А сега се мислев од каде е идејата. И баш на Том и Џери ми отиде паметот. Се друго е песни за покажување на делови од тело или танцување. Чат пат измеѓу класичен цртам, ама им здосадува па вртиме различни цртани. На минимум е тв кај нас, не давам секој ден, и тогаш кога уклучувам е 30-60 мин макс. ама ете, им останало во глава. Среќа беше “само” куклето.
100 % е од цртан. Зборам за идејава на големата помалата не разбира уште толку за да вклучи релна ама во секој случај колку интересно толку и опасно Цртаните се малку повеќе опасни за деца што сеуште за опасност мислат дека е интересно. Би требало да бидеме внимателни многу. Којзнае колку вакви случки имам счушнато и тоа се од цртаните. Има деца што молчат кога ќе прашаш а има и што ќе ти кажат од кој цртан.
Значи,какви бламови доживеав..... Еден збор не можам убаво да го изговорам. Ми иде да пропаднам во земја.
Моментот кога се сетиш дека треба да вложиш на себе у креми, па се шљакаш како да нема утре а претходно не се сеќаваш пред колку време последен пат си се шљапал па осеќаш дека до сега ко со камен да си се трљаљ пред нанесените креми
Во другата соба,дома се дискутира за мажачки/женачки и си го слушам името и не планирам да влезам,затоа и несакам да сум дома преку глава веќе од такви муабети секој ден,не сфаќаат дека само отежнуваат а за маани на некој први се,ми доаѓа да им кажам да ми најдат некој по нивни вкус за да не ме боли глава.И скоро секоја вечер пред спиење ја слушам мајками истиот муабет го прават и си ставам слушалки и пуштам на најгласно оти веќе се опседнаа со тоа,е многу притисок вршат.
@danichap да си здрава и жива, солзи ми потекоа. До прееска се смеев со "тиквичките" во нокшир на внуката. СДК у склоп со твојот пост, којзнае што ме чека и мене еден ден...
Многу ми е мерак за душа кога две или повеќе кул, паметни и квалитетни личности се поддржуваат и надополнуваат меѓу себе. И не само жени со жени (како што оправдано се потенцира и поттикнува од феминистички аспект, наспроти тоа што многу се случува) - туку воопшто луѓе, open minds united in their wholesomeness... Кога ќе видам спојка на вакви луѓенца што ги знам (без разлика дали лично и ако да - со колкава блискост) и особено ги почитувам во својот интелект, се осеќам како при соработка на ептен омилени артисти.
Да можев магично да тргнам нешто во светов што има ефект врз сите нас би ги одбрала само половата дискриминација и ограниченоста на умот, секако. Камо да ја имав таа моќ, светот би бил поубаво место за опстојување.
Битолчанки и битолчани...последна тапа од промоциите низ Македонија (барем засега) е токму Битола. Ве очекувам сите утре во 18 часот во кафулето Connect Coffee Bar - Bitola, кое се наоѓа на „Широк Сокак“ да се дружиме и да правиме заедно козметика!!!
СДК- Имав претчувство дека ќе сретнам некој . Секој ден те имам некаде по мислите , некаде онака " случајно" по профил ќе ти залутам , ама не се ни малку понадевав дека така случајно ќе те сретнам по толку години , дека така ќе го разбудиш секое сетило во мене до тој степен да треперам и да немам контрола каде одам и што правам , се изгубив . Да , зборувавме гласно , а тивко со очите кажавме тоа што срцето сакаше да вика на цел глас . Зашто!? Зашто мораше да се сретнеме !? Зашто мораше да се сетиме на нашата неостварена љубов !? Зашто мораше исто да ме погледнеш !?...
Од време на време, it hits me.. Колку сум јас наивна... Колку поради тоа мислам дека и другите околу мене се исто толку добронамерни и наивни... Колку само не си дозволувам да продрам подлабоко во нивните злобни светчиња и намери.. Колку само не сакам ни да верувам дека тие се вистински... Опасна себичност лежи во секој. И секогаш се еден чекор пред мене во кроењето безобразни и безобзирни планчиња.. Ама ете, од време на време, прогледувам, и... Леле, во што ли живеам... Страшно.
Предизвик на денот е кога некој со искрен интерес ќе те праша Како си? Петок, стартувај ги последните 24 часа во месец август со сончево расположение...
...Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им правиш задоволство на другите. Го губиш своето “јас” за да задоволиш илјадници други кои никогаш нема да направат за тебе она што ти би направил за нив. Кога ќе влезеш во тој волшебен круг ќе сфатиш на крајот дека си врзан за размислувањата на другите и зависиш од нив. Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им правиш задоволство на другите. Во почетокот мислиш дека на луѓето им значиш, но времето го покажува спротивното. Така го губиш својот став бидејќи не смееш да се спротивставиш на нивниот, а на крајот се прашуваш зошто си несреќен. Треба еднаш да почнеш да се гледаш себеси, да размислуваш од перспективата на сопственото срце. Дури кога ќе почнeш да се почитуваш себеси ќе можеш да ги почитуваш и другите. Побарај ја твојата среќа во можностите кои ти ги овозможува животот давајќи си себеси шанса секој ден да почнеш од почеток, без оглед на грешките кои си ги направил вчера. Не мораш сите луѓе кои ќе ги сретнеш да ги задржиш во својот живот, само задржи ја својата единственост и оригиналност, а оние вистинските ќе останат со тебе...