Kill them with kindness? Справување со непријатели за почетници, левел 1, тука може ќе успее. За следни нивоа треба многу повеќе.
СДК, со љубезност кон непријателот : -од една страна (твојата страна) се челичиш, учиш со насмевка да се справиш и да не ја покажеш нервозата.Добар тренинг и малку тактичност, се добра основа за да ја свртиш работата во твоја корист. -од друга страна (на непријателот страната), јасно му даваш на знаење дека карши себе има реален противник од кого треба да се плаши, зашто најлесни непријатели се оние кои ги гледаш како се нервираат.
Ти си се она што не бев Јас, А Јас ќе бидам се она што не беше Татко ми! Ти не носиш успех и радост само за себе Ти носиш успех за целото семејство!
Ако некој планира да си купува Самсунг с8/9, нека си купе подобро домашен телефон и професионален апарат. Дека и вака и така ќе е врзан за кабел 24/7.
Kill them with kindness не е решение кое делува против сите непријатели. Оние кои ти донеле или направиле најголем пекол не заслужуваат ни грам љубезност ни грам милост. Тие заслужуваат да им донесеш или направиш уште поголем пекол.
Секогаш кога станува збор за искажување на мислење во врска со одредена личност, се водам од правилото: Ако не можеш да го кажеш пред неа/него, тогаш не го кажувај и во нејзино/негово отсуство. И верувам дека само и единствено вака не спаѓам во тие што озборуваат, затоа што она што ќе го кажам пред еден човек можам да го кажам и пред сто луѓе. Инаку @referentka освен љубезноста јас би ја препорачала и рамнодушноста Ништо не може да ја изнервира спротивната страна како рамнодушен човек кој едноставно doesn't give a f*ck за неговите/нејзините каприци
@Purplelilac рамнодушноста кога ќе настапи значи дека веќе се е емотивно мртво.Кога веќе нема да те боли или интресира за личноста каде е ,со кого е,што кажала,што направила..значи си ја надминала истата.
Ноќеска повторно кошмар. Се отвори ѕидот додека спиев и сакаше да ме проголта. А јас врескајќи, низ чаршафи повторно се стуткав во него. Откако ми прозборе и му го чув гласот, сфатив дека сеуште спијам. Ми требаа неколку минути за да конечно се освестам, треперејќи како лист во негов преграт. Неговите раце се моето среќно место на овој свет. И на јаве, и на сон таму прибегнувам, за да се скријам од немирот. Само таму си го наоѓам спокојот. Само таму ништо не може да ме дофати....
Сакам да кажам дека како демон кој е загрозен за својата безбедност, се враќам под наметката на Луцифер.
За некои луѓе џабе е. Кај и да појдат секогаш ќе си остане она „малограѓанството“ во нив, како милуваат да кажат. Зошто културата и воспитанието доаѓа од мали нозе, а не кога ќе се преселиш во странство.