Во ова што го посочи, не е проблем музиката, туку бучавата И Слипнот ќе ги пуштат до даске.. па шо? Сум пуштала до даске и класична музика... 'За Елиза', ја обожавам.. Сме пееле при музика до даске и на Квин (Бохемиан рапсоди-ми е химна), сум ја пуштала до даске и Миси Елиот и сум скокала по дома ко недоквакана Само пазам во кој дел од денот, пуштам до даске
За пуштање музика до даска, имам комшија кој свири на појачало, го бива за свирење, ама пеење ... ugh. И еден ден и јас на џам со другарка ми се деревме како него, и океј малку полошо ја силовавме гитарата. Мислам дека ја научи лекцијата. За луѓе без осет само вака.
Земи пушти ги Слипкнот, од Iowa до сега редом, па после шутка додека игнорираме фактот дека има албум без Corey Taylor (looking at you M.F.K.R.) Него, еднаш у средно пуштив гласна музика, од згради од една улица погоре пред куќа се собраа... Научив лекција тогаш, сега потиха музика.
Комшијата ми купил појачало. Музичар е, бас свири. Следен пат кога свири ќе му заѕвонам да ми ја засвири музиката од Супер Марио. Пиво ќе го частам Околу мене имам комшии што слушаат музика од сите жанрови. Воглавно не ми смета што ги слушам, се слуша ама не се неподносливо гласни. Само тој со Зона ФМ и турбофолкот има тенденција да слуша во 3-4 наутро. Ако се побунам ќе речете дека заради типот на музика се бунтувам или затоа што е 3-4 наутро, време кога дефинитивно не ми е до турбофолк? Друго. Ми се спие. Ми се затвараат очи. Не можам. Не знам како ќе го преживеам денов.
Да додадам: Цитирања и муабети од чет-форма ќе бидат бришани или ако има сооодветна тема ќе бидат преместувани
Кои рани се најболни... Оние каде нема рез, каде нема процес на шиење и закрепнување, каде нема преврски и не е ништо видливо со око. Сега знам. А не сакам да знам... Живот.
Многу се радувам кога ќе видам македонско знаме на свадба. Јас би ставила македонско знаме да се веe во секој дом, секој ден. Убаво почна денот, со свадбарска музика.
На кој се обраќаш? Дали мислиш дека она пријателе звучи кул и покрај тоа што умре пред најмалку четири години? Дали ова е извадок од македонска народна приказна? So many questions.
На машката популација на форумов,не мислам ништо ни дали е кул ни дали умрело.Не сум од типовите кој сакаат да се во тренд и да се куул со изреки,не е битно дали е извадок или не,мое право да си кажам што сакам. Убав ден
...тоа беше најубавиот звук што можевме да го слушнеме. ...срцето на нашето малечко Плодот на нашата љубов ! Фантазии
СДК многу ми е криво што сум смотана личност.Да смотана сум в крај,не ме тешете дека не сум Кога доаѓа ред и место за мои пари да се расправам со некој што ми зезнал работа,јас се повлекувам,си одам дома и им урлам на моите,нив им се истурам ни криви ни должни. Цел е*ен живот го правам истото Се прашувам кога ќе ми дојде умот
СДК дека исполајкав постовите нагоре и сега кога ќе им стигнат по 2-3 нотификации од мене ќе се осеќам како некој манјак кој ве демне насекаде.
цк... не си ко манијак.. баш си мислев: Море, 2 поста едно по друго и' се допаднаа. Слично размислуваме.. Интересно. Да го запамтам никот на девојчето
Порано бев фрустрирана ако некој близок ме навреди. Ако јазикот му е подолг од паметот. Возвраќав со омраза. Кој ме мрази јас него дупло го мразам и обратно. Не можам ни да речам мразам зошто во моето срце нема место за тоа. Ама немав повеќе исти чувства за таа личност. А секогаш има некој изрод од роднините. Сега се ми е смешно, сега сум во фаза убиј го непријателот со добрина. Значи сум созреала. Ништо добро не ни носи тој товар кога не простуваме, а и сите сме обични грешници. Ако некој сака да го носи тој товар слободно, јас никогаш повеќе. Жал ми е што ќе ве разочарам и ќе треба да ме гледате среќна.
Сон - Разговор со Бог. - И така велиш ти сакаш да разговараш со мене?- рече Бог -Ако имаш време - му реков јас. -Бог се насмевна и рече: Моето време е вечност. Што сакаше да ме прашаш? -Што најмногу те изненадува кај луѓето?- му реков јас. - Бог одговори: Тоа што детството им е досадно и сакаат брзо да пораснат, а потоа повторно посакуваат да бидат деца. Што си го уништуваат здравјето за да заработат пари, а потоа трошат пари за да си го вратат здравјето односно да оздрават. Тоа што премногу се грижат за иднината, а забораваат на сегашноста. На тој начин не живеат ниту во сегашноста ниту во иднината. Што живеат на начин како вечно да ќе живеат, а потоа умираат како никогаш да не живееле. - Бог ме фати за рака и молчевме одреден период. -Потоа како родител го прашав на кој начин да ги воспитувам моите деца и кои животни пораки да им ги пренесам како најважни. -Бог повторно се насмевна и рече: Да научат дека никого не може да натераат со сила да ги сака и да научат да сакаат некого. Дека највредно во животот не е она што го имаат односно материјалното што го поседуваат туку да знаат кои се и да бидат задоволни со самите себе односно со тоа во какви личности се изградиле . Да научат дека не е најбогат оној човек кој најмногу има туку оној на кого му треба многу малку за да биде среќен. Да научат дека се потребни неколку секунди да повредат некого кого го сакаат, а потребни се години за да се излечат тие рани и да се врати изгубената доверба. Да научат да простат и дека најтешко е да си простиш самиот на себе. Да научат дека постојат луѓе кои нежно ќе ги сакаат, ама не може секој тоа да го каже ниту да го покаже на ист начин односно секој го прави тоа на различен начин. Да научат дека со парите може да се купи се само не среќа и љубов. Да научат дека две личности можат да гледаат на иста работа на различен начин односно од различен агол и со различно размислување за тоа. Да научат дека вистинскиот пријател е оној кој знае се за нив и никогаш нема да ја открие нивната тајна. Да научат дека некогаш не е доволно само другите да им простат туку дека треба да си простат првин на самите себе. Луѓето ќе заборават што си рекол и ќе заборават што си направил, но никогаш нема да заборават какви чувства и емоции си разбудил во нивното срце и нивната душа. ПС: Целта на приказната е пораката која ја содржи во себе. Ќе ве замолам да не реплицирате во поглед на приказната од религиски аспект бидејќи ми скокате по ганглии веќе извесен период. Приказната ја најдов и не знам дали е од некој роман или литературно дело па ќе ве молам да не ми реплицирате затоа што немам цитирано. Ви благодарам многу на разбирањето.
За сè повеќе луѓе поимот слобода на говор станува нешто како некогаш актуелното YOLO или по нашки еднаш се живее. Како што несозреани тинејџери со второто се охрабруваат пред да направат некоја непромислена глупост, така конзервативни луѓе се вадат на првото кога ќе осудат и навредат некого. Мех...
СДК дека ме иритира она фалењено на многумина дека сакаат да носат и носат само оригинал облека,чевли,чанти,ташни,ранци,накит........... Не сакаат да носат копии.Не сакаат Кинеско. Ау,бре...... Изгледа,немаат поим дека и многу оригинали се произведуваат во Кина и нејзините соседи. Сакаат-нејќат,сепак носат Азиско. Дури и ако пишува на некои алишта и уреди дека се made in the USA или made in Germany,не значи дека се потполно Американски или Германски производи бидејќи се само споени/составени во САД или Германија,а материјалите за нив се од Азиско потекло.