Во случаен разговор со жена, сопруга и мајка на возраст од 30 год. и по професија медицинско лице, (читај: небитна квалификација во случајов) се изјаснува дека сакала едно дете, а има две зашто "и привикале другите" не се трудам да ја сослушам понатаму, освен да и кажам дека не делат непремостиви јазови од заедничките теми за разговар, а енергијата и времето ми се навистина драгоцени за да ги потрошам на нечие остварено ми привикаа... П.С. Се додека стереотипите и генерализацијата во голема мера се силни и го претопуваат личниот став, ако воопшто постои, а не би рекла, со оглед на успешната доминација на мнозинството за креирање на туѓиот живот, со некои очигледно не живеам во иста ера, иако возрасно не се разликуваме многу. Спојлер: . Кој знае можеби уште еднаш ќе привикаат. Никогаш не се знае со такви закржлавени умови кои знаат дека се уште пали тезата родителството е задолжителна улога која вклучува по правило две деца, а јас сум чудна што на 41 год. немам ниедно дете и не се вклопувам во општопознатиот животен распоред што за мене подразбира мои приоритети.
New age филозофите на ова би ти рекле дека причината ради која не ти се остварува лежи во твоето негативно уверување. Спојлер А јас се надевам дека желбата не ти е да немаш целулит, зошто во тој случај ни шамански мана пракси не помагаат.
Втор пат ми се случува, да наслушнам (близина налагаше) наставнички, како оговараат ученици и родители. Фул-блоун оговарање, неповрзано со школо, учење и дисциплина. Чекам да ни ги воспитаат децата п.с. не се сите вакви примери, но треба да нема ни еден.
Klopce po klopce po nekoe vreme tie decinja izrasnuvaat vo licnosti so najprekrasna dusa,sirokogradost. Ah na tie klopcinjata se ucime vistinski da porasneme. Sekoe loso za dobro da e...edno plis mece za site,na site ponekogas ni treba samo razbiranje.
A koj da gi nauci kako treba? Nit etika,nit psihologija se obuceni asalno da primenuvaat vo praksa,se od tie oblasti im e radi reda... Praksa,praksa sporvedena od avtoriteti i iskusni profesionalci fali ne samo vo obrazovanieto,nasekade kaj nas... Site se ako se moze,e do koga ako se moze?
Се прашувам дали толку е тешко да се прости после искрено извинување со зборови кажани од срце? Дали инаетот може да биде поголем од она што сакаш да го сториш? Можеби премногу барам после се што направив. На крај може навистина не ти било гајле за мене, може не си ги прочитала пораките. Можеби залудно се трудам цело време, но решителен сум и до крај ќе се борам. Дури и по цена да биде залуден целиот ризик кој сум спремен да го превземам за да ги променам нештата. На крајот од денот барем ќе знам дека сум се обидел колку и да не ти значело сето тоа.
Дијамантите, се една од најголемите лаги на човештвото. Цената им е регулирана со протокот на истите. Да ги пуштат во оптег сите веќе ископани и избрусени дијаманти, преку ноќ ќе станат безвредни. Тоа што по малку се пуштаат во промет, е она што им ја диктира високата цена. Да не зборуваме за начинот на кој се ископуваат, во кои земји, и дека малолетни деца се оние кои работат по рудниците, за помалку од долар на ден, во бедни услови и се под ризик да загинат во секој момент. За богатите знак на 'престиж', за сиромашните смрт!
Ниво на глуп маж: level infinity. И изгубил 5 години од животот у врска у која ја откачувал за средби заради видео игри и фудбал и откако му раскинала, ја праи најглупата грешка. Барање секој ден и јавување до ниво да и се правда со кој нов другар бил на кафе и инсистирање да прочитала на фб шо збореле за неа. Νeedless to say, мажиштево и го дава пасвордот и оваа му се јавувала и му викала зошто си му кажувал дека сме биле у врска Немам зборови, не сте у врска, те контролира со кој пишуваш и уште те критикува со кој зборуваш. И вака губи 2 години од животот, правдајќи се дека не пишувал со никоја на некоја која го откачила Од една страна жал да ти падне за наивноста од друга страна си викаш си заслужиш ради 12 часовното играње сони плејстејшн наместо да негуваш некоја шо е класи над тебе и по образование у по понашање. А само да издржел 2-3 месеци без да се јавува секој ден откако раскинале...
Јас сум ви уствари многу глупаво човече. Имам една карактеристика, не знам во која категорија да ја ставам. Јас имам оправдување за сите. Разбирање. Можам да најдам разбирање за било кој во било која ситуација до толку што да има ваква професија јас ќе бидам најплатена. Измислете ако можете, бар еднаш и јас да се збогатам. И некој да дојде и да ми стави пиштол на глава ќе му речам ок, види, те сфаќам знам може да ти е ова, или она, или оноа, ама не бива вака. И ќе бидам повредена, и ќе бидам лута, и ќе кажам има и други начини, ама зошто по ѓаволите не можам едноставно да се искарам со некого?! Зошто морам да имам толку обѕири за другите... Така да, ако ви треба некад некое оправдување за нешто, знаете кај да се обратите, одма ќе ви напишам. Цена во иМбокс.
Оти уште мислиш дека во секој човек постои добро и дека ти со својата благост, ако не повеќе, барем малку ќе ја ублажиш таа негова агресија или огорченост. И во право ќе си, донекаде, додека не налеташ на "правите" заради кои ќе почнеш да гледаш со резерва кон се и сешто и да толерираш се помалку. Плус ќе ти здосади кога тогаш од тоа да си дежурен психолог. Се' со време
При толку жени у куќата, како тоа он да се фател да раскрене позади себе хе хе. * крстот вири низ откопчаната кошула и у зеница те бодат наочарите ставени на чело * Не си ти виновен дебилу, виновни се тие што така те научиле.
Си идев од на училиште прееска и веќе спремна да влезам во мојот влез гледам една жена излегува од такси пред другиот влез и ми викна. Чупеее ела малце ваму дојди те молам и јас одам да видам за што ме бара. Вадење жената 3 тешки торби и ми вика те молам однеси ми ги до 5 ти спрат шината ми е ногата. И добро ем торбите ем ранецот се качив на брзина. Ми отвори друга жена, оваа била на поседок во градов. И отварање која си ти ми вика. И кажав дека и ги носам торбите на пријателка и, и жената уште невидена аааа ти си за син ми лелее шуба лична уба пу пу, како си олку уба леле лепотица, секс бомба конечно ќе си најдам снаа. И јас викам молам? Тек сум 2 ра средно 16 години. И таа ехх ништо штета многу си мала за мојот син. И другата и вика остај ја мор да порасни и после одма да си ја земиш таман уба сна ќе си имаш и мене ми вика а ти уба свекрва. Влези сега на кафе ајде ајде ќе пиеме. И јас фала многу морам да одам се брзам, и џитка да ме немат. Боже.. Муабетиве аман. Типично македонски. Отсега ништо не ме чуди.
Владата доделува огромна стипендија на ќерката на Димитров а ние Софија ќе ја лечиме со СМС пораки.. Сфатив дека нешто не е во ред со вашите мозоци со тоа што и после ова ќе кажете дека оваа власт е подобра од другата или обратно. Малку ни е, што друго да кажам...