Јас како роден Скопјанец(со родители од село)што многу од вас го кријат тоа и се срамат да го кажат. Пред да ги плукате овие што доаѓаат од таканаречената"Провинција" Размислете дека ги плукате и вашите родители кои се родиле во село,и дошле во Скопје. Случка: Едни батки горе,доле колку мене разговараат и се смеат:Види ги оние сељанкине на масана,што седат којзнае од кое село се,како чудно зборат,саланишта само за на такво се. Другарот им се сврте им вика: Оди прашајте ги од кај се може нивните родители биле соседи со вашите,може и роднини сте Не погледнаа коцкасто е да во право си и нашите се од село и заќутеа Можеби ќе не затепаа за малку се почувствуваа навредено Требаше на нив да им кажеме ќе паднеше некој шамар Сдк културата се гледа не родното место на живеење,и кој како збори Биди тоа што си не летај како балон со хелиум
Ti ne si ni razbrala sto e poentata na moabetot. I minatiot pat istrca I sega. Ne e samo nesto da se replici pa ako treba I ….
СДК дека ме гуши форумов веќе. Толку многу злоба на едно место. Има членови што едвај чекаат некој да објаве проблем во ми треба совет или љубовни проблеми или со свекрвите или дали сум бремена и одма се пуштаат во акција. Чекај бре малце кај се залета? Пишал за совет а не за твоите критики навреди и осудувања. БЕДА од народ. Секој туѓото си го гледа, затоа што ако си го види своето трена со наведната глава да оди. Ама нели послатко е коа се смееме на туѓ проблем хехе и единствен изговор ни е " Па коа си пишала овде мораш да прифатиш секаков одговор " а извини пишав за совет а не за нечии гомнарии. Толку. Беден народ и бедна држава. Кога ќе почнете да живеете за себе и да пробате да помогнете? Никогаш очигледно. Останете мизерни.
Ги ценам луѓето кои без оглед дали ги разбираат и дали веруваат во туѓите соништа и желби, не си даваат за право да ги рушат истите или пак уште помалку да се потсмеваат за истите
Пенелопе Круз, а да не е во филм од Педро Алмодовар ми е џабе потрошено време. не е тоа-тоа. Како мусака без компирче, печено, само со тикви и модри.
Искрена, длабока и отворена конверзација може да биде решение на многу проблеми и може да смени многу.
Сите пијат кафе за да не спијат,и да се расонат,јас пијам кафе за да заспијам,све обратно делува кај мене оффф животе мој.
Ај сега бидете паметни па објаснете ми го феноменов.. Како може секогаш кога одредена песна (си ги имам неколку) ќе ја слушнам или ќе си ја испеам, обавезно нешто лошо ми се случува, и тоа лошо поврзано со конкретни, секогаш исти личности? А песните се убави, си ги сакам. Понекогаш ми доаѓа да си ги преслушам ама страв ме фаќа бе луѓе... Страв ме фаќа оти до сеа неколку пати ми се случило од чиста мира и кога ми е се во ред да ја пуштам, така по моја желба само, и после вечерта да си офкам од некој проблем. Не знам бе, глупо и суеверно звучи стварно, само ете ми се дешава во пракса а не знам како.. Треба малерот да си го разбијам јас изгледа.. Ениуан елс...?
СДК дека луѓето ретко ја гледат мрачната страна кај другите, бидејќи носиме маски. Често ми викат дека мене ми е многу лесно во животот бидејќи само јадам и спијам и дека за ништо не се замарам, а вистината е сосем по различна. Маските кои ги носиме ја сокриваат вистината и не ни дозволуваат да видиме нешто повеќе од тоа.
Овој човек го судевте за тероризам? Браво маестро. Ме воодушеви https://www.facebook.com/igor.durlovski/videos/2264773166874581/
Зошто побогу на своја свадба би сакала да ми се види цицката од страна тн сајд буб? Не разбирам. А денешната венчавка на која присуствував сестрата на младожењата со шешир беше у црква, со мрежа со се. Ваљда мислеше дека е на ројал вединг. ЗоЖДо побогу??? Па и се виде селски да кружи со поповите, па почна очи да превртува.
Порано ептен се замарав, да не повредам некој со моите зборови, да не кажам нешто, што ете може другата страна да се навреди, случајно да не одлучам нешто, а другата страна да не осети навредена,запоставена итн.Или па случајно ете да не заборавам нешто, што другата страна го смета за важно. Искрено сега, баш ми е гајле што ќе кажат другите, што ќе мислат и така натака. Ама баш ми е гајле ако некој е повреден, навреден, или што ти ја знам. Освен мојата фамилија, другите ама баш и не се битни веќе, ни од така наречени, пријатели, другари, "РОДНИНИ",имам корисни зборови, за секоја група и за секој што некад бил присутен краткокрајно во мојот живот. И друго нешто, денес, ништо не ме чуди, до која крајност некој личност ќе оди, само да си се нареди се за себе и за своја корист. Додека се свести човек, они ти забиле се што им дојде при рака во грб, онакви невидливи, отровни стрелички, што полецка почнуваат да болат. Понекогаш интересно ми станува начинот на што ќе те заебаат.Ниту веќе се замарам, ниту ми преставува стрес,да земам уште пуканки и ќе гледам како сценариото се раскажува. Незнам веќе дали вреди, да се бара или да се гледа некое добро на човекот, или која е нговата агенда поради тоа што го прави? Пошто има демек осет, емпатија, некоја корист после што ќе ја искористи? Би сакал да најдам начин да можам некако да им ја симнам маската на луѓето, онака да им го видам вистинските намери, вистинското лице и секаков арсенал што поседуваат,