Како помала, се сеќавам дека кај баба ми често ги гледав македонските приказни. Интересни беа, имаше што да се научи. Случајно денес беше вклучен телевизорот и емитуваа приказни. И слушам нешто дека жените биле створени за да гледаат челад и дома да седат, не требало да се мерат со мажите. ,,Долгокоси и краткоумни." Ова кога го чув коса ми се крена. Во поновиве приказни што неколку пати ги имам начекано, скоро секогаш ,,поуката" е за едно исто- жените треба да му бидат потчинети на мажот, да ја пазат куќата и децата. Што е најтрагично, во денешно време малите деца сѐ почесто дремат на нет и гледаат ТВ, некако популарни им станаа и турскиве серии. Не научиле да бројат до 10 на пет години, но знаат која е Дефне и во која серија глуми. И после сите чекаат на помладите генерации да бидат понапредни и подобри од претходните... Како ќе се смени тој заостанат менталитет со закоравени, конзервативни ставови и лепење етикети на секој можен човек кога уште од најмали нозе луѓето се задоени со тоа?
Онаа радост, возбуда и неизмерна среќа што ја чувствуваш во гласот на соговорникот додека му честиташ новороденче. Иако се уште немам осетено на своја кожа, сепак сигурна сум дека нема поголема среќа од моментот кога ќе ти се роди дете.
Дочекав да запознаам и луѓе што мислат дека ако се намачкаш со крема со СПФ20, а потоа и со СПФ30 е исто како со СПФ50 да си се намачкал. По логикава, јас три пати ставив 30ка, исто како со фактор 90 да сум. Лол.
Злобни се луѓето, секогаш ти даваат по една причина зошто да не им веруваш, зошто не можеш да се потпреш на нив, или да им бараш помош. Ќе те гледаат, ќе сакаат да те уништат и ќе бидат среќни смешкајќи се под мустак за проблемите што ги имаш.
Седам онака лабаво, си пијам кафе во тишина и си размислувам што ако за 2, 3, 5 или повеќе години сите мои наајголеми сништа, што дури на некои може да му изгледаат и нереални, станат реалност. Како се би изгледало, со луѓето што сакам да бидат покрај мене. Онака си ги замислувам ситуациите, си замислувам случки и ја искористувам имагинацијата онака до крајност. Убаво ми е. Отсекогаш сум била big dreamer. Па... Никогаш не се знае.
СДК кај мама ми е најубаво. Има топлина некоја, дом е, семество. Сам човек не е за ништо. Шиме под рака уште малку и ќе си бидеме двајца Само што добив покана за свадба на една предрага личност. Ја сакам најмногу.
Се осеќа крајот на летото веќе. Скопје полека се полни со луѓе. Улиците имаат се повеќе автомобили. Насекаде има гужва и раздвиженост. Зајдисонцето е се порано и порано. Навечер веќе ептен заладува. И покрај тоа што ова беше најубавото лето и засекогаш ќе си го памтам, со најубавите спомени и моменти, сепак се радувам на есента. Се радувам на носењето чизми, џемперчиња, мантилчиња. Се радувам на паѓањето на листовите и нивното крцкање под нозе. Се радувам на шетањето со него замоткана во јакна и голем шал, фатени за рака, а околу нас сите раскошни бои на есента. Не ми се верува дека е последната недела од август, навистина летово помина толку брзо...
Се додека го гледаш како проблем ќе нема крај. И секој проблем има решение СДК седам на постојка, си идам од работа чекам автобус и се паркира еден црн мерцедес, чекам да излези некој згоден WOW дечко, со убава, висока, крупна става... Ко излегува убаво, слабичко машко накај 23,24 години. Мириса топ. Облечен во сако, кошула и пантолони. Наеднаш посакав да се качам во кола со него, да се извозиме некаде низ Скопјево. Авантура, ноќ, летен воздух, бакнежи,страсти....
ВМРО на 15 септември организира голема акција низ сите поголеми општини за чистење на јавните депонии и ѓубрето низ населените места. Не мора да гласате за нив или пак не дека ќе ве предомислат за било што, но нема ни да изгубите нешто ако дојдете Вие со вашите другарки и да помогнете во акцијата за поубава и почиста наша татковина и воедно да ја кренеме јавната свест за хигиената.
Пред некое време кога Деруд настапуваше во Малта со дм бевме сведоци на две лезбејки како се бакнуваат. Ај на дм не му беше чудно,мене ми се згади. Едно е да ги гледаш на филм се е тоа глума ама во реалност е ту мач. Пред два дена на плажа во вода пред сите се бакнуваат и допираат,овде слободна земја без цензура. Неам ништо против тоа,но веројатно видикот во реалност ми се згади.
Не знам што е со народот.Одма почнаа со етикетирање и грди коментари за Ванчо Петрушевски,а човекот почина сабајлето,пред неполн ден. Секаде мешаат политика. Срамно !
Некако чудно и нејасно ми се прикраде во мисли Cleaning out my closet на Еминем. Ја немам слушнато песнава можеби 10 години, а видов дека истата е стара 16 години и се уште се сеќавам на текстот. Се сетив со братучед ми како ја снимавме на касета, па со стопирања го пишував текстот, зашто мораше да се научи на памет. Не дека бев најголемиот обожавател на Еминем, ама у тоа време беше шема. Бар за нас. Па се сетив за еден куп песни кои ги учев на истиот начин, со несовршениот англиски, па кога немаше да знам некое зборче, го пишував на кирилично онака како што звучи. Се чувствувам многу... збрчкана во мозокот? Покрај толку многу достапни алатки и информации и инструкции за секое нешто, како да закржлавевме. Веќе не ни текнува како да направиме нешто, некој го направил може одма да го користиме, или направил видео како да го направиме па само копираме. Како да не создаваме повеќе. И ако веќе е смислено сето ова, што ќе се смисли во иднина, и дали навистина ќе имаме потреба од истото? Направивме толку работи да ни се неопходни, а всушност можеме да функционираме со помалку од 50% од се што поседуваме. И правиме толку многу ѓубре.
Суфрагетите носеле црвени кармини додека марширале за право на глас. Не црвени кармини затоа што се жени, туку црвени кармини за да покажат дека можам да носат што сакаат. Црвени кармини во знак на бунтовност! Оваа женска бунтовност толку ги исплашила властите на Њу Јорк, што сакале да го забранат црвениот кармин од страв дека жените некако преку карминот ќе успеат да ги отрујат мажите (ваљда со магија, како вештерки ) Овде некаде, истиот период, во Канзас носат закон со кој им се забранува на жените помлади од 44 години да се шминкаат, за да не "си го прикриваат" вистинскиот изглед. Во денешно време, борбата против шминката доаѓа од жени кои мислат дека жените се шминкаат да им удоволат на мажите или да потклекнат пред нереалните стандарди на убавина. Пих, мене оние првите повеќе ми се допаѓаат. Јас би го користела секое оружје кое ми е при рака за бунтовност, па макар било тоа и шминката
Ми се превртуваат црева кога ќе слушнам/прочитам дека: - Таа што не готви секој ден е недомаќинка. - Таа што им дава на децата смоки, чоколадо и сладолед е НЕмајка. - Таа што става слика по купачи на социјални мрежи не е дама. - Таа што има тетоважи и кратка коса не личи на ништо. - Таа што не става ни грам шминка не личи на вистинска жена. - Таа што се шминка секој ден, се маскира и крие под шминката. О, вие совршени суштества, гледајте си за себе, живејте си го својот живот и оставете ги другите да живеат како што сакаат.
Интересен е и фактот што во 1770 година, Британскиот парламент го забранил карминот, под изговор дека истиот ја имал моќта да ги заведе мажите да стапат во брак, што во тоа време било класифицирано како вештерство...
Утро, убаво утро е денес.. Ги гледам луѓето, брзаат некаде, со насмеани лица, да се подзачудиш.. Мирис на штотуку мелено кафе и штотуку изваден леб од фурна некаде во комшилук. Ги сакам ваквите денови, ме враќаат во детството.