СДК дека во црква се носи пристојна облека, а не како таа девојка денес облекла краток фустан и чизми до колена. Па добро бе девојко не одиш во дискотека туку во црква. Изгледа некои девојки можат внимание да привлечат само со разголена облека.
СДК дека куќата на баба и дедо не би била истата без кантата од сирење и кантата од грчки маслинки во кои има засадено зокуми, без старите лонци и тенџериња во кои цветаат сардели, без канчињата од кисело млеко во кои зреат лути пиперчиња. Куќата на баба ми и дедо ми не би била истата без металните кутивчиња од паштета и сардина во кои има шајки, навртки и завртки, без обувки пред врата "закрпени" со жичка, без соларниче направено од жолтата пластика во Киндер Јајце. Јас не би била јас без куќата со рачно изработени мали, дрвени столчиња.
Толку ми се неред мислите, што седам и се мислам дали и каков шампон ставив додека се бањав пред пола саат. СДК чекам неодговорноста да ме касне за г*з. Газ. Дел од тело е де, како нос, или нога. Морало цензура да му правам... Да имав нокти, сега ќе ги грицкав. Сакам да ви кажам да се сакате себеси секогаш. И да си бидете на прво место. И да се грижите за себе добро.
Колку повеќе му посветувате внимание на некој што правел и како успевал во својот живот толку повеќе ве боли неговото игнорирање. И не само тоа туку зашто тој,а не вие.
Ох вие улиживачи, глумци гајле ви било... Каква театарска претстава. Си направиле скара на плажа во 9ч навечер,човек ќе помисли само на Македонец тоа ќе му текне. И слушам рандом муабети "Види ги овие скара прават,паметно." И секако со повисок тон за да се слушне со нив и што, не се свртеа. Продолжуваат луѓето со муабетите, продолжуваат и тие со скарата. Секој со црпката.
Идам да си купам прслук тетката ми ја трга завесата јас ко од мајка родена пред неа и ми вика овој не ти е добар чекај се враќа за 5 минути ми носи 3 и ми вика пробај сите да си ги земеш. Веро уште пва ти требаше у животов! У Сара Фешн имаат попуст на прслуци.
Денеска собрани на ручек дел од фамилијата, се шалиме, се смееме и доаѓа полусестра ми, од другата соба (која има скоро 4 годинки) и мртва озбилна вика: "Абре луГе зоСто се смеете сите како вино да сте пиеле???" Со таа мала, озбилна и слатка фацичка. (А вино не пиевме). Буквално го обожавам тоа суштество.
Што е убава тишинава, ѕвездите и свежово време.. уште шумот на лисјата да го слушнев па да седнев на лулашка со кебе и да ладам мозок у природа. Не бе ич не знаеме да живееме да користиме природа и свеж воздух.. Ноките ми се најубави. Често знам да станам у 4 саат и да уживам во нокта па пак да си легнам Мирот елексир бил за многу работи.
Вчера на тв начекав една емисија при крај, двајца возрасни, маж и жена седеа еден крај друг. Во скутот на женичката имаше едно мацуле кое спокојно лежеше, додека зборуваја за нивната љубов, како се запознале, де мажот, де женичката си го галкаа двајцата заедно маченцето. Љубов.
Сакам да кажам дека темата Brazil butt lift упорно ја читам како Brazil bullshit Секогаш, ама секогаш е така, а успат да си признаам дека никогаш ја немам отворено и поим неам за што се работи.. ама па и што ќе ми е да знам бе, и онака е bullshit Нема врска, ми се спие изглеа
Полека разбирам дека да си искрен е најголема казна. Кој како сака нека го разбере јас тоа го имам почувствувано на сопствена кожа неколку пати. Ама тоа е не сум јас виновен што сум таква личност. На крај во овој беден и никаков живот има голем број на неправди, па една повеќе или помалку не е ни важно повеќе.
Со вистински луѓе, искреноста е благослов.. А до 'вистинските' ќе дојдеш, само со искреност.. Ќе ги научиш тие што не ценат и ќе си се тргнеш од нив. Со време.. ќе бидеш опкружен со (можеби малку), ама оние кои се битни. он типик: Ти сакаш штикли, јас сакам док.мартенс - не знам зошто има потреба за тоа да се расправаме... Ни јас те терам да носиш од 'моите', ни ти ќе ме натераш да носам од 'твоите'.
Posle cela nedela 10-12 stepeni jasno e deka letoto zamina. Esen e, ama dali e I toa ne sum sigurna, se dvoumi. Kao I da e sto pbrzo neka dojde Noemvri, bas e najubav mesec koga se spremam za NG, Dekemvri, uste poubav, se e posvetenoo na uzivanje.
Сами се тргаат и не ми е јасно зошто . Толку ли е страшно ако некој е искрен и бара и од другиот искреност.
За да не разговарате со тој од карши на огледалотоотворете си уште еден профил на Феминаима да се утепате од разговори лајк може да си бувните
Кога бараш мислење прифати го како што ти е кажано. Ако прашаш, очекувај секаков одговор и не се лути ако не е тоа одговорот кој сакаш да го слушнеш !!!
Македонци у црква за празник. Вреди за научно истражување. Огромни редици. И многу "памет" и "духовност" на едно место. Слушаш како мајка и се дере на својата ќерка тинејџерка која случајно го испушти шишето со ооо пресвета вода. Дрско, дрско и обруси - за ништо не можам да се потпрам на тебе, па барем за ова внимавај, света вода е!!! По некоја мудрост за денот, и сите одеднаш сакаат да се големи и важни луѓе, со чувство за доброта, им проработува тоа внатрешното лицемерие и лажно чувство на лична големина кое пак не јебе сите во останатите обични денови од годината, дека он ете направил нешто големо и сепак е добар човек (о, не е, точка со се извичник до неа). Во редот стои еден дечко, зад него застанува мајка со бебе во количка, дечкото не ги виде, едноставно продолжи да стои во редицата. ГОЛЕМИОТ предуховен човек искоментира - види го овој со гзот му застанал на детето во лице, место да се тргне и му оди, туп-туп-туп по рамото - дечко ај тргни се мајката да помине, што си застанал, па стварно нема смисла, на што личи ова. А дечкото зачудено го погледна и тивко прокоментира, извинете, но јас не ги видов ќе се тргнев секако, а овој добриов на висок тон за да се чуе неговото добро дело - како не, не си ги видел, ајде ајде сега тргај се. И додека поминуваш поред огромната маса со лебови пејани, една дели леб штотуку и го испеал попот и слушаш како и вика другата до неа - ајде дај по луѓето, нека оди лошото по други, да се спасите вие. ВТФ?! И кога конечно доаѓаш до внатрешност на храмот, повторно ред, да се баци иконата. И еден по еден вадат пари и циркуларно ја галат иконата со парата, некои надмено, како иконата да е домашно милениче ја погалуваат и онака, со гола рака, но со исклучителна ароганција, наместо очекувана понизност или барем почит (ни ова не го разбирам, но ајде да речеме дека е логично да биде така, а не она го прават), реда ради да помине тој ритуал каде што иконата ќе ги дари со добро здравје и среќа (читај пари). По централната икона сите се распрскуваат по целата црква како да влегле во Лувр. Од икона на икона со парите во раце, прекрсти, стави пара. Мисловниот процес идел сигурно вака - на пример. Пресвета Богородице спаси нас, за здравје за среќа амин, хопа еве ти такса од 10 денари. Така туристички и фино, да се пројде редот на оваа лакрдија и да одиме да печеме прасе и повторно да станеме грешници, до следен празник каде Господ ќе прости. Додека те боли мозокот од глетката на овој тн вечен и демек кроток и духовен народ, некаде во позадината слушаш како се бројат црковните каси, ѕрн-ѕрн ситни парички... не може да стане поиронично од ова. Ритуални регилиозни луѓе се еднакво на суеверни луѓе, дури и полоши и по погани. Зошто никогаш нема да ја наведнам главата пред нашата религија...ете затоа... но нема каде на друго место да си го најдеш мирот да бидеш во допир со себе кога го губиш тлото под нозе и вербата додека се распаѓаш физички и ќе ги гледаш овие мизерии од полусветови, со чест на исклучоци кои денес не ги видов. Сите денес знаат дека е голем празник, и УБАВ наводно, но колкумина навистина знаат што е и како е... чуле дека е голем, па сега другото што е важно...