Една од македонските јавни фаци ми е комшија. Денес вработен во локалниот маркет толку го напна што ми идеше шамар да му мавнам. Аман значи, ако е јавна фаца треба на глава да му се качиш? "Шо си озбилен бе човек, еј? хехехе" "На тв никогаш не си вака озбилен! хехехе" Се створи гужва, оди човекот на друга каса да плати, овој пак не престанува. "Види го бе, еј! Многу озбилен бе! хехехе" Извини, ама и да му беше ден, после твоето понашање тешко дека му остана. Осет малку? Или професионалност? Па Бред Пит да ти дојде не треба така да се понашаш, а не комшија што буквално секој втори ден ти влегува во маркет Гледам девојката на другата каса наведната глава, ќе пропадне во земја. Буквално се срамеше од однесувањето на колегата. И комшијата се виде, се изнервира ама си ќути. Си собра работите и си излезе. Убила ме туѓа срамота
Колку проклето боли и кое безнадежно глупаво чувство се раѓа кога после месеци интензивно споделување на постови за донирање за лекување, организирање концерти и хуманитарни акции, вест на денот е дека уште едно херојче ја изгуби битката со болеста Не издржа срцето на малата Ева Не успеавме да собереме навреме доволно средства Уште едно дете Добро бе, господа во брендирани костуми и мерцедеси со затемнети стакла, не можевте ли да одделите барем по една дневница за да спасиме еден млад живот??? Јас мојата ја дадов, но не беше доволна!! Почивај во мир мила Ева
Во Англија постојат англиски маркети како "asda" "tesco" и слични кои што работат 24 часа. После 22 часот мислам дека има само неколку лица обезбедување а народот ги плаќа сам производите на машините за самоплаќање. Не знам дали има и други луѓе кои што работат трета и сортираат производи нокеска ама мислам дека има. Разликата е огромна, бидејки таму нокната смена ти е платена повеќе односно како и што треба да биде секаде, ти решаваш по своја воља дали сакаш трета смена или не, обично има куп луѓе кои што стриктно работат трета по своја воља оти им одговара така. Нема ништо лошо да се работи трета смена, нити за празници САМО АКО човечкото право на луѓето е почитувано како во овој случај и држава и тоа многу ми се допаѓа кај нив. Дакаш работи сакаш не, ако сакаш работи прва и втора никој нема да те тера на трета смена само ако ти тоа не го сакаш за повеќе пари. Тоа е суштината уствари на муабетот Јас го осетив благодетот на третава смена у маркет кога по сплет на околности морав да купам ад млеко баш во 3 нокеска и никако поинаку, за мене беше супер што куп маркети работеа и трета Суштината е инаква односно почитувањето на третата смена у маркетот оти не си теран на сила да работиш нити си смешно платен Ако ти пдговара бујрум ако не здравје но маркетите се по тој принцип што напротив луѓето се презадоволни од истото. Свативме веќе дека си у италија аѕуро 100 пати пиша И јас сум во италија од 15 години или од средно ама колку толку знам да пишувам и читам солидно односно скоро одлично а come mai ти така заборави на јазикот или се правиш дека имаш заборавено Е ваквите ми се За твое добро, биди си горд на твојот јазик говори и пишувај си како секој еден македонец немој да се правиш нешто што не си или да се правиш дека си заборавил на јазикот, ниско е.. долно. Јазик тешко се учи а уште потешко заборава посебно мајчиниот Вака од страна глумење лудило не ти треба
Понекогаш се прашувам, како другите го имаат дефинирано поимот другарство? Сте поминале заедно основно, цело 8 години, сте делеле, иста клупа, заедно сте седеле, во иста училница, сте оделе заедно на одмор, сте треселе зелени, итн итн, и после основно, заедно сте се дружеле, не толку како лани, ама ајде секој петок, сабота.И после 20 години кога знаеш некој, кога некој ќе ти се довери со нешто, некоја тајна, или да знаеш која ти се свиѓа, треба да молич и ништо да не правиш, а не да зариеш рог во грб само затоа ти се може или одговорот од некој си другар да му биде "па се деси". Може сега знам до каде може да иде себичноста, да си исполниш своите потреби, без разлика дали сте се знаеле 20 години. Едноставно твоето е многу поважно, а баш те боли таквото, ако го понижиш другар,само заради некој нема доволно развиено мозок, ниту ебана емпатија. Друго нешто, што стана со најблиските роднини? Дали треба да се гледаме еднаш годишно само на некој празници? Јеботе имам 4-6 години помал прв братучед, 10 години го прашував да искочиме, да се напиеме нешто кафенце, да ме запознае со неговите другарки, пошто знам дека се дружи со многу, и се знае со многу повеќе женски од мене, може со некоја ќе се погодам, може не, али ќе имам со кого да искочам. За тие 10 години секогаш знаеше како да ме одјебе по брза постапка, не бев ништо нападен, го замарав, ниту го прашував често, али чат пат, ќе ми се деси да го прашам. До толку ли не сака да искочи со братучед? Или што мене помалку ме знаат луѓето па не се важи? Или може срам му е ? После сите овие години, сега знам, дека повеќе од никад имам толку голема желба да си идам од оваа дупка, и да започнам од нула, барем нема да недостасувам на никој,Никој не ни бара, не ни се јавува, не ни прашува дали сум во ред, дали сум жив....се прашувам, ако умрам, ќе ми дојде некој на погреб, освен моиве? Или демек ќе дојдат некој, ќе глумат лудило, после ќе си идат кафанче, или дискотека. Другари 0,Роднини 0.(Нула ми се гледа многу голем број, може да спуштам -1?) Моите и така сакаат да идеме некаде со сестра ми и они да дојдат.
ИталиА, ИталиА, ИталиА, ИталиА... Напорен ми е за читање веќе, а па @DAngel уште толку го зазборува. СДК дека јас сум од МакедониА.
@vitamina многу убаво те разбирам и се согласувам со твоето мислење. @Mr. Right може барам некој од ИталиА де, да се наместам
Немој со ваков куршум дангелке. Кој ќе те слуша после 1 година и тебе како живиш у италиа И тотално си заборавила на македониа и македонскио јазик.
Пишаново беше шала ако прочиташ понагоре во постовите ќе сватиш Не го искритукував туку му дадов совет да си го негува и користи своето, нешто напишано овде што ти многу пати си го зборувала ако се сеќаваш нема ништо лошо во тоа да си го негуваме јазикот. И ти си во странство нема што да се објаснувам повеќе И јас сум од 14 години овде 15 та па не сум заборавила македонски до степен како дечкото оти просто јазик не се заборава така лесно. Не е критика ниту навреда туку е совет, убав од срце
Да се прашувам јас, би ги забранила со закон Женски домаќински муабети, Балканки и сите слични групи. И на грото од оние што активно објавуваат во истите, бесплатно би им дала пар must-read книги и литература за општо знаење од сите области + правопис, се разбира. Ама сериозно! Не е ни смешно ова веќе, жално е и отров за мозочни ќелии...
Кога сме веќе кај ова, јас би ја забранил и срБската музика. Вчера на роденден бев принуден да слушам таква музика и една строфа ми остана у глава, каже: Најјаче су мајке што раџају балканце. СТОП ЗА ТУРБО ФОЛК И СЛИЧНИ СРАЊА ОД ТИПОТ РАСТА-МАСТА И СЛИЧНИ НА НИВ❗❗❗
I feel you !!! ___________________________________ А јас, пак, сакам да кажам дека ми е преку глава малце поише од животов... Едноставно, не мислев дека животот ќе ми биде ваков на волку години, колку што сега имам. Досаден ми е. Се чувствувам како птица затворена у кафез и како да ги гледам сите наоколу - живеат и летаат слободно. Не дека им љубоморам, ама сакам да сум на нивно место. Можеби нема да ми се допадне, ама сакам да пробам... Дали некогаш оваа глупа тежина ќе ми падне од плеќи или ќе си ја носам со себе цел живот? Не знам зошто баш јас сум одбран нешто вакво да тргам низ животот...
Кога се прашуваш себе,кога прашуваш друг... Нервоза,анксиозност,стрес се котат,а ти статус кво. И на крај сам на себе,со истите проблеми секој ден иста песна ќе пејш...ќе има спас? Луѓенца и чоеци,живејте го секој ден ко да е последен,не правете драма,живејте живот како Далај Лама... Почнав како семе синапово да звучам јбт... (Пардон за речнико,je suis desole♡)
Зошто бе кукле? Знаеш колку паметни работи се учат од таму? Еве последно научив жолтица како се лекува
Толку сме упорни да ги убедиме луѓето дека ние "не сме такви", колку сме сонциња, и најдобри, и најфини. И после не ни било важно туѓото мислење... Важно ни е, затоа сакаме во најдобро светло да се претставиме. Ама понекогаш, добро е и да се погледне од другата страна. Не сум паметна. Не знам да разговарам. Сакам да мислам дека сум реалист, но дали сум песимист? Што кога се надевам? Секогаш го очекувам најлошото за да не се разочарам. Ве потапша ли некој денес по рамо? Луѓето што ги сакаме, ги величиме. Објективно...сите сме несовршени. Си создаваме светови за да бидеме среќни. Не сум среќна. Не ми се допаѓа светот што го создадов. Светов во кој сум несозреана, заглавена, скршена. Светов во кој сум толку неодговорна спрема себе, и немоќна за другите. За товарите што ги превземаме, другите треба да говорат. Поинаку, дали само си се лажеме? А која сум јас да кршам туѓи илузии? Често имам читано низ форумов дека претерано позитивните луѓе им се одбивни. Не го сфаќав тоа, се до денес. Затоа што е лажно и повеќе не верувам дека постои.
Многу нестрпливи, нервозни и дрски луѓе сретнувам, посебно во маркети и продавници каде што треба во редот стрпливо да почекаат. Во Нептун за време на попуст и голема редица на каса а само две девојки што вршат наплата, човек што чека да му спремат кредит почнува да вика и да се кара со вработените, и да ги тормози сите останати зошто не му се чекало, морал одма да заврши работа. Искрено, ги жалам тие што работат по продавници и маркети, па и општо со луѓе. Моментот "странката е секогаш во право" е многу лош момент. Си зимаат за право да се дерат, да навредуваат па и да се закануваат, а вработениот мора да молчи, да трпи и да наведнува глава. Треба да сфатите дека има процедура низ која мора да се помине, дека никогаш не може за секунда да се заврши работата зошто на вас не ви се чека.