Видов и јас што е тоа среќа. Уште сабајле. Примена на факс. Не знам ни што зборував по тел на англиски. Словенија ај ем каминг.
Од тие ,,Нема што не би направил за тебе" не се знае кој повеќе направил ништо Се' само празни зборови и ветувања И една будала која сеуште верува...
Се сеќавам дека беше октомври, јас при крај со документие па излив на емоции возбуда и огромна среќа, натнав панталони малку зимни ама шо имаше врска битно есен беше и кондурките сокинати од носење сиви беа ама многу ги сакав со тешки маки ги фрлив џемперот испазарував и кренав низ улица да шетам, се беше жолто сонцето го обожавам во есен ладно свежо а тоа тука со зраците огрева и не се дава ... шетав така и си мислев конечно конечно вредеше мојата борба и трепение се спремав за големиот осврт Мајка ме пречека со штрудли од мармалад плус дуњи што вриеја на шпоретот плус ручек не знам што беше ама очигледно паметам работи што ми оставиле големи радости и емоции макар и дуњите да се и панталоните и искинатите кондурки Се памти она што е од срце излезено Толку многу сакам таква радост да исчекам повторно таков мир и таква возбуда За оние моменти што вреди да се живее А денес, денес се сетив дека и моето мало за некоја година ќе оди на школо па ќе бидеме возбудени да купуваме и да бираме ташни и бои Есен, убава е, шарена и во ладната клима го има она сонце кое сепак не пече Е таквото го сакам Ги сакам и оние најобични моменти врежани во мојата душа и полни со емоции
Вчера во Веро-Центар,влеговме набрзина со братучедка ми за да купи пенкалца во повеќе бои од Џамбо,бидејќи последно во мое село немаше такви,туку само обично во мастило боја Стигнуваме на каси,луѓе милион,чекавме малку да се разреди гужвата пред нас,а саатот одбројуваше дека уште ептен малку имаме време до автобусот,и видов-не видов,на луѓето што беа пред нас им реков"Извинете може да не пуштите да наплатиме пред вас,само овие пенкалца ни се,од друг град сме,ќе ни избега автобусот"па се помисли човекот некоја секунда и не пушти пред него,се свртив и му реков фала и извинете,не беше сам,со сопругата и детенцето беа,и жена му почна да превртува очи,почна да пее иронично "Еее мој Саша",се осетив ептен мизерно,па и ќерката вели" тато зошто ги пушти пред нас" и тој вели "ме прашаа културно и јас им дозволив"и на тоа јас пак фала и извинете,и на заминување пак фала и извинете,значи три или четири пати го повторив истото,јас замолив да не пуштат поради братучедка ми,и таа ми вели абе доста шест пати се заблагодари и извини,и во право беше... Ако чита човекот,уште еднаш ќе му речам ФАЛА и ИЗВИНЕТЕ,и ќе му речам тешко него со таква жена... Ете толку
Веќе некое време осеќам потреба за промени во животов, па почнав со преуредување на собата. Од нешто да се почне.
Има ли поубав начин од започнување на работната недела од возење у јсп и смачкување како да си плескавица?
секоја втора го има. А ти не ми личиш на секоја втора. Ти повеќе си ми за екстрим грл на пако рабан. Ако го начекаш некад.. пробај.
Значи сто години си барам парфем, и само овој и од Агилера ми се свиѓаат, али не се трајни. И дури од коа дојдов у Дојчландија го користам, оти тука никој не го користи. Лол. Ќе го пробам овој по препорака, ај да не го тупам.
епа овој е баеги траен и 90% сум сигурна ќе ти се допадне . Ако треба со емотикон да го опишам вака би го опишала
Со денови се прашувам нешто... Искрено се извинуваш некому и тој "го прифаќа" извинувањето. Но потоа во различни прилики се обидува да те подбуцне (дали на мајтап или иронично). И тоа трае со недели... Дали не сфаќа дека е обична будала, која само тоне во нечии очи? Или мисли дека јас сум будала и не гледам што прави? Навистина не ги разбирам тие луѓе и не знам како да постапам. Вееројатно, најдобро со ставање на игнор.
Не го прифатил вистински извинувањето. Само со збор го прифатил, не со душа. Инаку, сакам да сум маслинка од оние со пиперче. Ќе бидам убава, вкусна и нема да можам себеси да се сожалувам. За вас не знам, ама јас имав многу лош ден.