Сакам да кажам дека инспиративни сте деновиве. И напредни. И паметни. И прогресивни. И емотивни. И убави, секој на свој начин
Вртам канали на тв и пинк ја поминувам и подзастанав и вратив канал да видам баш ме заинтересира зашто ја увек уствари ја одминувам таа тв, имаше некоја емисија гостуваа најпознати турбо фолк ѕвезди нешто како Еден На Еден кај нас што е и ја гледам емисијава и се изненадив уствари колку културни и фини луѓе никаква доза на вулгарност иако водителот се обиде да ги извади од колосек, па во некои хуманитарни цели давале суми големи и сл. и некако шубе ми дојде зашто ја толку сум имала против нив и подлабоко навлегувам у проблемот и сфаќам дека не е кај нив проблемот туку кај тие што хејтаат и нмеа везе почнаа да пеат некои песни ги заслушав текстовите и сфатив дека слободно ако ги преведете на англиски со друга мелодија може добри поп хитови да искочат. Уствари заклучив дека има една сериозна социолошка бариера околу турбо фолкот и тешка дискриминација ете ја ако треба да бирам одбирам да сум на страна на турбо фолкери отколку на хејтери огорчени у душа што ми шират негативна енергија и се бескорисни овие барем имаат публика и прават среќен некого а ти хејтеру што си постигнал у животот освен обид за мрчаторство?
Зошто вакво потценување на критичната маса во општеството? Каков напредок и какви промени без овие битни луѓе?
Сакам да кажам постојат и поп песни во Србија не е спорно, само шо турбофолкот не е поп, зошто муабетов дојде: да се преведат на англиски, да се смени мелодијата, еми малку промена на костум, шознам еве да вметниме попријатен глас, некој друг пејач ... И не е веќе иста песна. Да се смени мелодијата е клучниот дел во ова шо го збораш, зошто тогаш добиваш многу поинаква песна. То шо прај песна, пред се е колку е добра за уво, а шо ја прај добра за уво е мелодијата. Затоа песни со три збора се популарни, заглавуваат. И за крај, не можам пример јас да речам дека многу толерирам било шо, или пак дека ми се допаѓа турбофолк. Крај краева не е само турбофолк. Ако то ме прај хејтер, ya, kay. Ама, радо би била лош човек во нечии очи него рак на уши да фатам од присилното слушање на срање. Да, присилно. #траумиодпракситесредно Зошто има толку "хејтери" на турбофолк уствари ти е зашо е наметнато многу. Како беше она ... А, да, на сила убавина не бива. - писмо од бескорисен хејтер. П.С. секоја славна личност донира, кој ради реда за слава, кој зошто вистина сака. Крај краева кога одбирам музика за да ми лежи на уво, најмалку гајле ми е за личноста на пејачот.
Ме разбуди рафал од калашников и сега имам потреба да ги поздравам ,, браќата" кои изгледа по рамковен секое утро имаат потреба да испразнат по еден шаржер оти имале тешка ноќ очигледно. А можеби нервозни се поради па решиле да ги елиминираат комарците оти нели партал не направија. Исто така сакам да ги поздравам сите копуци кои мислат дека свадбите се да се празнат шаржери оти нели да покажат колку се весели и радосни. Значи ако некој има некаква прослава може и хаубица да извади во дворот и како што велат тие да се ,,весели".А МВР зошто вработија толку полицајци за да им уплаќаат ливчиња за спортска прогноза на нивните шефови односно претпоставени? Разберете дека постојат места каде што може да испразните шаржер, а не во воздух и поради вас да настане некоја материјална штета или некој да го загуби својот живот бидејќи некој друг нема грам мозок.
Мене ова ми е битно, ми значи ако придонесува за да се врзам со нечија музика или да сакам некој изведувач или па не мора музиката да ја сакам али за да ја почитувам личноста мора да придонесува некако баш имаше полемики околу овој раперот што умре пред некој месец XxxTentacion ја претепал девојката до слепило додека бика трудна и некој се јавија ама квалитетна музика правел ма што сака нека прави никад не би му купила или ислушала албум на таков човек а некој што придонесува за општеството не можам да го хејтам ете можда мене лично не ми дале ништо али направиле среќни неколку семејства, деца имале донирано и за училишта и градинки и сл.
Нормално дека тивко би се противела со некупување на албум и не слушање на музика како протест на одредена глупост, ама нема со сила да напрај *вметни турбофолк пејач* пример, да ми биди подобар лик зошто донирал/а. Музиката иста е, моите уши сеуште мислат дека песната е срање. Ако дотичниот рапер према мене праеше добра музика, дур и во протест да не го слушам ради тоа што направил, неговата музика немаше да биди помалку квалитетна, исто како што на некој добар човек и пејач не му ја прави музиката квалитетна само зошто е добродушен. @Independent Girl
Тоа држи али не можам да хејтам некој што стварно помага некому и придонесува, затоа што на турбофолкерите не им се хејта само музиката туку тешки навреди паѓаат за нив како личности и тоа ми смета мислим дека не е во ред и претерано е.
Не ја "хејтам" личноста, му ја "хејтам" музиката, зошто турбофолк за мене е музика, не е група личности. Тоа ти е исто како да речам дека го хејтам Jack Gleeson зошто Џофри беше ужасен лик. @Independent Girl
Ти лично не ама има многу такви што ги хејтаат како ликови тоа се сепак лични навреди а за критика на дело ја сум ЗА без разлика кој жанр на музика е.
Станав рано, се измив лице, заби, кафенце си направив и седнав да гледам тв да уживам со кафето посабајечки сама и кога не ми се уклучува телевизорот, само звук ми дава ме нервира како и да е имајте убав ден а ја ќе пробувам сеуште да го уклучам тв многу се нервирам со технологииве кога нешто не им чини.
Сакам да кажам дека почнав да се водам по неколку важни правила за "добар ден": Стани рано Вежбај бар 4-5 дена неделно Биди попродуктивна од вчера Пиј многу вода Читај бар по глава од книга на ден И не си ги запоставувај сериите, бре жено! Како тоа ќе бинџоваш нова серија кога имаш пет со по три нови епизоди, мм? И за негување ваков животен стил, сум како сликата што поставив во темава од пред некој ден, како куче, ми треба внимание, гушкање, вежбање, ти реков- ми рече.
Еминем е безобразен. Енрике го сметаат за умислен егоист. Шакира ја гледаат како смотана. Џастин Тимберлејк се правел многу важен. Ваква е перцепцијата за нив кај дел од светската јавност.Ама,истражувајќи и слушајќи ги нивните песни,сфатив дека воопшто не е така. Имаат донирано пари во хуманитарни цели.Секој од нив си има проблеми како што има секој човек. Борба со зависности,борба да се излезе од сенката на родителот и борба да се успее. Јас ќе речам дека тоа е за восхит. А,нашава естрада е голем срам за нашава држава. Типично Македонски е да се најдат 300 маани кај другите народи,а за себе ниту една.
Денес сфатив дека повторно грешам и дека мојата среќа ја ставам во рацете на друг,да,љубов. За љубов. И ставам црвена линија,господинот ја прецрта. Чекам тука да го видам на камера,а тој си става слики на ФБ,4 дена се немаме видено. А,ми се жали,дека не му е погодено. Сам си одлучи,сам си замина,јас имав што да понудам: љубов,работа,дом. Но,очигледно,требаше да прекинам контакт. Немам намера на 34 годишен да му кажувам што е добро а што не,што треба да прави,а што не. Секој си има приоритети,очигледно јас не сум еден од неговите. Заслужи игнор на пораките и немање контакт. Нека сфати дека не е се до парите,ако нема со кого да ги поделиш нив,исто и емоциите. А,јас повторно сфатив дека не треба да помагаш онаму каде не те прашуваат, не треба да жалиш никој,па ни себе. Луѓето се себични, Барам нешто ново,свежо. Официјално откажвам врска на далечина. Ми треба некој што е физички до мене,го интересира за мене како сум,како си поминав на работа,што проблеми имам,дали имам. Шетање,уживање. Најпрвин посветен на самиотсебе,човек што се грижи за свој личен напредок и напредок на тој што го сака, Просветлете ме ако грешам. УБАВ ВИ ДЕН !!!
Слушам секаква музика... вклучувајќи и турбо фолк. Во секој музички правец има убави и неубави песни (за мене)... зависи во какво расположение сум. За вкусови не се расправа. Ако некој не сака да ја слуша Миљацќа, кога ќе ја пуштам до даске, нека си ги затни ушите.
Погоре во мојот пасус ги заборавив комарците . Треба да стои поради комарците . Не е важно што јас ги заборавам комарците, важно е дека тие мене не ме забораваат.
Абе слушај си ти секаква музика ама не мора и цело маало да ја слуша покрај тебе. Нема зашто некој да затиња уши, не е должен никој Аца Лукас да му трешти секоја вечер. Јас да земам да ги рокнам Slipknot, Cradle of Filth, Children of Bodom или појак рап ко Azealia Banks или Gravediggaz? 5 минути нема да издржат комшиите, ама затоа кога се дере Северина на максимум тогаш прифатливо е. Со болдот се согласувам.
Пријателе си дошол на женски форум,да кажуваш женски итроштини,тоа ти е исто како да влезеш во оган и да очекуваш дека нема да те изгори.