крв, сега толку сум отрпната, ништо не ме допира веќе. И цело време си го повторувам највулгарниот но и најкорисниот муабет, можат ку*от да ми го јадат само.
Been there. Истиов муабет, а и тој за наводно "машка" работа сум го чула, само во понеутрална и не толку осудувачка конотација. @DAngel од мене целосна поддршка. Верувам дека ќе се оствариш во секое поле. Постојат жени што успеваат во се, и кариера и брак и деца и се под конец. Ретки се, ама ги има. Да си отвориме една тема инженерките да се преброиме и да си ги кажеме маките. И онака ко што гледам во темава караат за цитирање.
@DAngel ама зошто цело време цело време зборуваш машки-женски, нема врска тоа, денеска сите сме еднакви. Феминизмот не е потребен, твоите(и на други жени) лични искуства не се никаков аргумент. /s Пред уписи сум и сакам да се запишам на STEM струка. Уште сега мислам која професија ќе ми биде најфлексибилна за еден кога ќе имам деца, за породилно, разболувања, родендени. Не верувам дека некое машко се замара за ова, можат да останат и по 10 саати на работа без некој да рече дека е лош родител. Уште верувам дека со правилен партнер се е можно, ама некако се потешко ми се чини дека ќе најдам маж што би зимал на пример ден од работа кога детето ќе треба да остане дома поради температура. Многу ми значи поддршката од моите, се надевам дека ќе ги поминам тие 4 години и тоа што иде по нив. Поздрав до тебе и до сите девојки на форумов во слична ситуација!
Тука малце грешка си. Ќе прајме муабет ко ќе се вработиш и некој колега од спротивниот пол баш тебе ќе те прашува 2 и 2 колку се, а ќе зема поголема плата од тебе.
Абе сарказам беше. И не е само СТЕМ, остануваат и други коментари кои ги добив, пред сѐ од жени. 1. "Зошто се депилираш/шминкаш? Што криеш? Под влијание си на нереални стандарди за убавина, дозволуваш мислење на мажи да влијае на тоа како изгледаш." Да, се шминкам и се депилирам. Тоа не значи дека сум грда и не значи дека се шминкам за да му се допаднам на некој маж. Едноставно, тоа е мое право. Ако сакам ќе се шминкам, ако сакам нема. Ни едното ни другото не ме прави помалку жена. 2. "Зошто формално? Дрес код, пффффф. Дозволуваш еден куп мажи да влијаат на тоа како ќе изгледаш." Дрес код постои и за мажи и за жени. Едноставно, пак, по мој избор тоа е нешто кое што секогаш го следам. Не се потчинувам никому со тоа, напротив, тоа е внимавање на детали. Феминист не те прави бегањето од "женските" особини, напротив, прифаќањето дека сите се еднакви без разлика на пол, боја на кожа, професија или интереси. Еве нека преместат модераторите во некоја тема. @Joi ти ја посакувам сета среќа на овој свет и многу успеси, што и да одбереш.
@DAngel @KateKane welcome to the club, ladies... Дефинтивно сум била во оваа ситуација и како млад научник, само ќе ви кажам дека главен приоритет треба да ви биде тоа да посветите 100% внимане и труд на самите себе и 0% внимание на останатите луѓе, особено луѓето кои не се феминисти. Мислам дека е смешно едно човечко суштество да се смета дека на е на "повисоко ниво" и дека генерално има "поголема вредност и знаење" од вас само бидејќи е од спротивниот пол, бидејќи интелигенцијата и способноста едноставно не се мерат и споредуваат според тој критериум. И јас за секој мој успех, објавена научна теорија по аеровселенско инженерство или од некое друго поле кое спаѓа во вселенскиот сектор, постоело дискриминација и тоа не само поради фактот дека сум женско, туку и поради младата возраста и физичкиот изглед. Како и @KateKane сум слушала разни приказни за мене дека сум се пробивала само поради убавината и телото, и дека спијам со некој од професорите што апсолутно не е точно, како и фактот дека бев согласна и да работам на едно научно истражување for free, т.е. без никаква профитабилна корист и цел. Но и покрај тоа секогаш сум работела со главата крената горе и не обрнував внимание на хејтерите дури и сега кога сум толку блиску да станам дел од стручниот кадар и да работам за ESA (European Space Agency) што за мене претставува a dream come true... @Joi имаш и моја целосна поддршка кога станува збор за наука и за уписите во STEM струка. Се надевам дека ќе ја пронајдеш совршената област за тебе и ќе бидеш успешна во истата. И секогаш сум мотивирана од едно мое мото: "The world always needs more scientists"
И жените го сакаат сексот. И жените уживаат во сексот. И жените сакаат добар секс. Deal with it... Муабетот: 'Ами маж е тој... му се сака.' - важи и за жени.
Нема подобро од шопинг со мажи. Ни ти се мешаат у штипки, само ти викаат земи што сакаш. Обожавам дружби со татко ми и брат ми, а од денеска дефинитивно и шопинг со нив. Па нема боље од машка дружба.
Морав да те цитирам бидејќи целосно се пронаоѓам во постов. Немам брат, но шопингот со татко ми ми е едно од омилените нешта иако во последно време не се случува толку често.