Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.037
    Пол:
    Женски
    Конечно дојде и омилениот ми месец, започнува најубавиот период од годината. Едвај чекам пожолтени листови, мирисот на свежичко, убав есенски дожд кој ќе го слушам преку отворен прозор додека гледам серии. Само сонцево малце ми руши планови. Оди си доста ти беше :P
     
    На Polyina, Gosh, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.400
    Пол:
    Женски
    Деновиве се изнагледав луѓе, седнати зад волан, а во скут држат мало дете. Навистина е мал град, ама сепак беснеат со автомобиливе, особено тинејџериве, овие тазе положени. Како едвај да чекале возачката дозвола да ја земат и ајдее, како од ланец пуштени. Периодов имаше многу несреќи, а и погинати. Ама очигледно никого не го заплашува ова.

    Со кој памет оставате мало дете да седи напред додека возите? Не управува тоа, нормално, но ако нешто се случи, прво на удар е детето. Како да нема доволно играчки наменети за најмалите, па мора со ова да ги занимаваат.
     
    На edna_malecka, iloveyou29, LittleChili и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Кога имаш мало бебе, приказните се секогаш околу него првите 90 дена. Deal with it. Си стануваш и сам себеси здодевен, колку и да звучи лошо.
    Никој не зборува за доживувањето на мајката како одеднаш станува телесна а богами и духовна машина. Неспиење, а доиш. Умор, а нишкаш и му збориш на детето. Се презираш себеси кога немаш трпение и си во искушение да му го одгризеш носот на детето, или во најмала рака да побегнеш со првиот аранжман некаде на Бали каде ќе се соочиш повторно со сопствениот себепрезир дека си 'лоша мајка'. Никој не ти кажува дека нема да можеш да мрднеш на моменти, дека куќата ќе ти биде во хаос, главата исто така, бркчињата над усни подраснати, стравот од надворешниот свет се' поголем и недовербата кон секојдневието се' посилна. Ти се пријало крофна? Ќе си чекаш некој да ти донесе. Ти требаат ноктарицата, даљинското или чашата вода? Ќе се истегнеш и препотиш ако си сама и ќе ги правиш сите работи однапред и ќе дофаќаш телефон со стапало, а со невозможни движења ќе го местиш креветот, лупиш јаболко и мешаш супа додека малото ти е залепено на гради. Ти се оди на поетско читање? Чекај прво да видиме дали може да се припари со количка до таму. Измолзено млеко just in case. Притисокот да доиш и ако не доиш зошто не доиш? Мајката! Лесно е да се зборува и суди, тоа е како да си зборите за временска прогноза. Немојте.
    Зошто нема прирачник со разглобување на овие навидум лесни природни манифестации?
    Природата е сурова. Те гмечи до бескрај кога имаш новороденче. Освен ако имаш батлер, личен готвач и две помошнички. Ама јас немам и многумина немаат. Си го имам Трајко и тој е клучен дел од целината.
    Растење дете е толку тежок и сладок предизвик. И фер е да се знаат и грозните наслаги живот околу тоа. Поврзани со мајката како човек, тело и крајно - идентитет кој доживува расцеп и нов простор со (не)извесна содржина.
     
    На Madam-A, dayla, winter flower и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    55.372
    Пол:
    Женски
    Само пред неколку дена скокав од радост за братучед ми кој се вери,и притоа ќе си дојде од Америка и ќе го видам после неколку години....а денес срцето ми е скршено за другиот братучед,мислите и молитвите ми се со него,го чека тешка операција....утре ќе одам да го видам во Скопје.....
    Животе,не си фер...тоа дете помина низ пекол уште од најмали нозе....
     
    На Rabbit, edna_malecka, vitamina и 16 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.408
    Допаѓања:
    279.511
    Пол:
    Женски
    Она кога гледаш филм каде е претставен америчкиот сон а ти се соочуваш со балканскиот кошмар
     
    На Polyina, esperansa777, edna_malecka и 12 други им се допаѓа ова.
  6. KeBideLi

    KeBideLi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Има лоши денови, недели, месеци.
    А има и вака, прекрасна вечер и преубав ден. Иако тмурен и врнежлив, ние сме среќни и заљубени.
     
    На dayla, edna_malecka, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  7. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.173
    Пол:
    Женски
    Ааааммм ок, језиво е, ама уште појезиво е дека на 60 возрасни лица од форумот тоа им се допаѓа...Барем ти кажаа каде тоа го виделе...
     
    На GirlLove и H.VAGA им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Ценам жени што од петни жили се трудат. Што работат и ќутат и трпат одвратен шеф за парче леб. Што со сите сили гледат да направат нешто... да извадат деца на прав пат. Да се поарни од нив.. од нас.. И различни ставови да имаме во животот за ова што го набројав секогаш ќе ги ценам..
     
    На dayla, Gosh, esperansa777 и 25 други им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    36.172
    Пол:
    Женски
    СДК... Големината на човечкото его се препознава по начинот на размислување
    и по начинот на дејствување.
     
    На Purplelilac, iloveyou29, stetoskop и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.050
    Пол:
    Женски
    Сите комшиски свадби сум ги исплакала годинава. Зошто? Не знам ни ја. Ваљда некоја закаснета реакција од мојата, татко ми малце што ми зароси очи па сега да се истурам убави оти нели немаше смисла. :|
    А до лани баба ми и мајка ми ги карав да не ми плачат... :tmi:
    [​IMG]
     
    На dayla, carangigia, edna_malecka и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.400
    Пол:
    Женски
    Жена скршила колк откако паднала. Одела на болница, правеле операција, па ја пратиле на терапија. Џабе фрлање пари, џабе трпење болки. Ја снимале во родниот град, не наоѓаат ништо. Ја пратиле во друг град, наводно имала шилци. Старост, болест, ќе си рече човек со годините тоа доаѓа.
    Се онесвестила, а као капак на сѐ ѝ пукнал и чир.
    Кога ќе почне, не запира...
    Повеќе од една година мислела дека е до староста, до скршениот колк, до шилците. За на крај да дознае дека при падот скршила и три пршлени заедно со колкот. ,,Сега мирувај, носи појас, земај лекови..."
    И трпи. Умирај од болка секојдневно.

    Човек, нема ни 50 години можеби, се повредил на работа. Наводно му напукнала коската или нешто така беше првичната дијагноза. Потоа, колку што разбрав, паднал повторно, па уште полошо станало. Оди на болница во друг град, колкот скршен, па операција. Ако не отишол тогаш, многу големи биле шансите да остане и без нога.

    Тинејџер го повредил коленото на тренинг. Менискусот пукнат. Отпрвин тврделе дека не е ништо страшно, терал така неколку месеци со лекови против болка, за на крај да заврши на операција.
    По неколку години повторно болки, отоци. Му кажуваат дека е можно операцијата да не била воопшто успешна и можеби ќе мора пак да минува низ истото.

    Дете со висока температура, го однесле на болница. Му дале погрешни лекови, па ја губи способноста да зборува јасно, а и слухот му е оштетен.

    Како помала, бев на очен лекар. Ми дадоа нови очила. После неколку месеци откако ми се скршија очилата, отидов кај друг лекар на преглед. Дознав дека ми дале погрешен диоптер. Двете очи имаат различен диоптер и биле обратно ставени. Ако тогаш не ми ги скршеше другарка ми несакајќи, ќе ги носев уште и најверојатно ќе си го влошев видот, кој ионака на левото око е веќе катастрофален.

    Ова се само дел од животните приказни на луѓе што ги познавам.

    Се прашувам уште колку луѓе имаат вакви искуства со погрешни дијагнози и за жал, имаат последици поради нечија непрофесионалност, неедуцираност и игнорантност.

    Колку еден пациент кого го чека операција што е клучна за тој да преживее може да му верува на еден доктор?

    Колку една бремена жена може да верува дека жива ќе излезе од болница заедно со новороденчето?

    Жално е што има толку многу луѓе што не си ја извршуваат работата како што треба. А колку многу животи зависат од нив...
     
    На dayla, winter flower, flower30 и 30 други им се допаѓа ова.
  12. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    11.762
    Пол:
    Женски
    Секогаш први септември ми буди носталгија, иако веќе одамна ми нема значење. Секоја година на овој ден си го враќам чувството што сум го имала на почетоците на учебните години.

    Ми фали да се потпишувам на секоја тетратка, па да ги подредувам уредно и да правам список кои работи треба да ги купам, петолиние, блок бр.5, туш, водени и темперни бои. Од основно ми фали лењирот со фигури на кој мислев дека елипсата постои за јајца цртање кога за Велигден темата по ликовно ќе биде велигденски јајца. :$ И секоја година ми купуваа нов таков, пошто по обичај ми се кршеше на пола.

    Ако треба да му припишам мирис, први септември ќе мириса на гума за бришење. Го сакав мирисот на гума за бришење, ме асоцираше на педантност. Беше тоа време во кое грешките лесно се исправаа. Доволна беше само гумата и имаш нова прилика да се поправиш. Тогаш лесен бил животот колку и да изгледал тежок.

    Потоа, разгледувањето на учебниците и тоа што ќе се учи во текот на годината. Во мое време не даваше бесплатни државата, па обично на старо ги купував од некој кој претходната година ги зел од некој трет. Беа прилично стари и оштетени, некои лепени, прелепувани и хефтани, но тоа не го правеше помало задоволството што со себе го носеше почетокот на учебната година.

    Моите немале многу, па истиот ранец сум го носела повеќе години, додека не стане партал. Кога ќе се погодеше да ми купат нов ранец, тоа беа среќи и радости. Нов ранец беше џек пот, лотарија. Секогаш, според распоред, вечерта однапред го полнев со потребните книги, никогаш наутро, да не се случи да заборавам нешто.

    Ах времиња... (heidy)
     
    На dayla, winter flower, Sanjichka007 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.538
    Допаѓања:
    17.111
    СКД колку е само секси интелектот кај машка личност. Е машки,појма си немате колку привлекува. Знаете,баш она некој интересен муабет зачинет со малку хумор. :)
     
    На referentka, PinkCactus, Kitty23 и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.037
    Пол:
    Женски
    Кога ќе најдеш профил на стара најдобра другарка, ќе пролисташ се како да сакаш да најдеш нешто лошо, некоја добра причина зашто престанала да те контактира..и нема, само добри зборови редела за мене. Ех, да ти пратам линк од твоите мислења, да сфатиш колку многу си се сменила. Ако си останеше таква, сега ќе ми фалеше :)
     
    На Rabbit, Rama, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Колку повеќе го гледам кучето, толку повеќе сфаќам дека личи на мене. Убаво на мајка :tmi:
    итсаџоук... или не :D
     
    На Madam-A, dayla, winter flower и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Прееска скролајќи на фб наидов на пост што може да се третира како вид социјален експеримент, и навистина покажува нешто вистинито во врска со однесувањето на луѓето.

    Имено, на една страница (која actually и постира повеќе смешни и саркастични работи отколку сериозни) имаше шерната слика од жена која го дои бебето во ресторан, а во опис две-три реченици општа реакција во стил што е ова, одвратно, нехигиенски бла бла... иии на крај (во последната реченица) појаснување дека всушност тоа се однесува на влечките од страна ставени на сред маса (залепени во фотошоп на сликата). :D
    И доста луѓе, како што и се очекува - ставиле и angry reaction, и искоментирале луто и вознемирено, веднаш објаснувајќи колку е важно бебето да не е гладно... секако, затоа што не го прочитале описот до крај. :D

    Ми текна исто така на едно едукативно видео околу ширењето на лажни вести и како треба прво да ја провериме точноста на некоја нова сензационална и вознемирувачка вест, пред да ја споделиме со емотивен набој.

    Ние луѓето имаме тенденција да слушаме и читаме за да одговориме и реагираме.
    Секако дека имаме искуство - посебно на интернет - со навистина ужасни личности со ужасно однесување и ставови, како и шокантни случки на вести секој ден. Но сепак, секогаш прво треба да се ислуша/прочита до крај или да се провери нешто, пред да се реагира и коментира.
     
    На Madam-A, Lella, theowndemon и 16 други им се допаѓа ова.
  17. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    11.762
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial знаеш што е појако? Кога некој што не поддржува доење во јавност нема да го прочита описот до крај и ќе искоментира "Да бе, стварно е гадно" не знаејќи дека описот се однесува на влечките, а не на доилката. :D

    Инаку, муабетов малку ми е сличен со она кога се донесува заклучок без да се разгледаат две страни на нечија приказна. Човечката непромисленост. :!:
     
    На theowndemon, Joi, Dream-Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.597
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не е лошо кога малку ќе те пуштата на "Заслужен одмор"од друштвенава мрежа, каде што има се освен дружење (а ние во реалниот живот на жалост сме се повеке недруштвени)....Имаш време да дијагностицираш многу членови, да видиш многу лигавења, лажни гушки, поздраи..работава е како први, така и други...ма глупости..

    Сакам да кажам дека мојов бан го поднесов тешко, реално тешко..цело време се мислев зошто некои членови толку ме мразат, толку многу сакаат да ме избуткаат од овој форум, да не постојам тука веќе, да ме збришат..А што им направив...незнам навстина..:(..но ако, нека грешат душа!

    Сакам да кажам дека баба Рада е Женско(mooning)

    Сакам да кажам дека баба Рада нема дупли профил на фемина, не сум имала потреба..а тие што се сомневаат и тврдат дека сум нечиј дупли профил, КЕ ГИ ЗАМОЛАМ ДА ОБЈАВАТ ЈАСНО И ГЛАСНО!!

    Сакам да кажам дека не ми е јасно, зошто мојата тема за тоалет хартија се хејташе толку а по некоја логика, нели, штом постојат теми на форумов како на пр.ПРДЕЊЕ и РИТУАЛИ ПОСЛЕ ГОЛЕМА НУЖДА ..па треба нели да се подзабришат малку.

    Премногу омраза, премногу...а ЗОШТО??????
     
    На Rama, Bokchee, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Oлaди бaбе, требaше дa се врaтиш вo бaгaбoнтски стил, кaкo пoсле бaнoт си пoсилнa и пoлaднa и веќе ништo не мoже дa те изненaди :D
    Штo се oвие плaчки и дрaми, дaј прибери се, имa тукa луѓе штo те читaaт. Уживaј. Би кул 8) :D
     
    На Sanjichka007, Rama, Harper и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.851
    Допаѓања:
    80.882
    Пол:
    Женски
    Ееееее @baba Rada конечно дојде!! Те чекав мачее, фалеше. :sun: :hug: :l: :inlove:
     
    На Rama, carangigia и baba Rada им се допаѓа ова.