Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Тие "исклучоци " го држат светот на своите плеќи.
    Добро е да знаеме дека постојат.
    Со тек на време и духовен развој,како да ги има се повеќе.
    Премногу е тажен овој твој приказ,иако убаво напишан и навидум реален.
    Еден ден ќе ти биде јасно,дека имало уште нешто невидливо и во некои од тие " мизерии од полусветови "

    Инаку дојдов да кажам премногу квалитетни луѓе прочитав на форумов.
    А толку многу се говори како младината е неписмена,празна,површна.
    Каква заблуда е тоа само.

    Драго ми е што ве читам.☺
     
    На Abeja, Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Во дилема сум. Plays Nelly-Dilemma. |(
    Си играв со едно дете, од тие децата денес што се по шминки и лакови и штикли :) Не се малку, и ме мрзи да разјаснувам став по тоа прашање. Ме замоли да ја лакирам со црна боја на лак. Јас у моите млади металски денови искрено, се лакирав со црна боја, ако тоа спаѓа во едино бунтовство што сум го имала како тинејџер :^) Убава ми е црната боја, иако се поретко ја носам, убаво се чувствувам кога сум облечена во црно, ама црно се немам излакирано повеќе од 10години. Всушност и други бои не се лакирам често. Тоа е друг муабет, забегувам. Гледав една емисија пред подолго време, беше со една градинка, и едно од децата сакаше да црта со црна боја. Ставот на надгледувачот беше дека секој има своја среќна боја. Ама јас не можев да му објаснам на ова девојченце зошто не можам во црно да ја излакирам. Знам зошто, на родителите нема да им се допадне :) но како да и кажам дека црната ја перцепираме како лоша боја. Зошто една боја мора да биде лоша?
    Зошто бебињата мора да се облекуваат во сино или розево? Што ќе се случи ако носи нешто во црна боја? Зарем сме толку суеверни дека една боја може да привлече нешто лошо? Што ако израснеме една цела генерација на деца без овие замисли и предрасуди околу боите, предрасуди околу милион работи всушност.
    Да се биде добар, да се помага на други, да се мие заби, да не јаде многу благо, и потоа толку многу работи за да се стави едно дете во "ред". Вклучувајќи и да не се лакира во црно :)
    Понекогаш некои работи се навистина...глупави.
     
    Последна измена: 29 август 2018
    На winter flower, Amellie13, Purplelilac и 30 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Што е добро, а што лошо се учи.
    Само што во човековата природа, спаѓаат и добрите и лошите карактеристики и однесување, работата е колку ќе ја научиш и примениш 'доротата' и колку, како и дали ќе ги контролираш своите 'лоши' побуди.

    За тоа не ти треба ни религија ни религиозен храм. Можеш да учиш од секаде околу тебе.
    Духовноста и моралноста се интимни, индивидуални побуди.
     
    На winter flower, hermosa, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.684
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека тоа е така бидејќи човекот со тек на време развил т.н. psychology of color.

    Познато е дека човекот претставува суштество кое има солидно развиена вештина за перцепција, генерално, а во тоа спаѓа и оптичкиот дел од спектарот, кој во реалноста е само фрагмент од целокупното електромагнетно зрачење кое човековото око е способно да го регистрира.

    Меѓутоа, дури и на човекот му е полесно да развие одредени асоцијации кои ќе му помогнат да перцепираат, односно да толкуваат одредена појава на одреден начин, што во реалноста секако не е секогаш прецизна и веродостојна.

    Луѓето сакаат да им даваат поголемо и подлабоко значење на нештата кои се сосема нормални, нешта кои претставуваат една од многуте карактеристики значајни за животот на оваа планета - претпоставувам дека тоа е како последица од интелигенцијата која ја поседуваме.

    Светлината која човекот може да ја види, заедно со дел од електромагнетното зрачење, кое минува низ земјината атомсфера (кое не се одбива од неа) паѓа на површината на Земјата, но човекот како суштество кое има развиено когнации, чувство за естетика, музика и уметност, секако ќе има поинаква реакција кон боите отколку останатите животни (освен тоа, воспримателните системи кај другите видови се поразлични од оние на човекот и се способни за регистрирање на пообемен интервал од бранови должини).

    Сепак, не треба да се изостави и различноста на перспективата бидејќи секоја култура може да толкува бои на различен начин (како на пример во индија, бојата за жалење е бела, додека кај останатите белата боја симболизира веселба и боја на венчаницата на невестата).

    Всушност, таквата поделба меѓу полот започнала да се развива постепено. Низ текот на вековите, сите бебиња и деца биле облекувани во бела боја, односно бели фустанчиња (бидејќи било полесно да се повлечат нагоре за мајката да ги смени пелените).
    Како што знам, пастелната бебешка облека се појавила во средината на 19 век, но не била специфицирана по полот на бебињата.

    Генералното правило: "pink is for girls, and blue is for boys" всушност било обратно применувано. Розовата боја бидејќи се сметала за посилна и посмела, била носена од момчињата, додека пастелните нијанси на сино биле понежни, поубави и повеќе прилегале за девојчињата.

    Во една книга по историја, пишуваше дека ова се променило по WW2, кога мажите сакале да ги повратат своите поранешни работни места (кои за време на војната биле преземени од жените) и самата влада охрабрувала жената да се врати во нејзината улога во домашната сфера.

    А најлесниот начин да се нацрта една линија меѓу половите и тоа од самото раѓање, била преку боите.
    Освен тоа, модата и шминката за жените играла големо влијание овде, со тоа што розовата боја им помагала на жените да изгледаат здраво и полни со живот, особено по тешките времиња за време на војната.

    Би рекла дека додека човековото општество како една целина не пронајде друг начин како да истакнува женственост, но и поделба меѓу половите, правилото : "pink is for girls, and blue is for boys" ќе продолжи да ја врши својата функција.

    За жал да, и тоа поради културата и верувањата што луѓето ги имале во минатото.

    Црната боја порано била асоцирана со темнината на ноќта, која инаку ја претставува природната состојба на универзумот, а темнината и ноќта обично се поврзува со стравот од непознатото, поради релативно слабиот човечки вид, стравот од слепоста.

    Исто така, претставува извор за никтофобијата, и тоа уште од пештерските денови на човекот, нашите предци постојано внимавале на предаторите кои само ги интересирало да се нахранат од човековото тело.

    А да стане овој факт уште пострашен, повеќето од овие предатори ловат ноќе - времето од денот кога луѓето се особено ранливи во однос на тоа да бидат изложени на напади поради релативно слабиот човечки вид.

    Although, if you ask me ...

    [​IMG]
     
    На winter flower, Amellie13, Purplelilac и 17 други им се допаѓа ова.
  5. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Од сега ќе играме по твои правила..
     
    На Rama, Rabbit, BoyL и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Предвремен роденденски подарок во плико - карта за Cigarettes after sex :party:
    Kако си ги сакам другариве уф :l:
     
    На Amellie13, Purplelilac, Rama и 23 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    'Балкански менталитет' припаѓа во дијагнози.
     
    На Amellie13, hermosa, Purplelilac и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.400
    Пол:
    Женски
    Мислам дека поголем дел од форумџиите тука се соочиле со барем една личност што селективно почитува и применува начела од било која света книга и религија, а е најгласна кога треба да му проповеда некоја мудрост на друг човек што ,,скршнал од патот" и да му кажува како треба да го живее животот како да е олицетворение на самиот ѓавол, па ајде сега да му го дотераме паметот.
    Едно сакам да знам: од каде таква дрскост и толку голема храброст да се плука по некој што не е религиозен, а притоа да си свесен дека си крајно себичен и со самото тоа го правиш токму она што не треба?
    Од каде толку самодоверба, надмен став, чукање во гради ии давање право на себе да се чувствува подобар само поради тоа што пред сите други се декларира како верник, а го велича и прави само она што е во негова корист и она што му одговара?
    Се извинувам за олку негатива, но празниците не ги сакам поради ваква причина. Поради сето тоа наметнување, таа глупава и безобразна насмевка кога знаат дека не си како нив, ама упорно одбиваат да те прифатат како таков и се обидуваат да те сменат, да направат да се срамиш поради тоа што едноставно не веруваш. А ова боли.

    Како само во овој век да има луѓе што не се религиозни. Свесни сме сите дека отсекогаш постоеле и ќе продолжат да постојат разлики во сѐ, ама егото не дозволува да се прифати вистината.
    Не бидете безобразни, не се обидувајте индиректно да промените некого. Гледам дека и на форумов многу зачестени се препирките во врска со оваа тема и навистина ми е жал што си дозволувате себеси да сте гневни и безобразни спрема некого само поради тоа што ги разбирате нештата на поинаков начин. Уживајте во празниците, како и во секој ден од вашиот живот, ама по никоја цена не се обидувајте да смените некого по ваш калап.
     
    На Amellie13, SV1911, Purplelilac и 23 други им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    11.762
    Пол:
    Женски
    Јас па вчера мислам дека мирно помина празникот, без "терористички напади". :D
    Не дека многу ги пратам тие теми на форумов, ама не приметив р'чкање.
     
    На Purplelilac, Rama, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Предмалку паднавме на муабет со мајка ми и ми кажа случка од вчера кога беше во црква за празникот (јас иако ни таа не е баш многу религиозна, сепак не сум скроз отворена со неа за мојот веќе речиси целосно атеистички поглед на светот - но веќе скоро воопшто не одам ни со неа во црква за празници, бидејќи не сакам да се чувствувам лицемерно и во конфликт со своите чувства). Од случката ми текна на синоќешниот пост на @Lilit и поентава со тоа што сè влегува во црква.
    Спремете се за можда најголемиот простотилук што сте го слушнале/прочитале во животот...

    Значи, мајка ми си стоела најнормално на ред за да запали свеќа, а во рацете држела торба за пазарење, на средина, на висина на струкот. И некое си непознато бабе одеднаш ѝ пришла и со дрзок тон ѝ рекла: „стави ја ма таа торба на страна до тебе, како така во црква си ја држиш пред СРАМОТ...(знаете на што се мисли ваљда).
    *insert Значи страшно meme here* :headbang: :headbang: :headbang:
    Само како бонус е и тоа што (бивш?) политичар бил таму на литургија и облетувал како потрчко веднаш околу попот, па дури и им го држел виното на оние што се причестуваат (facepalm)

    Да не зборувам веќе за бројчиња во една прилика како во банка да не заборави некој за секој случај да плати за осветување лепче за слава (да, сериозна сум), дрско и нервозно однесување од попови итн, итн.
    Ама од таа првата случка останав без коментар...

    Дури можам да речам дека и сите тие претерани анализирања на тоа како сè oблечени луѓе има во религиозен храм, ми ги има ту мач. Имам слушано примедби не само за апла вулгарности и голотија, туку и за стил и ситници - зошто била некоја со фармерки наместо со широка сукња, зошто некоја носела факин шешир за да се скрие, зошто била многу нашминкана... И секако само за жени.
    Јбг, за оддавање почит на празник и свој душевен мир ли идете во црква, или за slut shaming и малограѓански муабети?!

    Затоа лично за мене веќе дефинитивно црквите, храмовите, манастирите - се само респектабилни како објекти од уметнички и културен аспект.
    А со секој нов муабет за свештени лица и вакви случувања на празници што го водам и читам било каде, ми се потврдува аверзијата кон организираната религија. И тврдам дека луѓе кои се многу посветени на истата, а притоа не им е тоа потчинетост, опресија и не зрачат со лицемерие, игнорантност и малограѓанштина - се ИСКЛУЧОЦИ.
     
    Последна измена: 29 август 2018
    На Amellie13, SV1911, crimson и 33 други им се допаѓа ова.
  11. PinkCactus

    PinkCactus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    807
    Пол:
    Женски
    Зошто бе сите ми се изнасмејаа кога им кажав дека сакам да чувам еже?! :wasntme:

    Дечко ми ми рече дека дома уште летечки змеј ми фали. :?: Чекај срц има време. ]:)
     
    На Amellie13, Purplelilac, dayla и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Кога ќе почнат со генерализации од типот дека порано на 15-16 сите се мажеле, а денеска на 15-16 сите веќе биле искусни во сексот. Па како тоа бе?
    Како баба ми жена од 81 година не се омажила на 15 порано, туку на 25 иако била од село, ниту и фалело нешто, а исто така пола мое опкружување ниту дечко немале ниеден, а се по 18 години, не па веќе со 5 души да биле сексуално активни.
    Аман веќе од генерализации, не се сите исти. Ако неколку примери такви знаете не значи дека ама баш сите се такви, па ко слепи за стап упорно па упорно. (facepalm) Или па некоја ако била само со еден а е над 20 години, значи лажеш, поштена се правиш, денеска сите биле со многу ама значи сите, шо ти е, ќе ти здосади со еден, лажеш или си ненормална. |(
    Сите си имаме различни стандарди, сите сме опкружени со различни луѓе, прекинете веќе со вашите генерализации, не тоа што вие мислите дека е најправилно е најправилно, ниту пак е точно и важи за сите луѓе. |(
     
    На Amellie13, SV1911, Purplelilac и 14 други им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial
    Ме потсети на случка од неодамна во еден манастир. Со непознати баби во главна улога.
    Празни биле помалите лончиња со света вода и не можеле да турат кај нив во шише, па се караа дали да туреле сами од големиот лонец или да чекале некој ДЕЧКО да им тури.
    Едната и викаше: -Ние сме постари жени и сме грешни, не смееме да претураме сами.
    Другата вика: -Еве до нас има младо девојче (мислејќи за мене), ама подобро некое машко да почекаме, нели?...Сепак машко е машко...Почисти се тие.
    :o :o :o

    [​IMG]

    Како да си отиден на другиот свет, па ти ги мерат грешките на вага.
    Само им фрлив поглед за да се сетат дека претераа со глупости и тоа над уво ми шепкаа.
    И други бисери кажаа, ама ќе ги зачувам за мене.

    Секогаш во религијата мажот е на прво место, без разлика каков живот има.
    Јас колку што знам пред Господ сите сме исти, ама во верските објекти сепак жената се гледа како нечиста и грешна....Уф, не дај Боже добиено да имаш, тоа ти е исто како да си убила човек.
    Нечиста грешница.

    Да постоеше можност ќе не тераа со сила да ги откорнеме срамните полови органи пред да влеземе во свет објек, пошто сме женски.

    Одиш во манастир/црква да си најдеш мир, ама не...ќе се најде некој од страна и ќе те гледа како си облечен, дали имаш добиено, дали косата ти е исчешлана, дали со десна се крстиш. И после ќе се прашуваат сите зошто се повеќе млади станувале атеисти.

    Патетики :puke:
     
    На Amellie13, Purplelilac, Indiegurl и 19 други им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    63.485
    Пол:
    Женски
    ^Не е толку лошо што такви баби и теткици ги имаат тие размислувања. Нивното полека си оди. Најжално е што младина од наши генерации размислува вака. Ги имате и на форумов, максимално девалвирање на жената, тек па на други места уште милион пати погадни работи сум слушнала. Во свет каде се ти е достапно, од интернет до секоја книга уште жена да ја мислиш за нечиста, да ја споредуваш со брава, со вреќа, со машина за раѓање и уште не знам ти што, е... прежално.

    На муабетот од @Briar Rose , не ми се верува колку исти работи ни се интересни :D Јас имам за боја ептен читано, додуша јас сум заљубена во сликарство па секогаш заприметувам контрасти од бои. За да биде еден ефект целокупен не е битна само бојата, туку и контура, позиција и текстура. Посебно ме интересира за играњето со боите, начинот на кој може да се мени човековата перцепција за истите, комбинација и антагонизам.

    Најинтересно ми е што бојата е уствари една голема илузија, генетски сме предиспонирани сите да гледаме за нијанса различни бои, исто така мажите и жените сме различно програмирани, ние сме многу поосетливи на различни нијанси од бои, тоа се должи затоа што имаме 2 х хромозоми, а мажите само еден. Чист пример за ова беше кога се направи дебатата за фустанот, односно едни гледаа една, а други друга боја. Исто преинтересно ми е како бојата зависи од светлината, ова Ван Гог го инкорпорирал совршено во своите дела, сликал на различна светлина една иста работа, затоа секоја слика му е мастерпис.

    Можам до утре за бои да пишувам, како се мешаат, како си парираат а како се контраат, ама ај да не ја тупам, дајте сериозно да отвориме некоја тема за random trivia, да не ја трупаме овде темата.
     
    На Madam-A, Amellie13, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    И ќе дроби после некој дека религијата не учи на ништо погрешно.
    Всушност може и навистина да не учи. Ама дали така пишувало во библијата, или верниците ја толкуваат на некој друг начин, или свештените лица си тераат по свое, јасно е дека некој многу погрешно размислува, односно кажува.
     
    На Anabelle.Amorette, Joi, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Како народ кој споделува икони на фб и се крсти покрај секоја црква на поминување,многу сте злобни...
     
    На Abeja, Amellie13, hermosa и 10 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Да, дијагноза 1 - Болест.
    Дијагноза 2 - копање гроб на свој сограѓанец.
    Дијагноза 3 - Крадење
    Дијагноза 4 - Патење по внимание и милион уште дијагнози,супер што си кажа.
     
    На Herrera, Rama и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    70.735
    Она кога за нецела минута ќе ти замине превозот, па чмаеш ко глуп дур дојде наредниот
    Прекрасен начин за да ми започне роденденот |( :D
     
    На Rama, Purplelilac, Joi и 5 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Пред да се вклучувате во дебата на некоја тема, прво информирајте се.
    Нема никаква корист од уривање на сериозни теми со незнаење и дезинформации.
     
    На Rama, Joi, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Она кога тетка ти на профилна слика ќе ти искоментира:
    - ' Права Оливија Њутн си, уште да знаеш да играш како неа. Лепотице моја '.
    Коментарот за малце повише лајкови од самата слика ќе имаше, да не го бев избришала. :D

    За играњето додуше во право е, ама физички со дотичната госпожа додирна точка немам.
    :rofl:

    ПС мислела коментарите само јас можам да ти читам, како порака :rofl:
     
    На Madam-A, Yowannty, Rama и 25 други им се допаѓа ова.