Ми се плачеше за спиење, мислев ќе дојдам дома, да се комирам до задутре. Само што ставив глава на перница, прозорците почнаа да се тресат од гласна музика. Во моето златно Куманово, во сред центар се одржува Ромска свадба,секој втор ден, со музика составена од крици, неартикулисани звуци и трофртаљки. Знаете ли која јачина е тоа, децибели што уши параат. Повеќе од месец дена центарот ни е окупиран, не може да се исчисти после нив, пошто остават депонија позади себе. Фрчат постови по фејсбук, твитер, иг, поплаки еден куп и никоме ништо. Во полиција се јавуваме, нив им е смешно,околу сто души пријавиле, вика па и кај нас се тресат прозорите ама тоа е , општината е надлежна. Вртиш во Општина ти велат во надлежност на Мвр е. Вртиш пак во полиција те прават будала. Си ја префрлаат топката еден на друг,а за граѓаните голи курац. Се слушаш со градоначалник, кој патем запрепастен од тоа што му се случувало во градот, мислиш не живее тука или слух има на 90 годишен маж, краајно потресен од ситуацијата, се слуша со началникот за да ги замоли господата од Мвр да излезат на терен и да воспостават јавен мир. Градоначалникот го прашав само, дали некаде има видено и дали е нормално во сиот бел свет вакво нешто. Ми рече НЕ. Барем беше искрен.
СДК имам слушнато чаршиски муабети дека кога ќе се јавиш во полиција да се пожалиш на галамата и бучавата после полноќ и дека не можеш да спиеш, ти викале: "И што сега? Да дојдеме да те нишкаме да заспиеш?"
Она кога 15 годишници ти зборуваат за вистинска љубов и за мажот на нивниот живот, дека го пронашле принцот, дека досега живееле во мрак без него, дека пателе сите овие (15) години без љубов ама сега се среќни...А до вчера мајка и ja бањала и си легнувала во 21.00 ч. да спие. Дај жити се имајте осет, не ми е згодно во јавност да превртувам очи
Mislis deka dugite ne pravat taka, isto e sekade samo ima iskrajni koj toa javno go kazuvaat I onie koi "se od Prva im uspeva". Ako se ucese toa taka sto ke bese so svetov. Kako site taka I ti. Drukpad ke bide podobro
Колку е тешко да си среќен и ноќите се празни и денот е неисполнет со тебе. А така требало да биде. Живот.
СДК читам некои твитови на инста и еден ми звучеше познато... ... па ми текна од каде. Сеа си викам, или јас им ги читам мислите на твитерџииве уште пред да ги напишат, или овде неко меџу нама није наш. Ииии СДК многу работи деновиве, ама ај после.
Кренав раце и од ова. Толку многу чуства и мисли, а многу малку зборови.Ај сега оставете ме да вложам во себе, па да се видиме подоцна.
Хетеросексуален Бисексуален Трансексуален Пансексуален (ова пред некој ден го научив) Хомосексуален Метросексуален Трансексуален Солосексуален.... Зошто мораме ние луѓето да бидеме толку комплицирани?
Сакам да кажам дека големиот проблем не е тоа што сме комплицирани и различни,туку што сме големи егоисти.Скоро секој гледа да си ги задоволи личните потреби без да помисли како тоа ќе влијае на другите луѓе.
Јас, таа што не јаде паста и пица и врти глава кога ќе види, од темана "Фемина Инстаграм" изгледа ќе пројадам кај и да е...
Етикетирањето стана алатка, со која луѓето се служат за подобро го сварат она што не го разбираат или што немаат доживеано. Основен проблем е личната перцепција и тоа како ги доживуваме другите луѓе. Дали како еднакви на себе или различни. Лошото е што најчесто е во негативна конотација, за да некој се стави во подредена положба,првиот да се осеќа супериорно, а етикетираниот осеќа дека треба да се издигне над таа доделена етикета иако цел живот ќе ја носи на себе. Светот би бил поубав кога етикети би се лепеле на предмети, не и на луѓе.
Знаете она кога си одите од место каде што многу убаво сте поминале и посакувате да останете барем уште еден ден? Како нешто одвнатре ви недостига? Тоа е делчето од нас што го оставаме таму. Оставаме делчиња од нашата душа секаде каде ни било убаво, а за возврат ги земаме спомените од таму, за да не чувствуваме празнина. Бидејќи не е возможно да чувствуваме празнина за нешто што не' исполнувало одредено време...
Смачено ми е од прости луѓе, на кои мерна единица за вредност на една жена им е: Колку секс партнери имала. Да ви кажи нешто дада: Повеќе од пола од мажите, сте неспособни во кревет! Што мислите? Зошто жените го измислиле лажирањето на оргазмот? Deal with it!
Дневна доза балкански канцероген хехехенце хумор. Се дури маженственоста со пукање ја поистоветувате, нема од балканштината да се тргнеме никогаш.
Самоуверени шовинисти што уште малце научен труд чиниш ќе напишат за клучеви, брави, вреќи како споредба со невиност/хомосексуалност - вие треба да се заклучите со некои клуч и брава зад кои нема интернет! Не знам само кој ве лаже дека сте интересни со деградирање на тоа ниво да споредувате луѓе со предмети... Бљак! Чувствувајте се слободни да се пронајдете
Чајот е билка од родот камелии. Ха, па можеби некоја вљубеничка во чај била токму инспиррација за Дамата со камелии на Александар Дима. Голтка бел чај со вкус на портокал ми минува низ грдлото. Белки јас ќе бидам некаква идеја за нешто, некогаш..негде.