Сакам да кажам ... Мислам дека е од оние слики кои кружат на Инстаграм, демек, слика која ме опишува. Сега сум basic, и велам дека ова е слика шо ме опишува.
Човек на се ќе навикне. Само да не секне нос по улица покрај зелено паркче и во минување, никогаш нема!!
Ги мразам кукавиците, оние кои не можат во лице да раскинат, туку променуваат однесување, изиграваат лудило за да го натераат партнерот на крај да раскине. Ако не сакаш, кажи си. Па чао, пријатно, секој по свој пат.
Како ќе знаеш дека поминуваш македонска граница? Така што ќе видиш цариници кои седат и си прават муабет, а еден од нив само мавта со раката да поминуваат возилата. По игра на случајот имав можност да се запознаам со Кодексот на однесување на царинските службеници бидејќи тоа ми беше дел од она што јас го студирав. И можам слободно да кажам дека сум разочаран поради непримената на Кодексот на однесување на царинските службеници. Зошто воопшто постои ако неговата примена во пракса не се спроведува?
Доста ми е од луѓе кои се фини со мене само кога им треба нешто од мене, а кога не маат никаква корист тогаш јас сум за нигде и нечинам. Мака ми е веќе, време е со некои луѓе са расчистам.
Моментот кога ќе заборавиш дали си се напил денес апче или не И велев порано на мајка ми како можеш да не знаеш дали си се напила денес апчиња или не, чудно ми беше кога ќе ми речеше, пиев ама дали тоа беше вчера или денес не знам, секој ден ги пијам исто ми е, а јас бев као. Е сега јас дојдов на истото, седам сега и се мислам дали пиев апче утрово (како што правам секој ден, или не). Треба да си купам таква кутиичка со деновите и апчињата во неа да си ги ставам, како старите баби, аман.
Мене ми беше доволно да знам кој ден сум ги почнала, па кога ќе дојде некој оваков ден, се пребројував. СДК дека страшно ме иритираат родители што не ги учат децата да не фрлаат ѓубре по улица, ми се иде да го земам книвчето и да им го начукам во уста кога го игнорираат тоа однесување на нивните деца, бар ќе знам дека им е устата полна ѓубре, па затоа ништо не им прозборуваат на децава за култура.
Важно е што ќе кажеш и како ќе го кажеш, но да - важно е и кој си ти кој го кажуваш тоа - колку и да негираат. Не од аспект на пристрастност т.е. колку си ми омилен/а или не, туку во смисла на тоа колку (те познавам и знам дека) имаш познавања за тоа што го зборуваш, а уште повеќе колку стоиш на истото - и на збор во друга прилика, и на дело.
Кога некој по некој rant ќе каже „жени“ во некој си тоа е-тон, ги става жените (а многу често и себеси) на рамниште на животно на кое можеш да му го предвидиш однесувањето, ама не можеш ништо да направиш во врска со тоа. Обично оди веднаш после муабет за озборување, шопинг или инателивост. Што убаво. Само сакав да кажам дека е одвратно. Фала на внимание. Жени...
Замислете, едно утро, сите жени на светот, да се разбудат убедени дека се убави. Знаете ли колкав импакт врз економијата би имало такво 'чудо'? Сите козметички салони, продавници и произведувачи на шминки, продавници и произведувачи на препарати за нега на тело, коса, кожа... пластична хирургија... модната индустрија, сите неудобни чевли, облека, накит.. итн.. итн.. се' по вода... Ќе крахира глобалниот економски систем инстантно... Е... заради тоа ни се полнат главите од раѓање, како 'треба' да изгледаме. Затоа се сите оние силни реклами кои ни се вртат пред очи, на сите медиуми, на интернет, на реклами по улица.... Размислете.. онака.. на 5 минути.. која е позадината навистина? Дали има потреба поинаква, освен економска? Што сме ние жените? За што служиме? п.с. во последниве 2-3 декади, и мажите стануваат мета на тие индустрии.. пазарот мора да се шири, а на 3 и пол милијарди жени, веќе им е продадено...