Знам ова што ќе го пишам е клише муабет, ама тоа е главна тема деновиве. СИТЕ се под стрес, деца родители, ова стварно више нема смисла!!! Никој ништо не знае, а знам како е да бидеш првиот ден тестиран по екстерно, јас така лани првпат се прави никој ништо не знае, ни кажаа 4 дена пред тоа 200+ страни учебникот и учев што учев се извлеков некако, а тоа што ни одолжија 1 саат имаше проблеми, многу напнато беше. А прв ден беше, се ново пробно, жешко беше ние чекаме надвор мислам у несвест ќе паднев, па кога видов прашањата нешто што првпат го гледам, ама ете кој успеа се снајде, нели снајди се, па живеј. Сега сите збеснати наоколу трчаат, прашуваат што правиш екстерно, родителите исто се под стрес, сепак таа оценка влијае у просек. Само глупости некои да се воведувале, ако имало на запад морало и кај нас. Здравството, образованието се е уништено... Катастрофа невидена е ова, стварно изреволтирана сум и ако пак математика ми се падне жими се ќе земам ќе убијам некој. Ајде во исчекување сум да видиме... Со господ напред † !
СДК Душо моја ја незнам више колико дуго овде стојим док слушам како лију кише под мрачнним прозорима твојим. Душо моја и када кренем тако бих радо да се вратим ти не знаш да је пола мене остало стобом да те прати Остало стобом да те љуби кад будеш сама и буде зима јер ја сам онај који губи и прије него што има. Првиот работен ден Среќна сум многу не дека не , но тој ми фали за да ми биде комплетна среќата, да биде со мене овој важен ден за мене. И тој премногу се радува за мене , Јас од тука тој од таму заедно се радуваме но не сме еден покрај друг. Но ова е за наша подобра иднина за нас двајцата и се мора да се издржи. Те сакам сонце мое со тебе мојот успех е многу поголем, со тебе се е поубаво.
Има поглупаво чувство од чувството кога не знаеш дали теткицата што ти дошла на гости ќе те бакнува еднаш или три пати? Сношти дојде чичко ми со новата женичка, и како што е редот се поздрави со сите. Јас стоев зад мајка ми, и убаво пратев колку пати ќе се бакнат. 1,2,3, ахам, три пати.. И дојде со мене да се поздрави, и ме бакнува, еднаш, два пати.. Оп, застанува, се трга Боже Боже, па нели трипати се бакнавте со мајка ми? Требаше денес да почнам со диета, ама ај од утре. Или задутре.. Па што да правам бе, кога цела торта, сите колачиња што останаа од вчера ми се пред нос Нема кој да ги јаде ако не сум јас. Отидов јас, ја оставив работата на пола.. Уживајте во викендов.
Добив(ме) две втори награди на натпревар по ликовно. :geek: Но секогаш кога ќе стигнам дома расположението ми паѓа на нула. Каква нува бе? Расположението ми е негативен број. Треба да бидам порасположена за да бидам на нула. Понекогаш помислувам да почнам да се враќам дома само за спиење. Толку е некако тмурна нашата куќа... Можеби затоа што мајка ми ме држи во затвор. Тешко некогаш да излезам од затворот. Условите се подобри, но сепак е затвор (се уште има премногу ограничувања). Во недела ме чека републики по физика. Се надевам дека добро ќе поминам. Би требало да сум во првите три. Во понеделник ме чека екстерно и многу глупа работа е екстерното. Математика ми се падна. Сакав физика. Некако сум на тесно. Натпревар и екстерно веднаш после него. Знам дека темава е досадна и затоа ќе престанам овде. п.с Нели ви е некако глупо кога некој глуми многу сериозна и зрела личност со тоа што гледа како був наоколу?
Ајде нека поминат веќе овие матурски, аман ми се вика веќе. Да не можеш на раат да се видеш со другарките, а за дечкото па да не зборуваме. Секоја вечер по 2-3 матурски, да не може човек очите да му ги виде, не па друго. :geek:
СДК дека мнооогу сум задоволна од релативно новата сендвичара Royal Burger. Мислам дека не можев да не кажам на некого бидејќи останав воодушевена. Се јавувам, ми носат (бесплатно) за 10 минути на домашна адреса, уште се качуваат до горе. Сум навикнала сите што носат да ме чекаат доле да се симнам, затоа сега останав изненадена. Погаѓа од прва, ти се јавува еднаш да ти каже дека е тука и тоа е тоа. Цена на сендвич со похован стек со комплет салати заедно со помфрит плус (бидејќи не си оди заедно) 125 денари. А Седмица и Вили ќе ми се занесуваат. Мислам дека конечно се отвори соодветна замена за Mc'Donalds, и тоа во вистинско време, кога најмногу ни требаше. Само со повисок квалитет на услуга и храна, каде и каде подарежлив сендвич за поевтина цена, скоро колку тој од Седмица а 100 пати повкусен. Луѓе ве известив, сега навалете. Не верувам дека вечно ќе остане волку поволно. Кај нас кое место не расипало квалитет, па зашто да не и тоа. И Седмица одамна не е тоа што беше.
СДК дека сум тапа за утрешната државна матура... Го листам прирачников веќе неколку дена и можам да се заколнам дека нема крај 300 дела, срања кои нема никогаш повеќе да ми бидат потребни во животот ниту пак ќе можам некаде да ги искористам. Ги имам прочитано сите и еве сега ги повторувам и утре ќе ми се измешаат и нема ништо да направам и што? Која е поентата?!?
Леле несакам да ти расипувам ќеиф сега ама ме погоди со 7ца, цел живот си е иста и цел живот јадам од таму, од Ројал еднаш каснав од што ми го збореа и БУМ тровање! А разликата е во сосот, поради тоа се многу вкусни Ројал...
Абе не викам дека не е убава и јас цел живот јадам, ама последниве години и ги смалија и ги поскапеа. А стекот искрено не ми бил никогаш сочен. Не ми расипуваш ќеиф, јас сеуште си ја сакам и Седмица, ама највеќе ме допре шмекот на Mc'Donalds што го осетив и нормално, бесплатната достава.
Во последно време само нешто ми се пие,не знам што ми се случува,пиј,пиј,јади,јади леле ќе се напрааам стока
Така мислиш сега дека не знаеш ништо, ама не е така, ќе видиш утре, не ти бараат напамет да му раскажуваш нешто па да знаеш се.. Уште ко ќе ти го дадат тестот утре, ќе ги видиш прашањата и ќе се сетиш на одговорот. Нема да те лажам и да ти кажувам колку е лесен, потежок е од другите предмети, потежок од стручните. Но има доволно време за полагање, почни со есејот, внимавај на времето за пишување на есејот. Одговори ги прво прашањата што ги знаеш, не закочувај на едно да се мислиш, на крајот ќе се вратиш на него. Беа некако дело, писател за истото и граматика во склоп на делото, ќе ти извади дел од делото за прашање со граматика. Најбитните дела обично ги даваат ама секоја година се различни. Сигурно ќе положиш кога и ги имаш прочитано, со среќа Нема некоја поента, другите предмети ти се побитни и одцените што ќе ја добиеш за запишување на факултет.
Читајте за да знаете дека не сте сами. Книгата е најдобриот и најпријатниот пријател со кој секогаш доживувате нови авантури.
Сакам да кажам дека сум нај наивната личност што постои во светот. Дека сум тука да помогнам и да го дадам последното што го имам а довербата ја кршат на парчиња. Бев подготвена да дадам од моето за да го има и она, но толку беше сестро. Не ти верувам повеќе. Ме ставаш во ситуација да,како и да постапам јас ќе бидам крива иако не сум. Што и да направам ќе бидам јас таа лошата, таа што ,,завидува,,. Не сестро,би го дала животот но ти одлучуваш да одиш во сосема друга насока. Некој ќе плаче... Остај, јас ќе бидам крива.