Почнав да ве читам во На срце ми лежи, но после неколку прочитани постови се откажав. Гледам, едвај дочитувам а камо ли да ставам ми се допаѓа. Што да ми се допаѓа.. еве не знам што да ми се допаѓа во туѓата мака и болка. Не знам ни што да ви кажам за да ви помогнам или да ве поддржам. Секогаш Надевајте се на подобро. Со големо Н
Сто години - колку што сум и жива, нели викав: жими перчинот на главава! И, онда, ми падна перчинот и ми паднаа многу од соседните на перчинот перчини. Хорор! Значи, ако почнам да викам: жими салцево! Каква е веројатноста да ми го снема салцето у следните сто години од мојов животец, м? хехе #хјумор.ми.муд
Интересен клип. Има многу вистина во овој дел: Radical feminism is teaching women to view men as their enemy, to shame them simply for being men, to pathologize muscular behavior, to immediately view their motives as suspicious.
Не можеш да имаш идеален живот треба прво да ја разбереш дека не постои комплексна формула за идеален живот. Дури и да се обидуваш на нечесен начин да дојдеш до посакуваната позиција односно да ја оствариш зацртаната цел ќе се соочиш со проблеми. Зошто е тоа така? Бидејќи некој друг е спремен да му наштети на некој друг повеќе од тебе за да ја оствари својата цел . Но можеш да се потрудиш да имаш скромен живот, а од друга страна да останеш со чисти раце и чиста совест со тоа што нема да газиш по другите луѓе за да стигнеш до посакуваната цел. Поради тоа не постои комплексна формула за идеален живот, бидејќи не може сите коцки да се вклопат во животот за да биде се потполно идеално.
Млад, згоден и убав, да не кажам лепотан и образуван дечко бара девојка за тројка со двајца другари. Дискреција и хигиена на највисоко ниво. За повеќе инфо во лп.
Никогаш не сум си дозволила себеси да се повредм поради некој човек..Но сега целосно се распарчив, не верував дека некој ќе засакам толку и ќе ми се случат толку многу убави и неубави работи со тој некој човек..Никогаш не мислев дека можам за машко да се расплачам, мислев дека ниеден не може да биде достижен за моите солзи, но не било така. Никогаш не мислев дека ќе сакам толку и дека душава ќе ме боли...
Спојлер Уште нешто ќе кажам и толку за денес, доста е СДК. Инспирирано е од темата Ние околу и преку 40. Пошто сум млада за таму, да не ме набркаат, ќе го пишам тука. Не знам како да се понашам со мали деца. Не знам да глумам, да му правам фаци, да му викам Абе каци ти... Не знам, не ми се толку интересни. А и покрај тоа имам приметено дека јас сум им интересна на нив. Ми се случило дете да се вртка околу мене, па сака да ми пријде ама се срами и се крие зад фотеља, па така усрамено ми носи играче демек ми го поклонува, а јас се кезам онака малце исфорсирано, а тоа душа мала се чуди зошто не сум израдувана како кога нему ќе му дадат играчка. Криво ми е што не знам да му возвратам со иста мера, да бидам дете како него на момент.
И' позајмив книга на другарка. После некој ден отидов кај неа на кафе и гледам на книгата и ставила навлака и така ја чита, за да не ја оштети Уште сум импресионирана СДК постоеле и луѓе што, не само што ќе ти ја вратат книгата што ја позајмиле, туку и се грижат за истата.
Детската радост кога за прв пат ќе ги проба патиките кои светкаат при чекорење. Навистина ја осветли просторијата, внесе светлина во темнината, на ист начин како што секој ден ми го осветлува животот. Била шик шик. Посакувам секогаш да чекориш толку лесно и безгрижно низ животот... Јуначе мое.
СДК братучед ми кој ми порасна буквално во раце,јас го изгледав,пред неколку години замина Америка,го немам видено од тогаш....ама сега ни соопшти убави вести,ја запросил девојката,едвај чекам да си дојдат
Вчера прочитав за бабичка која се грижи за својот непокретен сопруг и за своите внуци откако нејзината ќерка починала. Оваа бабичка секој ден продава цвеќиња пред Тинекс во Карпош 3. Одвојте од парите за кафе и купете еден букет цвеќе, ќе донесете насмевка на оваа бабичка.
Не нѐ учи ,,радикалниот феминизам" тоа, туку од дома, цел живот. Да не си фаќаме дечковци многу, бидејќи можат да не искористат. Да не зимаме пијачка од секого бидејќи има шанса да ни подметнат нешто. Да не се разголуваме за да не ни свиркаат и да нѐ напаѓаат. Да не се расправаме многу бидејќи може бесот да им испадне од контрола и да не повредат. (Да, стварно го имам добиено овој совет). Исто така тука се и статистиките дека мнозинството од насилства и убиства врз жени се од страна на членови на нивното семејство или дечковци. Така да стварно извинете што сме малку сомнителни на мажите и нивните мотиви. А за машкиот страв од жени: На женски форум сте, не е лошо да прочитате некои од мислењата што ги имаат пишувано жените.
Ден 67. - Тато шо праите? - Еве у двор, со ****** попушили смо курац овај луле мира. - Е шо? - Он мисли дека ќе го сечам, а јас знам дека нема, па виски му понудив и двајцата под мустак се насмеавме слатко. Неее можам со човеков! Кога ќе го згазм 6чето сакам вака ко него да сум. Хуморот да ме служи и професионално да сум продуктивна и да не ме заборават, да ме служи памет ко него.
Се опседнав со Dusk Till Dawn и со Zayn (како некоја напалена тинејџерка Хаха)....Последниов саат време ми е на repeat...Сериозно Ах лепоќќа Ајде уште некое да ве спремам пред спиење хаха Добра ви ноќ. Сакајте и бидете сакани. Тие што се сингл,ви посакувам еден ваков згоден тип да ве сретне утре
Не ве разбирам луѓе. 2-3 дена пред уписи размислувате на кој факултет ќе се запишувате или што ќе работите со тој факултет. Јас мислам дека доволно ви е и средно доколку се пронаоѓате во ова што го пишав. Животно прашање е незнам како не го сфаќате за сериозно. Колку само лесно може човек да манипулира со луѓето. Доволно е да ви каже оди на тој факултет има таква и таква работа има многу пари и вам толку ви треба. Дупка образованиево македонско.
Не можам да разберам луѓе кои имаат потреба да ја докажуваат љубовта по социјалните мрежи. Така едни на фб секој месец постираат слики откако правеа свадба. Мене некако ми нема смисла сето тоа. Јас разбирам слики со дечко/сопруг/деца, постирам и јас слики но вака ми личи како да сакаат да покажат на народот колку се сакаат. Што знам, ми се губи убавината на тоа да си прославиш приватно, вака ми е како да не се сигурни па ај ќе постираме. На кого докажувате? Што докажувате?
Си седам онака и размислувам за разни работи и одеднаш,не знам од каде ми дојде,се прашувам,а како беше она чувството на заљубеност? Се обидувам да се присетам како сум се чувствувала,некако да ми дојде внатре,ама не оди.Си викам ај мори,кај на овие години ке ти текне,одамна беше! Потоа се прашав,а бе на 40 и кусур се заљубуваат ли луѓето? Или немав нешто попаметно за размислување,или одвишок време,или пак ми треба некое потсетување.