Oна кога си 28 и мајкати трча по тебе да види со кој ќе излезеш,или зирка и слуша разговор телефонски и ајде после имај мерак да и раскажеш што ти се дешава во животов,никогаш не сум имала некој што знае да ме ислуша и да ми даде мудар совет,им љубоморам на тие што имаат многу близок однос со мајките.
Вие родителите што не им дозволувате [] на вашите галеничиња да се вработат, освен ако не е по струка - па макар и 500 евра платата да била, оти „не заврши милото на мама факултет за ТОА да го работи“, дали сте свесни, дали сте свесни дека стварате ПАРАЗИТИ? Паразити што на 25+ години немаат 1 ден работно искуство; паразити што живеат на ваш грб, а подоцна многу веројатно на грб на нивниот брачен партнер; паразити што ви бараат 200 денари за кафе, и дур го пијат им се смеат на келнерите, шанкерите, и на продавачката од кај што ги купуваат цигарите (за кои што, пак, вие сте им дале пари); паразити заради кои некои поповлечени дечки и девојки се срамат да работат поштена работа, од страв да не бидат исмевани подоцна. Вие сте виновни, само вие!
Изненадува тоа колку не го познаваш некој,а мислиш дека го знаеш многу добро... Ама ете, растењето.Растиш,се менуваш.Затоа,не можам да замерам.Порасна и сега си збира искуства.Како јас да не бев таква во негови години.Ама колку и да се менува,јас сум постара и секогаш ќе му бидам грб. *** Аман веќе од оние кои очајно бараат романса.Со кој ќе стигнат,не е важно кој е.Само да се задоволи очајната потреба за внимание.Зарем толку е се бледо во нивниот свет? Не можам да ги разберам машките кои одат од женско до женско за да најдат некоја.Им се пуштаат на сите,па со која се фати.А и женските,види убаво машко и си мисли заљубена е.Види друго,исто.Иронијата е дека еден ваков потенцијален пар е составен од две осамени личности.Бараат љубов (се задоволуваат со внимание),а од љубов ни љ нема. Се губат чувствата и вредностите,а се добива публицитет.Поочајно не може да биде.Во ред е така да се однесуваат во тинејџерска романса,ама 20 години па и повеќе и така? Не оди Не го сфаќам ова,сето ова е површно *** На ниедна жена и девојка не и треба маж за да биде потполна.Нека си го извадат ова од главите многу луѓе,пред се од машката популација.
Завршува летото, доаѓа големата депресија or секоја друга сезона што не е лето Не сакам триста кила облека на мене. Не сакам ќебиња да влечкам по сите соби. Не сакам со чорапи да спијам. Не сакам да се мокрам на дожд. Ја сакам Норвешка
Ако морам веќе да ја трпам зимата, бар да ја трпам каде има добро греење. Вклучувајќи и на тротоарите
Додека да го најде маж и со кој ли не беше,па со повеќе истовремено а сега ми се прави светица и мислам не и личи на мажена жена со деца да ме гледа отстрана и да ми врти со скриен број само за да види како ќе изреагира дечкоми,ама среќа он ја виде дека беше она и цело време гледаше мислеше дека ќе се скараме,и таман он излезе одма ми се залепи да ме испрашува што и како,оти не дојде додека беше он тука или се осеќа крива бидејќи јадеше г*мна на мајками за него,денес веќе готово сите ќе дознаат кај сум била и со кого од неа,такви особи најмногу мразам,значи гледај си го мажот што дури беше оженет одеше со тебе и му растури брак и не се замарај со мене,ако порано си ми била другарка не значи дека треба да ти се исповедувам. пази само да не отворам уста ама ти да беше на мое место се ќе кажеше ама не пагам на твое ниво и кај сакам ќе бидам и со кого сакам ич не треба да те занима,преку глава веќе сте ми сите.
Ми се полни душата кога ќе посведочам нечија љубов, кога ќе посведочам нечија среќа, кога ќе видам вистинска насмевка Би сакала да гледам повеќе такви...
Вчера чекајќи автобус,имаше еден дечко до мене што збореше на телефон на некаков дијалект,го приметив дека не е од Скопје,јас си чекпав нешто на телефон и го слушав како збори,иако не сакав ама гласно зборуваше,објаснуваше на некој како ке си правел пиперки и патлиџани,на децата ке им правел зелка манџа многу ја сакале дечото со радост кажуваше како све ке спремал,искрено се насмевнав затоа што се осетив убаво,се радува за толку мали ствари,заврши дечкото со зборење,и ме погледна го погледнав и ми се насмевна,и тивко ми рече дечко ке знаеш ли како се прави тоа две линии на телефон,затоа што многу зборувам на телефон,па неможат да ме добијат некој луѓе,му реков само момент да проверам на интернет затоа што имам заборавено кој код беше,дечкото ми рече ааа не не нема гајле,јас мислев знаеш не се замарај,секако не ми беше замарање отворив на интернет и за 3 секунди најдов кој беше кодот,пријдов до него му реков,дечко дај да активираме две линии го најдов кодот,и ми вика на интернет ли го најде,му одговорив да да на интернет,леле дечко фала ти многу,да си здрав и жив,фала многу,многу ти фала,ке можат сега да ме бараат две лини.Му реков дека нема никаков проблем,дека не треба да ми се заблагодарува,ми рече извини дечко јас сум од село,јас сум селски човек,немам тоа смарт телефон,со интернет,имам ваков обичен,и не разбирам ништо,му реков дека сите ние сме селани и од некое село(не сакав да се осети понижено),се насмевна и ми рече,ехххх дечко да се сите како тебе,светов би бил весел а не тажен и сиромав.Му реков да е здрав и жив,и да не се замара со матријално,него само да е духовно среќен,ми рече ахх друже Господ да ти дава мир и здравје. Во животот можат толку ситници да ни го направат денот убав,што не сме свесни за тоа.
Она кога разговараш со мајка ти на тема секс и споделуваш некои интимни работи, сфаќаш дека сте поблиски отколку што си мислела дека сте. Ваква е целата кога ќе и кажам нешто во доверба. "Ооо ти мало тајно жарче" фаца. Спојлер
Секогаш ми е мило кога во темата На срце ми лежи ќе налетам на некој среќен пост со силни позитивни чувства...
Сакам да кажам дека некогаш некои личности дур не ти излезат од животот, не сфаќаш колку ти биле непотребни уствари, да речам... Напред "другарке", вратата ти е отворена, ама после нема назад. Барем не кај мене.
сдк абе аман шо е ова со празнициве кај нас? секој месец по еден празник има..на секое отварајне на фб читам за многу год.празникот де свети овај де свети онај.
Сум имала некој. Да бе, тој некој ме чека одсабајле да ме испрати на работа и бај д веј немам ни излезено два месеци. Хухуху некои блиски лица си имаат бујна фантазија. Да не му има мозокот шаума упиено?? Цццц свашта. Од таквите мислења, не можиш сама на кафе со другар да си излезиш.