Она кога некоја овде што лично те изнавреѓала колку што никој ни во живо ти се нема дрзнато у животот (и уште продолжува да те лови и да ти иде контра во секоја можна прилика), ќе ти лајкува лични љубовни постови со најискрени емоции... Да бев суеверна, ќе барав чаре од уроци... Прескокни ме следен пат, обожавателке, плс... језивка си.
Кога се зачленив на форумов бев само 11 години, за некој месец направив 12. Сега кога ќе ми текне дека точно за една година ќе бидам полнолетна и ме чекаат милион нови работи и потешки проблеми, а јас се осеќам исто како таа 11 годишната тука, само физички порасната, ме фаќа така малце страв. А и некако многу брзо помина времето, не можам да сетам кога толку време измина. Секој роденден, секоја година обично така си пишувам нешто во темава, стандард како ритуал. Оваа година за првпат не знам што да напишам. Чудна ми е бројкава 17, како да нејќам да стареам појше од ова. А на времето се радував за секоја + година, сега некако веќе не. А и пола луѓе ме утнаа дека сега ќе сум 4та, па мислат 18 правам, па ми честитаат 18ти роденден, се осетив така ептен возрасно. Не ми се веруваше дека некогаш ќе го пишам ова јас ама посакувам денеска да ми беше 7ми роденден, наместо 17ти. А на тие години па ги посакував овие години. Сега сакам назад.
^Ќе го окупираме денес јас и ти форумов со нашиот роденден Ко што кажува сликата, кризата на quarter life ја започнувам Сакам да се вратам бар 10 години назад, ама бидејќи не можам, ќе се трудам напред да чекорам похрабра и поцврста На некој може сум му напорна, на некој досадна, на некој интересна, но осеќам потреба да напишам тука, бидејќи на форумов запознав многу прекрасни луѓе кои сум среќна (иако засега само виртуелно) што ги имам
^ Без да напишам у темава не е исто, 5 години ритуал ми е тоа Еднаш годишно им досаѓаме, не се секирај. Простено ни е денес мислам дека
Уште малку и ќе почнат лисјата да паѓаат од дрвата. Ќе почне да дува студен ветер. Мирисот на зимниците ( правењето ајвари) ќе се осети по улиците. Мирисот на дождот, на печени костени, на топол чај од липа. Штотуку испечените колачиња од фурна додаток со чајот. Удобна дебела облека, со некое ќебе под прозорец и гледајќи како врне. Со некоја чаша вино или некоја добра книга...
Исто како и полемизирањето за што е постаро (или прво)- кокошката или јајцето, стои и не таква полемика туку баш издржан факт во контекст со темелите на општеството, за родителите и децата. Основата на која се гради секој еден карактер на поединцот, а со тоа и формирањето заедницата, ја дава околината. Се знае каде и како ги создаваме првите перцепции за светот и доброто и лошото, правилното и неправилното, вистините и лагите. Во која насока би оделе понатаму со самиот раст и развој, и каков ќе биде нашиот допринос. Затоа сѐ почнува од тука. Шити родители придонесуваат за сите работи кои подоцна нивните деца ќе ги прават шити личности, т.е. фалинките во личноста. Не мора да се биде секогаш на ниво, но не дозволувајте да одите многу под нивото и да зае*ете грејт дил. Толку е просто.
Во последно време сѐ почесто среќавам видеа на linkedin од деца со темна кожа, како насреде некоја вукојебина, со голи раце или можеби вооружани со некаква гранка, успеваат да ископаат дупка во калливата земја, да направат сопствени плочки (со истиот кал, плус песок и уште нешто), да ја поплочаат дупката, да пренасочат вода од некоја река во близина и да направат базен. Видеата секогаш завршуваат со тоа како детето или децата среќно се бањаат и пливаат во базенот. Во кадар се само децата, а снимката е забрзана, така што не знаеме дали тие навистина сами, без ничија помош и никаков современ алат успеале да го направат базенот, ниту пак колку време било потребно за тоа. Во секој случај, намерата на видеава е да нѐ убеди дека, да, сами го направиле, како и дека во тоа успеале за само неколку часа или во најмала рака, за помалце од еден ден. Се разбира, коментарите под видеата изобилуваат со пофални зборови за генијалноста и инвентивноста на децата, како и за нивната трудољубивост. И не можам а да не се запрашам, која е поентата на овие видеа и на што всушност се должи нивната популарност? Дали е во прашање желбата за физичка работа, онаа исконска потреба во секој од нас, за создавање на нешто со свои сопствени раце – нешто што несомнено им е целосно непознато на повеќето луѓе на linkedin – или пак се работи за безобразен обид за ублажување на first world guilt? Сепак, публиката која го гледа видеово истото го прави пред компјутер, преку интернет, сместена удобно во климатизирана просторија, и тоа најверојатно џаболебарејќи во текот на работното време, на своето солидно платено работо место. Од друга страна, „актерите“ во видеово се сиромашни, голи и боси дечиња, кои најверојатно немаат ништо од горенаведеното. Но, хеј, барем имаат базен! И види колку се среќни додека пливаат во него. Мислам, децава со голи раце, од буквално ништо направија нешто. Уствари, сѐ што ти треба у животот за да се извлечеш од беда и сиромаштија е малце инвентивност, труд и напорна работа – тотално не е важно каде си роден. Всушност, сите тие земји од третиот свет се сиромашни и бедни затоа што луѓето им се неинвентивни и мрзливи – јас како жител на first world земја немам ниту некаква заслуга кон нивната беда, а уште помалку некаква одговорност за да им помогнам. Така некако си замислувам дека тече второво резонирање. Што мислам ја за ваквите видеа? Секој пат ми текнува на тоа дека без циркулација на вода, филтри и хлорирање рајскиот, тропски do-it-yourself базен за ден-два ќе се претвори во маларично мочуриште.
Мислам дека разбирам зошто постојат луѓе кои радо би се осврнале кон религијата отколку кон науката... Религиозните луѓе имаат тенденција да го перцепираат Бог како херој кој прави нешта кои се дефинирани како правилни и на тој начин го спасува светот кој притоа е строго дефиниран, каде се е black and white. Додека пак научникот не го перцепира светот како ограничен. Напротив, би рекла дека тој работи и открива во свет каде се е во нијанса на сиво, каде не постои простор за измислените човекови концепти за "правилно" и "погрешно". Така, сметам дека научниците претставуваат вистинските херои во светот. Инаку, во поглед на тоа што @Bender Rodriguez го постирал погоре, само би прокоментирала дека иако постојат луѓе кои сакаат лицемерно да се залажуваат дека среќата е најважната работа и приоритет во животот, потсвесно знаат дека тоа е илузија и дека парите се вистинската причина поради која повеќето луѓе постојат. Сепак, т.н. first world guilt за мене не е воопшто оправдано; Зошто? - Бидејќи постоеле многу цивилизации на Блискиот Исток и Азија, кои биле многу понапредни од Европа, но не успеале да го задржат тоа ниво на равиеност во денешно време. Развојот на емпирско базираната наука и волјата да се истражува и проучува му дале на Западот голема предност и напредност, како и самиот развој на индустријата на Западот претставувал само алатка која дополнително го завршил процесот да го загарантира нејзиното првенствено место во светот.
Понекогаш се што сакам е да ја земам тастатурава на скут, мониторов да си стои на биро, да пишувам во полу лежечка положба и да можам на читам што пишувам од „толку“ далеку. Само понекогаш...
Луѓето велат си се променила, тогаш кога ќе престанеш да се однесуваш онака како што нив им одговара.
Малку језивко, дури страв да го фати човек . Отиде дете во кујна, 15 секунди покасно и помалото. Чекам уште 15 секунди чинија да се скрши, чаша да падне, некој да врисне оти е искубан/апнат/бутнат...ништо. Пола минута во просторија а тишина. Просто невероватно. Одам да ги видам што прават. Скрстени пред релната, онака сложно како никогаш до сега, и хипнотизирано гледаат. А внатре, уклучена на максимум, куклата гола се пече.
Sending love to all the women who are constantly desired, but never loved all the way through. СДК не сум само јас...
@danichap извини многу, ама се изнасмеав на твојов пост за првпат денеска. Спојлер Иако богами не е за смеење. Нека се живи и здрави само. Имам читано дека деца што како мали имаат такви испади , растат во интелигентни и креативни луѓе.
@danichap и јас се изнасмеав Како им текна Пред скоро еден месец му реков на маж ми дека му ги испоценуваме способностите на малиот и во право бев Така и вие исто Јас имав школски близнаци во еден момент кога биле мали гледале цртан со том и џери и им текнало да едниот близнак го стави другиот во машина за перење алишта за да излегол како сонце како том или џери беше од цртаниот. Среќа мајка им наишла па го извадиле пред време од машина