Сите ти глумат пријатели,а кога ти требаат нема никој од глумците. Во тешките моменти ќе речат ајде ќе те сослушам,а никој не ти помага кога ќе слушне,иако знаат колку ти е тешко. Посакувам да исчезнам од овој темен свет.
Многу интересни ликови има на форумов, стварно знаат да ме насмеат. Има жени кои се жалат дека немаат време за ништо, со едно дете и главата не знаат кај им е, ама затоа кога и да се уклучам во сите можни теми ги има, посебно први се на чело за карање и правење драми. Има ликови кои ќе се искараат во една тема па после доаѓаат во СДК и паметуваат, навредуваат и боцкаат во врска со кавгата и членот. Има тука најдомаќинки, најмајки и најнајнај во секоја можна тема, другите небитни, никакви. Има членови кои врска немаат од англиски јазик ама цепаат брате инглиш во секој можен пост, посебно тие што се отидени да работат во странство. Има членки кои во модни ставаат фотки и не прифаќаат критика, драма квин човече. Има воскреснати ликови кои не престануваат да прават нови профили после бан, значи откажете се, досадни сте. И многу други кои од што се досадни не вреди да ги спомнувам. П.С. Цуци, буци, срцка си ми се најсмешни, демек еве се дружиме и сакаме, како волци во чопор сте аман, имате ЛП таму лигавете се.
СДК прашав како да ставам гиф во соодветната тема, не добив одговор ама искрено таму и ќе го ставев јакичок е СДК дека мирисам почеток на трета Светска, и тоа овде : Членови VS Админи
Си отворив пик а кард тарот читање на јутуб, да видам дали ќе положам. Ахахах...хахах...хах..ха. *cries in spanish*
Баба ми - Ајде да те видам во бело, па да умрам. Јас - ... Баба ми - ... И како да се осеќа човек еве не знам. Деновиве само сеништа од плакарот ми искачат, а сонувам дека седам на брег покрај вода и медитирам. Што ли ќе донесе Септември?! Се сеќавам пред повеќе од 5 години, ова време не ежеше Белгиски воздух на мотор. Сега еве сме кај што сме. Сосема нешто друго се случува. И знам дека некој се уште сонува со очи широко отворени... Сонува... а сем жал ми е не знам што да кажам. Младост, фала ти што си проживеана како што е достојно. Некогаш ми фалиш каква што беше, ама почесто не.
Ајде мала мотивација и инспирација за крај на денот. Имајте пријатна и убава вечер и мирна и добра ноќ.
СДК дека се осеќам хај. У споредба со тоа какви се психопати постојат се осеќам како да лебдам над сите глупости. Летам, ќутам и си свиркам. Fuck off вие копнени животињи
Вчера сфатив нешто, а тоа е едно место може да ти изгледа толку туѓо кога таму ги нема добро познатите ликови, туку сосем некои нови, непознати. За само неколку месеци се смениле многу работи. Мислев дека ќе разбуди во мене некои емоции, омилено место ми беше, но вчера се чувствував како прв пат да одам таму, како никогаш да не сум била, како да немам многу спомени од тоа место. Местото без добро познатите ликови за мене наеднаш стана туѓо, ладно. Не знам дали би отишла на тоа место уште еднаш. А со преголема желба отидов. Ах, животе...
Недела.. Многу одамна ден за излет, ден за одење на село со фамилија и блиска родбина, ден за бањање по пола саат во вц за да држи до следната, ден кога се спремаш за во школо и едвај чекаш па мистиш ранец па легнуваш и кога треба да спиеш не можеш. Се сеќавам како скоро секоја недела одевме на село со 101 кола, де ќе запали де ќе изгасне по пат тоа беа патешествија, или кога на пат за село имаше олуја па целиот дожд внатре не поплавуваше у нозе а ние упорни секогаш со тогашниот 101, па како мене секогаш ми се лошеше и застанував да повратам ама моиве упорни беа па секогаш ме носеа, па се собиравме сите на купче, родбина за арно и лошо беше, муабети и искрени прегратки од срце, па како снаите одеа и за 2 часа сите чистеа и светнуваа куќа на село, па месо под вршник, леб во фурна од тазе сомелено брашно.. Времиња.. Па кога си идеш дома полн со болви И така.. Чат пат и на излет одевме ама никој не помислуваше некаде саж да оди не бевме сами ниакде.. Сега, сега е недела ама не се бањаме оти секој ден го правиме тоа, не одиме на село оти одиме во некој мол, немаме 101 кола, немаме излети.. Се се смени па така и животот се смени и до некаде нормално е. Убав си е и мирот, и фамилијата и тие приватни моменти но убави се и пријателствата и дружбата понекогаш .. Сепак мечтаеме со носталгии по минатото за кое знаеме дека ќе е минато и можеме само да се присетуваме од време на време
Сакам да прашам, како тоа мафе е помалку перверзен израз за секс, упс, пардон, хевтање? Небитно кое зборче ке го употребиш, публиката е свесна дека си имал секс. #задругаркапрашувам
Мислиш се си видел на форумов се до моментот кога ќе отидеш во темата Што последно си купивте, a таму ќе начекаш слики од анални затки/дилда,/вибратори. Прво онака бледо гледаш и не знаеш дали се зезаат или се сериозни со сликите на кои е изнесена толкава интимност, ама кога ќе видиш дека се мртви сериозни луѓето, си се тапкаш по рамо и си викаш.... Влошки, гаќички, вибратори...Каква ли слика утре некој ќе постави Можеби искористен кондом? Или Кукла на дување?