Не за џабе рекле: "Престани да им се јавуваш/пишуваш прв, и гледај како никогаш повеќе нема да зборните." Барем за поголемиот дел од нив.
Во вакви денови посакувам мајка ми да беше покрај мене, да пиевме кафе и да разговаравме на разни интересни теми. Некогаш колку и да не се согласуваме во вакви периоди сфаќам колку таа ми недостига, мајчинска прегратка и некој топол збор. Едвај чекам да се врати.
Солзи течат...... Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи, кој во моето минато плови сосем мирно и без да се срами...... А,мојот живот-игри без граници, уморна приказна,скинати страници. празни неиспишани.... А,мојот живот е вечно паѓање, се да се собере,пораз ќе остане, навики стари во мене, тоа и ќе остане. Тоше ја препеа едната од други,а другата инсистирал нему да му ја дадат.И за двете песни рекол дека му го отсликуваат животот. Таков е животот,полн со подеми и падови. И јас се пронаоѓам во овие и во други негови песни. Еден ден ронам солзи од среќа,друг ден од тага. Некои денови и поради двете причини. Ми се кине срцето,ми се растресува душата. Боли.Едвај стојам на нозе. Најтешко е кога некој најблизок ти забива нож во грб. Не знам како издржувам. Ах,бре,Тоше,зошто толку рано си замина ? Камо да не беше така,камо да беше уште меѓу нас живите. Камо уште да ти одевме на концерти и да те гледавме на телевизија...... Камо во темана за нашите јавни личности наместо стотици страни за оние Лила,Боки и ним сличните,за тебе да зборевме,за твојата музика и твоите добрини,а не вака само од време на време..... Денешниве „пејачи“ можат вода ти носат. Слава ти !
Знаеш дека почнуваш да го совладуваш новиот јазик кога рекламите на секој сајт кој го отвараш се напишани на истиот.
У слободно време глеам видеа на ЈуТуб со вежби за слабење, диети и успешни причи, додека гнетам пица со халапењоси и кулен, локам литро кола и јадам сладолед. #yolo #idaljemezele #whatever4ever
Значи на сред бел ден и ноќе обавезно во сто сато,не знам во кој сон сум,значи коа ќе земаат со колите да чкрипат,да вртат, шљавки,да ми изиграват лудило, иам чувство дека на некој му ја згрешиле дрогата,па се истушва по улиците.
Ова ќе го пишам тука као издувен вентил..можеби нема да има смисла но не ми е гајле. Не можам повеќе да го гледам секој ден а да не си кажуваме ниту едно здраво повеќе, не можам себеси да се поднесам зашто не се препознавам веќе. Секој ден сум покрај него го слушам како дише, како слатко зборува, начинот на кој чекори. Не можам!! Секој ден е пред мене а заборавив како изгледа бидејќи од толку игнорирање се плашам дури да го погледнам во очи. (не сум го погледнала веќе долго време)..Заедно сме двајцата скоро повеќе од половина ден, а исто како тој да е *умрен‘‘ за мене и јас исто за него.. Се трудев исто колку што ти се трудеше за мене (покрај сите убави работи кои ги поминувавме заедно)..Јас сум човек што не може да држи во себе ништо, а зборовите за тебе само ги голтам и ме дават..Барем да ми дозволеше да ти кажам се што имам макар да ми е последно. Зошто не ми дозволуваш и постојано ме вртиш во круг, ете барем да ме откачеше скроз, да ми кажеше дека ме мрази, ќе го разберев и ќе си одев по својот пат. Мина толку многу време а јас секоја вечер сум со солзи во очите.И знам колку пати се нервирал поради мене. Пред него онемувам аи тој исто, не е исто како кога зборувавме и се дружевме. Двајцата се избегнуваме, и како да се бараме нон-стоп. Не знам каде води ова вака. Секој ден ми е се потешко и потешко да е пред мене а да се правам дека не го гледам исто и тој мене, ме боли. Мислам дека солзите сами ќе ми се разлеат ако го погледнам, се плашам. Веќе не знам како да им се објаснам на луѓето кога ќе ме прашаат ‘‘зошто толку си замислена исе губиш‘‘.. Се изгубив ова не сум јас веќе. А не можам да го преболам иако се обидов на 53454 начини. Не можам дури ни да засакам друг поради него.Глупава јас, глупава.
Само што прочитав една реченица што ми го опиша мојот живот... Sometimes life is about risking everything for a dream no one can see but you.
Од работи што редовно ги правам издвојувам: - екологија на егото (како и во домот, секогаш има нешто што треба да се отстрани за да се направи простор за промена); - нега на долгогодишни пријателства (одржувањето на меѓучовечките односи бара третман како и личниот изглед); - стартување на денот со позитивна мисла, а рестартирање со книга и музика ( одржлив баланс за само пронаоѓање во целокупното опкружување);
СДК дека сум многу разочарана,татко ми цел живот е патриот и така не учел мене и брат ми дека во странство не те сметат за човек,дека нема да имаш ништо свое,брат ми и ден денес тупи политики а јас ги мразам и политики и се поврзано со тоа,се расправаат со некој што вели дека во странство е подобар животот,и сега ми е мака оти така сум воспитувана и кога почнав да мислам со своја глава сфатив дека целосно им е утнато воспитувањето и затоа бев таква повлечена што се задоволува со трошки,сфатив дека сум била цел живот ограничувана во се и кога им ги кажувам грешките и дека мое дете така не планирам да воспитувам они пак мене ме наоѓаат виновна демек такво дете сум била е па и такво дете и плус ограничувања и тупчење за политики и истории за мак народ и незнам како успеав да останам нормална и затоа цел живот сум депресивна и анксиозна,и ете сега ми е мака што сум заглавена во оваа г*мно држава во која само политичарите и малдел од луѓето живеат убаво и ги боли за обичниот народ,многу сум разочарана и од народ и од размислувања заостанати и од менталитет и од се,и им љубоморам на тие што успеаа да се преселат од тука,се надевам дека еден ден и јас ќе ја имам таа среќа.
Прееска низ муабет слушнав критичарска поента во стил дека интровертноста сѐ повеќе се форсирала како кул и посебна раса низ сите тие страници за интроверти по социјалните мрежи. Смирено ѝ одговорив со мое гледиште, посебно затоа што беше во прашање доста интелигентна личност, ама deep down иритираниов тон ме потсети на она што се зборува за луѓето со друга сексуална ориентација освен стрејт и нивната меѓусебна поддршка - дека со тоа се прават кул и се промовираат. Тука секако се работи за нешто помалку сериозно, но аналогијата ми е дека не верувам оти екстроверт некогаш се почувствувал непријатно затоа што е екстровертен - самото тоа како ја пишувам премисава ми звучи како оксиморон. Едноставно општеството е така конструирано да на интровертите воглавно им е потешко особено во (раното) детство - со незадоволство од родителите и напорни обиди да ги здружат со секакви врсници без разлика колку им одговараат на карактер, потоа и од наставниците неспособни да го препознаат ова како различен тип карактер кај децата. И овие страници со relatable ситуации и хумор во кои гледаш дека се пронаоѓаат и се смеат уште илјадници луѓе во светот, навистина помагаат во расположение и самодоверба - и мене лично ми имаат влијаено позитивно откако ги открив на околу 13-14 години. Сакам да кажам, општо - ако видите некоја група луѓе (во која самите не припаѓате) како меѓусебно се поддржуваат и работат на себеприфаќање, не мора да значи дека со тоа се мислат оти се (по)кул (од останатите). И да, ако не се пронаоѓате во нешто (сајт, филм, серија со одредена целна група) и плус и ве иритира и одбива, секогаш е тука опцијата воопшто да не го перципирате. ...geez.