Добро бе стварно толку немате што да правите во животот,па машки со женски никови се зачленувате,и одма во темата секс?Да сум модератор уфффф какви банови има да летаат.
Го бркам креветов во соба никако да го фатам,цело време ми бега Некој мајтап си игра со менеили е скриена камера
Зошто тие што велат дека биле со еден парнер, што велат дека не би го изневериле партнерот или тој нив не би ги изневерил мора да значи дека лажат? Има стварно такви, знаете? Или поубаво да било бидеш во отворен брак или отворена врска отколку без твое знаење да се хефта дечкото/мажот на страна. А знаете, може воопшто не се хефта настрана Па и убав маж и убава жена не можеле да бидат верни...значи ли ова дека сум грда? Јас не би го изневерила либе и знам дека ни тој мене. Кажете ми дека лажам или дека сум наивна
Јас не сум ќарил на такви манијачки работи,фино и културно.Нека пробуваат што сакаат,ама зачленување одма тема секс,аман бе очај аман.
Не ги разбирам овие скопскиве моторџии што дигаат џева на Партизанска секоја вчеер. Ќе земат некој скап ѕвер мотор и прават галама на Партизанска, возат 200 на саат, ризикуваат живот на некој што би поминал на зелено. Абе кога веќе сакаш брза вожња, иди на обиколница, вози си ко чоек, башка имаш убава глетка на Скопје, нема полиција, нема пешаци. Па и да загинеш, сам ќе си загинеш, а не некој невин да биде жртва на твоите лудости. Многу ми се праи мерак кога ќе видам како полиција застанал некој од нив.
Значи овде у Македонија...можеш во секое време да најдеш дуќан отворен да купиш било што еве сеа дојдов бев излезен со другарите на пиво и ми се пријаде нешто одма најдов дуќан отворен секоја чест у Италија се враќам еднаш покасно од работа 11 саат од прилика абе све затворено...браво за нас
Ноуп. Повеќе ми се допаѓа "срамота за нас". Се знае што е работно време, а не и на празник и на делник по цел ден и по цела вечер да се работи!
Ок за празници да се работа не е у ред и цела вечер исто не е у ред зборот ми беше овде покасно работаа дуќаните а и незнам бш каква е ситуацијата пошто живим у Италија у Македонија доаѓам на одмор месец дена...
Ама другар на обиколница нема да биде виден,инаку овие не се моторџии,туку се сељачана на мотор,љангари неиживеани.
Оуууукеј штом не знаеш баш каква е ситуацијата Еве јас ќе ти кажам: Тие продавачки сонуваат за слободен ден. Одмор од месец дена? Тоа ни на сон не им паѓа. Бев и јас еднаш во Германија, на еден битен настан во сабота вечер. Недела сабајале, градот преполн туристи. Еден единствен маркет не работеше. Ако ти се јаде - еве ти ресторан, ќе отвори околу пладне, таман на време за ручек. Еднаш ми излезе да морам да купам нешто 10 минути пред 22. Само што стигнав во Скопје, а морав да го напуштам на сред ноќ, сакав само една вода да земам. Умрев од срам, и се извинував на продавачката, ама итно ми беше. Таа се смее како кој знае што да сум кажала. Јас влегов, се упатив директ до фрижидерот и само една вода земав, а кога влегов полн маркет луѓе, некои допрва почнуваа со купување.
ааа пардон ондак и до @Joi . Во полу пијана состојба и у 1 сабајле не препознавам сарказам, така да си знаете