СДК останав без телефон, го удавив во вц шолјата. СДК паднав по скали и си ги повредив двете нозе. СДК нека му е среќен роденденот на маж ми.
Ретко пишувам,уште поретко пак ве читам.Срам да ми е. Почеток на учебна година и почеток на мојата крајна година во средното образование.Пред мене оваа година се огромни предизвици,многу работа и многу упорност.Матурска,полагања,тестови и проекти.Изгледа ќе се дружам секојдневно со кафе и библиотеки,ама секако и вас ќе ве читам искуства,полагања па се надевам ќе е полесно. Ми фалеа обврските во школо искрено,учењето а и дружбата. Оваа година ќе направам огромен чекор а за факултет уште сега си гледам,за матура исто ќе почнам да се спремам. Како и да е да не се фалам само јас,ветувам ќе ве читам повеќе.Ве поздравувам и бидете среќни. И да,ми фали ладна есен со дожд(вчера го преспав),со книга топло чајче и шал до мене.. И ми фали симпатијата,сега кога ќе дојде на факултет нема да се однесум толку ладно. Се ми фали,како и да е чао
На 44 години некој се вработува на место кое не е трајно за плата од 300 евра и честитки честитки по фб. Жално е навистина,жално...
Сакам да кажам - Бидете среќни сите вие што го имате тој луксуз да ја гушнете саканата личност секој ден, кога и да посакате! Не знам, имав потреба да го кажам ова. Вечерва сум нешто 'расположена за цмиздрење'...
Многу ги обожавам лугето кои, за секоja една работа бркаат врски. И до jaвно ве-це на автобуска станица да треба да идат, сто пати ке се чуjaт со тетките и чичковците што збираат дваестриес денарчинja такса. И, многу ми е jaко коа за наjoбично документче, кое се вади за пет дена, они пракаат ишарет преку Станко и Петко, оти они се баджо на Крсто, koj до 1751та работел таму,,а па Крсто одел у школо со малото на Jaневци,кои па се братучеди на шурата на министерот. Уште поjaко ми е што, Марфи често ги зеза па, место за пет, документчето си го зимаат за петнаесет дена. Али чувството дека 'имаат човек'/врска..валда им е врв..достигнуванje. Туку, ми вели: Го знам бе ja тоj. На фб го иам. Идам ja каj тоj, а тоj поима нема коj e овоj. Му велам, на фб се имате)))))))) Село весело. Али, татко ми, али татко ми...триста стратегии мислам скрои за како да му врати на продавачот) оти го извозел ко мало дете. Жално е да се гледа залезот на еден бистар ум. Жално.
СДК Форумов е чудо невидено.. Пишеш во некоја тема и одма добиваш ЛП дали ти треба стан за користење како секс катче Да сака човек да вара или ако нема секс поради немање место, ќе се снајде во ерата на интернетот.. Се останато е само маркетинг..некој сака станот да си го рента Демек по пониска цена бил од тие јас што ги знам па ајде..
Ирина Шајак излегла по прозирно боди и била сексапилна. А да не е за бразерс?? Гола шета по пистата, алав нека и е. Јас би пропаднала вземја онака да ме видат сите
Успех??? За мене тоа е постигнување на внатрешен мир и спокој. На крајот на денот длабоката издишка е резултат на скромно, но раритетно задоволство.
Работи што треба да ги направам денес: - да се убедам да станам од топлиот кревет,да ги соберам алииштата од надвор и да се спремам за на работа. - да штедам повеќе - да гледам уште еден kikichallenge за да набилдам малку позитивна енергија. Еве еден добар феил и со жената е најјако хахаха - да си ја чувам енергијата за себеси - да не влегувам во кавги на работа иако ме клеватат меѓу себеси.има камери - да не се преморувам - да пишувам дневник...мисли,чувства,желби,идеи,цели
Од следна година некои од моите соученици ќе работат во аптека како фармацевтски техничари, а они не знаат ни разлика помеѓу лаксатив и пургатив, ниту пак што е опстипација, а што дијареа. Сакам да кажам, со лесно нека ни е сите, ако дојде ден во аптека кај нив лек да купуваме. Со чест на исклучоците на 2-3ца у 30+ души
Малите нешта се оние што ме прават среќна, но постојат и мали работи што ме нервираат. А всушност се само ситници... Секако после некој период, нема да бидат веќе важни...