Ја кј што живим местото е туристичко на море е пак кога е летен период сезона може некој да работи еве преку сила до 11 а тоа недела да се работи шанса нема никаква одма ќе им стигне една честитка ( казна ) таму работникот појќе се поштуе тоа е тоа
Ја кј што живим местото е туристичко на море и Не ме сваќај погрешно сакав да кажем мука да ти падне има кј да земеш вода... И ред други работе ја незнам како е овде пошто таму сум од 15 год и неам никоаш работено овде и незнам како е затоа чудно ми падна
ПМС ме натера макарони да варам Мојве недај Боже , ќе помислат бремена сум, вака во ниедно време ми се јадит
Се додека државата не ти помага со задолжителен детски додаток, како во развиените држави, секој со мајките во Македонија ќе можи да се зеза како сака. Врв на успех кај нас е богат маж. После се чудат зошто некои девојки се против брак и деца
СДК... Се додека туѓото мислење ви поттикнува грижи и е поважно од вашиот живот, никогаш нема да бидете тоа што навистина сте.
Да ми ја објасни некој фасцинацијата на Македонците со Србите. На одмор се изнагледав како им се упикуваат, досадуваат, цел ден на плажа по нив викаат -јој брате доџи још ово да ти кажем... Па телефонски броеви бараат, па муабети како сега пријатели се и планираат на гости во Србија да им одат. Се' ќе беше ок да имаше иста заинтересираност и од другата страна, ама не, нашите удав беа.
You don't say, @Femina? Не запирам, ќе се дружиме (и трпиме, де ) уште во многу мислења. Да ве почестам...
Како женско, мило ми е што до денес барем во повеќето земји жените ги имаат најголем дел од своите права, и општо што исчезнуваат конзервативните ставови. Ама колку и да напредне светот, менталитетот на некои луѓе не се менува. Женското дете во фамилијата нема право на имотот, домот во кој живееле останува на машкото. Таа ќе се омажи во друга куќа и домот од кој си оди веќе не е нејзин. Правото на имот е според таквото меѓу нозе. А може и синот онака малце да го мрдне га*от и да си живее во свој стан нели? Ќерката ем мора да се омажи до некоја возраст, ем не смее дечко да има на млади години. И тоа, оти во време на родителите така било. Тие работеле на полиња од утро до мрак, не смееле да зуцнат, а дечко? Ма јок бре, не смееле. Па и да имале, не смееле пред нивните родители да се гушнат со него, следувало ќотек. И потоа ти мрчат леле денес вие младите многу модерни, да живееше во мое време ќе те видев. Па и срамота е ќерката да отиде на одмор со дечко, освен ако било сигурно дека со него и ќе се мажи, а синот и млад да изврти 10 девојки, ако, така треба да биде маШ. Ќе ме убедува некој после дека вака ми правеле бидејќи женско дете поранливо е, се грижеле. Абе ајде Се' додека слободата се сфаќа како нешто негативно бидејќи ја немале порано, тешко ќе одиме напред. А мене ми останува да се мразам бидејќи сум женско.
Последните денови од лето ми се како минливи пеперутки за пред вистинско есенско дешавање. Ги чекам мирно и стрпливо. Едвај чекам да слетам. Едвај чекам. Есен.
Летни спокојни зајдисонца. Секогаш имаат чизи призвук. Летно зајдисонце е како убав, само што избањат маж, замотан околу појасот со пешкир, со стасити рамења, со убава брада и мириса на Саваж интензивно. Застанат пред прозорот лице в лице со залезот кој се дави во морето (пред да го напишам тука, муабетов го правев со мајка ми, она практично додаде - си чепка уши човекот, се туширал. Многу е интензивна и нефер значи). А у позадина Нема призвук на нешто што ќе следи, a би било очекувано, зошто низ прозорот доаѓа звук на забрзано темпо на туристичко место, сите се спремаат за вечера во приморските ресторанчиња. Си ги облекуваш лесните ниски сандали, те гушка околу половината, евидентно е дека гладот е се поприсутен и излегувате низ вратата на вечера покрај море. Среќна жена е што доживеала барем една сцена од љубовен роман и еден ден на моќна работна позиција (и при тоа не мислам хиерархиски моќна, се однесува на секаква, колку сам ќе направиш да си горд на истата, каква и да е, од тебе зависи) со една одлука која направила барем 5 луѓе во незавидна ситуација многу среќни! Се друго е својствено и нормално. Жими сВА ќе почнам да пишувам кратки еротски раскази како 50 нијанси на сиво или сино, а сакав само метафора за зајдисонце да напишам...бре.
До некаде, ги разбирам луѓето што пијат за да си ги ублажат срањата у животот. Боље ќе испијам лименка-две пиво и ќе заспијам на раат, него ли да се нервирам у слободно време или да пијам дијазепам.