Сакам да кажам дека не ми се верва оти можи да постој таков маж. Или нешто крие, или не знам шо е работата ама не е можно некој да биди толку совршен. И не сум ни заљубена се уште во него. Објективно мислење е. Од мене и од сите мои блиски шо го запознајле. Значи изгледа како факинг бог, од мене е околу 20 пати поубав, а јас и не сум така лоша. Доктор на науки е, предобар е, спортува, сака да излегва и да шета, оупен мајндед е, сексот е mindblowing, сака да се дружи со мојте другарки, САКА ДА НАПРЕДУВАМ и ме мотивира! Дали крие жена и две деца во друга држава? Дали е low-key психопат со одлични актерски способности? Дали е вонземјанец и јас му сум начин for blending in the crowd? Ќе дознаеме во наредната сезона од „Оувертинкингот на Сандра“
The thing about правење големи чекори во животот е што не сфаќаш колку многу те менуваат се додека не ги направиш, па дали и тогаш - се додека не го видиш крајниот резултат после реализирањето.
Ич не ми се јасни новите мамички кои под секоја слика од сопствените деца маваат хаштази во стилот: МојатаЕдинственаПричинаЗаЖивот. Се прашувам што причина за живот имале истите тие до моментот пред да станат родители? И што ги одржува во живот оние кои одлучиле дека не сакаат деца или оние кои за жал не можат да имат? Според нив, јажиња да купуват? До каде со вашите патетики не знам...
Моментот кога ќе прочитам некое мислење низ форумот.. Свој леб јадеме, туѓо гајле береме....и секој што пишал, мисли дека кажал појака дума од тој над него.. ,,надмудрување,, до бесвест..
Утринско кафе испиено во мир ... прекрасно утро Денес во to do list : втор скрининг.Се молам се да помине добро Нека ви е прекрасно утрото на сите
Кога ќе се пуштиш на форумот и ќе видиш дека најпопуларна тема е Прашање за форумот. Отвараш и ги разгледуваш коментарите и се чудиш како е можно по 1000 пат да се вртат истите муабети кои немаат врска со темата. И тогаш си среќен што те банирале од темата и немаш можност да реплицираш освен да видиш на кој колку му сече црпката.
сдк не е само на форум вака. и во живо е вака. крш од народ сме. зашто сме толку тажни и бесни!? имате ли причина денес да се насмеете?
Не разграничувам мала и голема цел. Кога се посветувам на нешто тоа го правам со иста доза на волја и енергија. Не/успехот е продукт со кој се носам без оглед на "големината" на целта зашто мотивацијата нема граница.
Хелоу. Во чест на празникот кој замина, бев интервјуирана во маало од група деца. Прашањето беше што мислите вие за нашата татковина. Прекрасна е. Ова мало парче земја има толку многу природни убавини, што секогаш кога патувам, каде и да патувам, стварно се воодушевувам. И сите земји имаат планини и езери и сите се убави, ама и нашиве се убави бе. Е сега кога ќе стигнете на некоја дестинација и кога ќе начекате ѓубре и уште ѓубре и уште многу ѓубре, сфаќате дека не е ниту до политичарите, ниту до партиите, ниту до земјата. Ова парче земја каков народ држи, како глетката што ја начекувам насекаде. Ако некој сторил, ќе се навреди, ако не, ќе се согласи со мене Мислам пена уста ми фати од зборење на истата тема, ама ете понекогаш ми иде од мака да си пукнам. Видете што убаво изгледа Е сега, нема да зумираме, зашто реално, и сликите од Норвешка на инстаграм се сликани вака од горе Добро тие и со гугл стрит вју изгледаат добро, ама не е наша вина што на гугл колата не поминала низ цела Македонија да ги сними убавиниве
Луѓето ги делам на оние кои одредена појава ја доживуваат површно како убава или грда и оние кои ја пронаоѓаат суштината во истата, таму негде длабоко. Да си најдете сите од вториве и да не ги пуштате никогаш, пошо ретки се.
Кога ќе зацврстиш доволно за да можеш да продолжиш напред сам/а, не заборавај кој ти помогнал да станеш тоа што си и кој бил со тебе додека сеуште си бил/а слаб/а.
се возат две полицајки по 22-3 годинки..у тоа шкодата...се курчат низ град...стои пешак на неозначено место за пешаци сака да премине улица..застануваат го пуштат...типот минува...им заблагодарува...му пуштат сирена...и го застануваат на тротоар..излегуваат двете како криминалец да фатиле...и го казнуваат бидејќи поминал на необележен пешачки...хахаха да ти ебам државата..кај што полицајки со средно прехрамбено или браварско ти се главни у град... ех таа моја чудесна земја....
Ако некоја мајка единствената причина за живот и е детето, а се друго е гола вода, што ти смета тебе или на кој било друг што тоа и е причина за живот? Тебе која ти е причината за живот, па да ти се исмеваме малце? За друготе прашања не знам. Пред да имав дете, само живеев. Сега и да не ми се живее, морам, оти имам за кого.
Дојде време кога од пред врата ми украдоа маче. Дојде пак кај мене со синко спиеше и денес фацата ја украде мачката пак и ми вели зошто сум му го земала мачето. Како бре луѓе како можете толку ниско да паѓате за маче да ми земате цццц не крадете од мене туку од едно мало и невино детенце крадете!!!. За жал. Безчуствителни сте.
Зошто ги навредуваш не ми е јасно..они си ја извршуваат обврската..а ти демек дипломата за завршено образование им ја виде? Па што ако имаат прехрамбено или браварско, да не мислиш дека интелектуално се на пониско ниво од тебе??
По петти пат пишувам пост како би укажала дека темава се сведува на цитирања. Не сакаме да се бришат постови бидејќи секој пост си има значење, но во темава редовно се води дискусија која не наликува на САКАМ ДА КАЖАМ. Уште еднаш ВЕ МОЛАМ да не се цитираме и докажуваме.Сечие мислење е еднакво важно! Да си пишуваме наши мисли и ситуации како секој си ги доживува, а за евентуално несогласување да полемизираме по ЛП или во соодветни теми. Знам дека имате разбирање, се надевам дека ќе ја почитуваме основната замисла за темава
Некогаш сум расположена за тропање глупости... како сега, на пример. Однапред се извинувам за нервозата која ќе ја предизвикам
СДК дека ми иде на некои идиоти да им удрам бокс у фаца. Добро ми мислеле....... Утре сабајле....... Видов јас колку е саатот. Подобро ги познавам отколку што тие се познаваат себеси. Други ми велат да се воздржам оти сум дама. Демек женско мора да ќути. А,бе ајде !