Кога гори некои луѓе се пикаат назад во дупките и чмаат, во стил не знам не видов не чув....а други стојат исправено. И нема врска со возраст, искуство, мудрост и шта ти ја знам. Така се родени. Така ќе си останат.
Кога им стигаат покани за свадби на моите, ја играм играта Колку правописни грешки има? . И тоа не онакви од незнаење, туку од обиди да не се згреши и да се биде фенси. Зборам за Ве со голема буква кај што треба и кај што не треба, надредни знаци исто кај што треба и кај што не треба, па уште и ако е на обратна страна, скратеници што првпат во животот ги гледаш, *име на ресторан* и рандом големи букви ваму таму.
Пред некој ден во Охрид,еден убав дечко иако беше со девојка му,ме пушти пред нив да наплатам на каса,и јас бидејќи имав вишок време,се инаетам,ама вие бевте пред мене,и тој ми вели ќе го отвораме ова,ќе го пробуваме,да не те задржуваме,нешто ко Нутрибулет имаа земено од Лук оил Денес во мое село,излегувам од лифт,и еден дечко,не знам од кај се појави,јас нормално загледана в телефон,леле ќе се судревме,и тој ми вели повелете,излегов,кажав фала,одамна не сум слушнала убав збор И така,некоја ситница може да ти го направи денот поубав....
СДК многу работи и се мислам од каде да почнам.... 1. Ако сте од Скопје и имате сопруг од внатрешноста на државата зошто кажувате дека свекрва ви е оттаму,а не вашиот сопруг?! Ми се случи денес,со една муштерика да зборувам. Верувајте дека никој од сабалје на 5 минути од отворање, не сака да ги слуша вашите приказни. Помислете дека тој што е зад пултот, е човек што сменил 2 автобуси да дојде 15 мин пред отоврање да јаде и да почне со работа. Да се собере од гужвите,од бучавата и од стоењето по автобусите и постојките. 2. На прашањето зошто не сакам свадба одговарам : Глупаво ми е да бидам центар на внимание и да "мешам" пред најблиските и пред познаниците. А уште помалку да ме има на ФБ,Инстаграм.Хаха се изнасмеав кога пак ја препрочитувам реченицава. Леле 3. Полицајциве се ептен глупи,на новиве мислев,а и не сум сигурна дали беше нов ама имаше околу 30 години (СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ,КАПА ДОЛУ ЗА НИВ). Зад мене,прееска во автобус седеше еден,и си праеше муабет со девојката или нз која и и вели бубице моја,најубава си,знаеш колку ми праеш ќеф. Полупразен автобус,а тој ечи Lord,please !!! 4. Ме мрзи да барам смајлиња 5. Само јас можам да влезам да се бањам со очилата за гледање и да си легнам со прстенот на палецот. 6. Мака ми е ептен,ама морам сеа да прочитам макар уш една глава 7. УБАВА ВЕЧЕР !!! 8.
Се плеткаш со мене,ок е.Ама се плеткаш со мојата фамилија,е тогаш ќе се покаеш што си се родил Од полуписмени личости кои етикетираат Можам да го прегазам дотичниов,само нека каже уште еден збор за татко ми. *** Денеска во бутик за фустани...Гледав еден фустан со мајка ми,и од зад мене слушам глас: многу е убав Се завртив и велам: да,многу е убав.Е во тој момент гледам дека оној што зборуваше бил газдата-инаку млад дечко,неколку години постар од мене...Ама,не ми се обраќал мене туку на друга жена.Ми ја упати најубавата насмевка на свет и се сложи со мене,а јас....во земја пропаднав Немаше да биде толку трагично ако не ми се допаѓаше,мислам онака како појава.Па на цел град му се допаѓа Е Мармејдке успеа и пред некој згоден да се избрукаш Сега нема да влезам во бутикот долго време,срам ми е
Неможам да разберам што е финтава со прославите за првооделнците...фејсбуков е преплавен со слики од торти со слики од прослави од ресторани...некој нема леб да јаде...а некој ја уништува сета убавина и смисла на животот..уште од прво одд треба некои деца да се сметат за позастанати или посирамошни од некои други...само затоа што родителите на другите си прават некои ќеифови со кои ќе изгледаат подобри пред комшиите...Глупости кои неможам да ги разберам... Лошо е кога родителите си ги лечат своите комплекси свесно или несвесно преку своите деца...родителите се тие кои треба да го извадат детето на прав пат...ама со вакви безвезални луксузирања нигде не стигнуваме...
Одамна веќе не слушам кога некој ми кажува како (ќе) го воспитува и што (ќе) го учи детето. Доволно е да гледам како се однесува кон останатите. Јасно ќе ми стане.
СДК, ама не ми се кажува некако. Немам коментар.. Тешко тебе и тешко на твојата мајкина. Oh, Lord!! До каде стасавме. Да се разбереме дека среќата е убаво да се споделува, ама со најблиските ама ова? Кога тогаш сите ќе дознаеме дека има нова наставничка во училиштето..
Преокупирана сум со подготовките!!! Не знам ниту што да земам. Мислам дека ќе одам со два куфери и некој ситен багаж. Има уште 10 дена а јас уште сега ги редам алиштта во куферот. Се плашам дане заборавам нешто. Секако и таму има продавници, ама гледам да направам листа со работите што ми требаат. Шетав по книжарите кој им е филмот на офис плус од злато ли ги прават тетратките боже сачувај. Немам коментар !!!
@Nikita7 една голема гушка до тебе и само да ти кажам држи се мајче @galapce гушни го тоа малото мече и држи се и ти мајче @simonka93 онака да си ја гушнам и неа @monik55 моничеее гали мешкооооооо @kallias и за тебе сакам една гушка да испратам @LejlaD исто и за тебе подршка и поз Овие денови често ги помислувам членките па така ми дојде една желба да сум до нив и само така силно да си ги гушнам И за сите други подршка до сите вас вие сте мајки лавици вие невозможното го правите да биде возможно и целиот товар го носите на вашиот грб Не секој го може тоа алал да ви е Нека ви дава Дедо Боже се што ке посакате а најпрво здравје