Добро бе, нема ли некој да ги избрише глупостите што си ги реплицира(в)те на претходните страници ко на чет да се наоѓате? Пријавив милион пати, никој не се замара. Да беше некој друг во прашање, ќе рипневте одма ко да ви стапнале на жуљ, а вака ве боли уво. Браво, алал да ви е на ажурноста.
СДК денот по утрото се познава. Зафатено утро, растрчано на сите страни, таков ден и по се изгледа таква вечер. И секогаш ми додржува енергијата. (ете се пофалив) Затоа пак, постојат денови кога без причина имам потреба од одмор. Ама така функционирам и знам дека секогаш така ќе биде. Ајде само за убаво нека е. Оле оле, андере андере ариба ариба, епа епа....
Зошто има луѓе кои обожаваат да се прават нешто што не се? На кој болен начин ли ги исполнува тоа? Колку треба да е човек незадоволен од својот живот за да го прави тоа, и ако е, навистина ли ова му помага? Не верувам.....
Конечно да пишам.... Тестови,тестови,испрашувања ... ми беа главната тема во последниве два месеца.И после многу време можам да кажам дека се е во ред,си имам другарки ,другари,во училиштето е добро,со семејството исто така е супер итн. Се освестив од многуте грешки...сфатив дека сеуште сме мали за да се занимаваме со глупости... Насмевката беше изборот..Со неа ги убив непријателите,насмеав пријателите и стекнав многу нови другарства..Зошто да се грижиме кога можеме само да простиме,да се извиниме...? Некогаш дури и еден збор може да ти го подобри животот. Затоа смејте се,простувајте и поправете си ги своите грешки.. ве сакам
Ах,абе мамо ти реков од другата страна да ме сликаш а не од таа. А и мамо зошто не ме слика со фустанчето? :/
Леле ама се сироти овие електронскиве медиуми. Не само што го допираат дното со ваквиве „ударни“ вести , туку се закопуваат во него. Шта речи...
Толку потенцијал има овој сајт, а толку малку се прави со него, никаква енергија нема. Како и се друго, лошо менаџирање претпоставувам. Ко да го водат стари тетки пред пензионирање што ги гледаме често на шалтери.
Дали после толку време конечно слушнав тапкање на топка на мојата улица? Не можам да опишам колку убави чувства ми буди тој звук. Убаво е да се знае дека сеуште има дечиња кои го бираат тој начин на игра.
Сите само за корист,да искористат.Итоа сакаат да им ги дадат одговорите на готово,се изџвакано,а тие да голтнат.А да помогнат послабо.Искрено се нервирам,темата наместо да е полна со одовори пола е со прашања!
А и интересно е чат пат да им поминете лично и персонално на Ројал, да видете од какво место порачувате јадење, чисто информативно. Погнасно - немам видено, за ваше добро пишам, не колку ради реда да се цитира само. П.С Плескавицата од Ројал нема ни мирис ни вкус приближно на тоа како треба една плескавица да биде. А за компирот да не збориме, како 10 дена да стоел. Немојте, никаква хигиена не се одржува во Ројал, одете и уверете се. Освен нели...ако не ви смета. ваше си е.
Убаво е чувството кога толку непознати ќе ти помогнат кога ти е најпотребно. Ќе раскажеш се што ти тежи,се што те мачи За многу теми не можеш да разговараш со секого..Но овде си анонимен и се можеш да кажеш.. Баш СЕ!!! Дефинитивно на секој би му предложила да се регистрира на форумов...
Морам тука некаде и јас да се придружам во дискусијава. Точно е. Во Ројал нема никаква хигиена. Ама пак мене што ме чуди е колку луѓе се жалат, исто толку пак ги фалат. И решив сама да се уверам. Купивме со дечко ми ама јас не бев воопшто воодушевена. Лебчето се ронеше цело, стекот беше ладен, сос имаше колку за едно маче да се најаде. И најмногу нешто што мразам е да купувам брза храна и да не го прават пред мене сендвичот. Таму позади во кујната на Ројал од каде да знам што ставаат и во што ја чуваат храната? И Седмица се супер ама мене се' уште врв ми е Вили. Најголеми се сендвичите, стекот никогаш не бил стоен, лебчето секогаш било тазе и вкусно, компирите секогаш биле вкусни, убаво испржени, не ми мирисале на стоен зејтин како во други сендвичари и исто така и салатите, никогаш не сум видела исушена крставичка да ми стават внатре, исто така како во многу сендвичари. Кога и да сум купела од Вили, сендвичите биле вкусни, посебно од Кисела вода, морам јавно да ги пофалам. Делот напред каде се ставаат сосови и свежите салати секогаш им е чист и им свети, буквално. Не можеш ни една замерка да им најдеш. Се гледа дека е чисто. Дури многу пати ми ставале и по две парчиња стек, преполни ги прават. Штом јас не можам да ги изедам значи преголеми се. А Ројал, искрено, ништо посебно. Плус како што кажав, хигиената никаква, а иронијата да е поголема пак во Ројал секогаш има најмалку 10 души внатре кои чекаат да купат. Зошто? Не знам. Не можам да сфатам. Толку ли им се вкусни? Јас не би купила уште еднаш. Не јадам нешто многу брза храна, еднаш во месецот дали ќе купам, ама кога јадам тоа е само Вили и на ни едно друго место. Брза храна си е брза храна, да не се лажеме, не може да биде којзнае колку здрава ама веќе кога сум решила да јадам барем ќе јадам каде што гледам што ми ставаат, колку, какво е месото, вкусот, хигиена итн.
Вика маж ми, жено, ти си како тоа детето од филмот Знаци. Оној со Мел Гибсон со вонземјаните. Се чудам, ајде де текни ми зошто. Новата капа не ми е сребрена да асоцира на фолија Чашите со вода на девојчето. Ама не е во право да ви кажам. Не е ! Детево имаше чаши со вода по цела куќа, некои повеќе полни некои речиси допиени, ама насекаде. Јас, можеби имам две чаши оставено во кујна, недопиени пред да грабнам трета, па сакам ладна да е од фриждер, свежа. Може во исто време имам една во дневна недопиено, па ќе си внесам свежа кога планирам да седнам. Синоќашната до креветот не сум ја испила а сум заборавила да ја симнам пред нова да качам... Абе види човек, фала ќе ми кажеш ти утре кога живот ќе ти спасам со водава при инвазија на вонземјани
Сум ви кажала некогаш дека инспирација ми е твитер? -Не, нели? Сега ви кажувам, да знаете! Ајде да не испадне дека многу ги фалам, ама навистина се легенда до легенда. Твитер ако не е јас нема да се смеам и ќе си пукнам од досада. Јас ова година не осетив пролет, повеќе беше како зима-есен-есен/зима-лето.. Сонце не видовме, не се порадувавме. Ама ете го сега, не очекува. Сонцето пак ни носи некои и не баш убави работи, како што се пример запотените тетки низ автобусите. Како и да е, убаво е, нека грее. Го замолувам утре харпот да не ми расипе плановите, фала.
Апел до мајка ми да престане да ја употребува реченицата "облечи се, ладно ти е сигурно, сега е време кога се настинува"
Прееска си пишувам со дечко ми на фб.И тој ми вика дека му е лошо (нешто настинат е ) и дека ќе легне да одмори.А јас викам ајде јас ќе одам до продавница сладолед да си купам.И тој еј почекај 5-6 минути да се средам да легнам и ти вртам да се чуеме па оди.Викам важи ајде и чекам.По 5 минутки ми врти и ми вели ајде излези пред врата сум... Јас се стопив буквално , тој ем лошо му било , ем живее на последен спрат во зграда каде што нема лифт ем не живееме баш блиску, а тој брзал со кола само мене сладолед да ми донесе и да ме израдува Па тоа беше најубавиот сладолед што некогаш сум го јадела... Прекрасен мој, секогаш ќе си го чувам и сакам оти не е еден во иљада туку нема ни еден како него